Препораки за филм (општа)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
La Herencia Valdemar и La Herencia Valdemar II: La Sombra Prohibida

la_herencia_valdemar.jpg


3029826.jpg


Нешто поразлично од aмериканските клишеа со предвидливи приказни.
Шпанциве имаат посебен сенс за филмови. Типичен за нив, а сепак иновативен и различен.
Во првиот дел компанијата ја испраќа Луиза да даде проценка за вредноста на стариот имот на Валдемарови. Таму таа се среќава со необични појави и набргу се смета за исчезната. Потоа филмот се префрла во минатото кај што ја раскажува историјата на фамилијата и тоа како желбата за знаење и за непознатото може да уништи животи.
Проткаен со многу љубов, солзи, пожртвуваност, упорност и пред се’ - мистерија.

Вториот дел си поигрува со умот. Тотален пресврт. Всушност, ништо од првиот дел не е онака како што било сервирано.
Испреплетување на личностите и настаните. Култови, религија, страв, по малку научна фантастика, предавство, крв. Мозокот со 100 на саат работи дури да се примат сите информации и да се поврзат настаните. На обожавателите на викторијанскиот стил и оние што се по мистерии, добро ќе им дојде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
The man from Earth. Не знам колку од вас би можеле да гледаат филм во кој е прикажана конверзација на повеќе луѓе и снимен е само во една соба, ама филов е меѓу моите омилени.
Се сложувам во моментов го гледам и кој сака малце да ја развие фантазијата и малце поспор филм интересен е,фала за предлогов:)
Навистина е во една соба ама сепак да не ми кажел некој немаше да осетев зашто концетрацијата ни малце не ја држиш во тој правец туку во тоа што би му поставил и ти некое прашање да би бил во собата на главниот лик (caveman)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Знам стар филм знам дека повеќето сте го гледале знам дека тие што ен го гледале мислат дека го гледале,или некои кои самиот наслов им е глуп да го гледаат,јас го сакам и топло го препорачувам(y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Saladin

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Може сум досаден ама по 100-ти пат кажувам не ставајте само трејлери - туку напишете рецензија за филмот.

Он топик: Catch me if you can - сеуште сум без зборови од филмот. Такво совршенство од филм немам гледано многу долго време. Тоа не е филм, тоа е филм и пол. Стивен Спилберг направил одличен филм, со одлична актерска екипа од Дикаприо, Хенкс, Вокен, Адамс и остала компанија. Глумата одлична, а приказната интересна. На кратко се работи за Френк Абегнејл Џуниор кој со чекови краде неколку милиони долари од банките во САД, се преправа дека е пилот, лекар, адвокат и постојано му бега на ФБИ агентот Хенрети. Кој не го гледал филмот, обавезно нека го погледне. Вреди за тие 2 и пол саати. На ИМДБ има оцена 7.8 - јас би му дал 10-ка. :)
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Law Abiding Citizen - на типот ќе му го убијат семејството, па ќе го наместат во затвор. Од затвор цел град ќе го поремети. Страшно јак филм.

Каков филм еј. Конечно го догледав целиот. И глумата и приказната се неверојатни. Многу многу добар филм.(bravo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Marick14

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Law Abiding Citizen - на типот ќе му го убијат семејството, па ќе го наместат во затвор. Од затвор цел град ќе го поремети. Страшно јак филм.

И јас би го препорачала овој, многу, МНОГУ добар филм.

Catch me if you can - сеуште сум без зборови од филмот. Такво совршенство од филм немам гледано многу долго време. Тоа не е филм, тоа е филм и пол. Стивен Спилберг направил одличен филм, со одлична актерска екипа од Дикаприо, Хенкс, Вокен, Адамс и остала компанија. Глумата одлична, а приказната интересна. На кратко се работи за Френк Абегнејл Џуниор кој со чекови краде неколку милиони долари од банките во САД, се преправа дека е пилот, лекар, адвокат и постојано му бега на ФБИ агентот Хенрети. Кој не го гледал филмот, обавезно нека го погледне. Вреди за тие 2 и пол саати. На ИМДБ има оцена 7.8 - јас би му дал 10-ка. :)

Уште повеќе фасцинира тоа што е снимен според вистинска приказна. Еден од најдобрите филмови што сум ги гледала, и меѓу омилените ми е.


Он-топик: Abduction. 18-годишно момче добива задача да направи проект за исчезнати лица за во училиште. На еден веб-сајт за исчезнати деца наоѓа слика од дете што личи на него. Користејќи технологија која прикажува како би изгледале децата денес, открива дека всушност тој е детето на сликата. Пред да успеат неговите „родители“ да му ја објаснат ситуацијата, тие се убиени од страна на пратеници од српски „терорист“ кои преку момчето сакаат да стапат во контакт со неговиот вистински татко...

Филмот не е ни приближно добар колку тие два погоре, но не е ни толку лош. Сè на сè, вреди да се гледа.

п.с. Скептик бев на почетокот поради актерот, ама ми се допадна филмот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and The Tramp

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица

Во универзитетот Принстон Џон Неш се бори за да направи значаен придонес во светот на математиката, кој да остане како негово наследство. По многу напори тој мај конечно прави револуционерно откритие кое можеби дури може да му ја доби Нобеловата награда. По завршувањето на тој почна со настава и се вљубува во ученичка си Алисија. Во меѓувреме, владата го моли да му помогне со разбивањето на Советски код, а наскоро е вмешан и во ужасен заговор. Наскоро сепак се случува нешто што ќе преврти светот на Џон Неш засекогаш. Тој ќе открие дека е ментално болен. Сега само со помош на Алисија тој ќе може да оздрави и да ја поврати статусот на неверојатни математичар кој познаваме днес.Този филм, приказна за силата на љубовта и човечката одлучност, е неверојатен и уникатен, а спокојно може да биде во ред до наслови како Леон, Зелениот Пат откуп Матрицата како "еден од најубавите филмови на сите времиња".
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
George of the Jungle 1/2 супер добра комедија, малце постара е но многу е добра. Дејството 80% се случува во џунгла кај и што живее главниот лик. Живее со животните. Нешто слично на Тарзан. Џорџ запознава една девојка што доаѓа од град да истражува во шумата со некоја група. Се заљубуваат еден во друг. Али таа љубов сакаат да ја срушат.

Гледајте го доста е добро филмчето. Кој го гледал знае за што зборам.

http://www.imdb.com/title/tt0119190/

http://www.imdb.com/title/tt0322389/

Саундтракот им е многу добар. :D
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
V for Vendetta (2005)
Го имав на цд многу време, а прв пат седнав да го изгледам. Ме изненади филмчево, зашто не очекував дека е толку добро. Оцената на ИМДБ е 8.2, реално филмов не треба да има оцена под 9-ка, ако не и 10-ка. Од мене доби 10-ка - заслужено. Доста интересна приказна, добра глума од Натали Портман и Вивинг, многу акција и мистерија... p.s. Башка ќеф ми направи В кога кажа дека омилен филм му е The Count of Monte Cristo :giggle Кој не го погледнал, нека го изгледа, нема да зажали.