La Herencia Valdemar и La Herencia Valdemar II: La Sombra Prohibida
Нешто поразлично од aмериканските клишеа со предвидливи приказни.
Шпанциве имаат посебен сенс за филмови. Типичен за нив, а сепак иновативен и различен.
Во првиот дел компанијата ја испраќа Луиза да даде проценка за вредноста на стариот имот на Валдемарови. Таму таа се среќава со необични појави и набргу се смета за исчезната. Потоа филмот се префрла во минатото кај што ја раскажува историјата на фамилијата и тоа како желбата за знаење и за непознатото може да уништи животи.
Проткаен со многу љубов, солзи, пожртвуваност, упорност и пред се’ - мистерија.
Вториот дел си поигрува со умот. Тотален пресврт. Всушност, ништо од првиот дел не е онака како што било сервирано.
Испреплетување на личностите и настаните. Култови, религија, страв, по малку научна фантастика, предавство, крв. Мозокот со 100 на саат работи дури да се примат сите информации и да се поврзат настаните. На обожавателите на викторијанскиот стил и оние што се по мистерии, добро ќе им дојде.