Препораки за филм (општа)

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Butterfly on a wheel (2007)
Ептен го препорачувам, ама ептен ...:)
Филм за тоа како може да ти се смени животот во еден ден и да те здрма до коски...
Ако го гледа некој, нека ми каже впечатоци...

Веќе го имам гледано. Обожавам вакви психолошки трилери.
Уникатна приказна (не сум гледал сличен филм), актерска екипа и глума.
Филм што ќе те замисли и те тера на размислување. Најмногу ми се допадна пораката што ја носи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and MoonFairy

Antonio_Corleone

Нов член
10 ноември 2013
1
0
1
36
Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998)
http://www.imdb.com/title/tt0120735/?ref_=nv_sr_1

Филм на Guy Ritchie.
Се регистрирав зошто видов многу слаби филмови во предлозите.
Криминалистика во најбоље издание, испреплетен до максимум.
На некого ќе му треба и неколку пати да го изгледа за да го сфати.
Не кажувам детали-да го гледате обавезно. Ако некој го гледал сигурно ќе се согласи со мене.
 

Blue eye

Нов член
10 ноември 2013
2
1
3
3 Idiots (2009)
http://www.imdb.com/title/tt1187043/?ref_=nv_sr_1

Посебен впечаток ми остави филм кој е малку постар и индиски (искрено не сум обожавател боопшто на индиски филмови) ама овој беше нешто посебно
Станува збор за 3 пријатели кои се на машински факултет и сите тие притисоци кои ги доживуваат и еден од нивните пријатели со еден збор ги научи што е животот.Малку ме изненади што не е спомнат овде.Во еден момент умираш од смеење а во друг солзи ти се полнат очите. Знам дека не го објаснав добро ама верувајте ми дека не сум гледала ваков филм во целиот мој живот (а сум гледала и премногу) Што и да кажам е малку. Ви препорачувам да го гледате и нема да зажалите
 

Blue eye

Нов член
10 ноември 2013
2
1
3

Не баш,..Филмов е уникат,..Почнува како еден од пријателите да го раскажува,..Значи тој го раскажува од кога се запишува на факултет и како го сретна неговиот пријател Ранчо и што се се случуваше на факултетот. На едниот другар му го спаси животот а на другиот го спаси да не биде она што не сака да биде,.Овие двајцата (во придружба на друг соученик) го бараат Ранчо кој исчезна веднаш после доделувањето на дипломите,..Вреди да се гледа ако е некаде околу 160мин,..секоја минутка е интересна (се разбира освен тие индиски песни а ги има 2-3) Ако не можите да го најдите за гледање пробајте на
http://www.filmovizija.com/movie/3-idiots-2009-video_ac399935f.html
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: онјаЛ

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Side effects (2013)
http://www.imdb.com/title/tt2053463/?ref_=nv_sr_1


Малку бев скептик при изборот, зашто се што сум гледала досега од 2013 ме разочарало, па мислев дека исто ќе биде и сега...ама не...
Одличен психолошки трилер, драма...психијатрите и нивните пациенти...до каде се спремни да појдат и едните и другите...
Не откривам многу зашто може да го упропастам филмот, во секој случај го препорачувам...добар филм, добри глумци, одлична глума...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
You Don't Know Jack (2010)
http://www.imdb.com/title/tt1132623/?ref_=nv_sr_2


Уфф тежок филм. Вистинска приказна за Jack Kevorkian, човекот кој извршува еутаназија и се труди да ја воведе во законот. Главната улога ја има Ал Пачино.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Babel (2006)
http://www.imdb.com/title/tt0449467/?ref_=nv_sr_1

Три семејства поминуваат низ најлошите моменти во нивниот живот и низ патешествиjа за кои не ни помислиле дека ќе ги доживеат. Меѓу себе воопшто не се познаваат, освен што ги поврзува нешто што е и главната причина за нивните несреќи-една обична пушка.

Добар филм, нешто налик е на 21 Grams, да не речам скоро идентична тема, само различна приказна, а јас сакам кога во филм ми е дадена можност да следам паралелно по неколку личности или семејства.

Една грешка може да биде фатална за многу луѓе, иако мислите дека ве засега само вас лично. Животот си има замислен тек, а секоја промена може да донесе многу непријатности кои некогаш знаат да бидат и фатални.
Дали непријатностите на овие семејства завршиле фатално, оставам да си погледнете вие. 7,5 за филмов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
За сите кои сакаат пореалистичен филм во кој акцентот е ставен на потрагата по две мали девојчиња и нивниот киднапер ова е филм токму за вас.Убавината е во тоа што нема нелогичности туку напротив реална реакција на родителите после една ваква трагедија.Крајот е исто така супер скроен.Има од мене една 9-ка.
Да не останам должен за името на филмот Prisoners од 2013
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Machinist (2004)
Drama/Thriller
http://www.imdb.com/title/tt0361862/?ref_=nv_sr_1

Е ова да.
Дефинитивно филм по мој вкус.
И дефинитивно сфатив дека нема што да барам во оние драми со мирен тек и среќни краеви, ова е она што го барам во филм, да не го гледам една недела со триста прекини. Во еден здив, без никакви паузи и штета што толку брзо заврши.

Човек кој живее без сон.
Случките во филмот ќе си поиграат со неговиот ум, а ако сакате филмови што ќе си поиграат и со вашиот ум, тогаш дефинитивно ви го препорачувам!

Јака 9ка од мене, стварно ми се допадна.

За Кристијан Бејл и неговата улога тука ОГРОМНО браво!
И со 30 кила човеков плени со некој чуден шарм и мислам има заслужни 70% што толку ми се допадна филмов!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Saladin