Препораки за филм (општа)

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Ај некој мотивирачки филм,некој со бокс,со борба тие со боксот што ми ги кажавте ги гледав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ај некој мотивирачки филм,некој со бокс,со борба тие со боксот што ми ги кажавте ги гледав
Еве некои од мене, види може ќе ти фати око некој да изгледаш.
Некои не сум ги гледала, не сум фан на спортски драми баш, ама мислам дека се добри со оглед што некој е од добар режисер, некој е многу високо оценет, во некој има добри актери, а на некој ми се свиѓаше рецензијата што ја прогуглав.
Пробај ги, не верувам да грешам.

The Wrestler
The Fighter
The Hurricane


Овој гарант си го гледала, ама за секој случај - Million Dollar Baby.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Drinking Buddies (2013)
http://www.imdb.com/title/tt2265398/?ref_=nv_sr_1


Романтична драма со комични моменти. Ми се допадна филмов пред се бидејќи прикажани се доста секојдневни работи во животот на 2-ца пријатели. Нивниот однос на работа, дружењето после работа уз пиво, љубовните врски, итн. Ми се допаѓа фактот што во речиси секоја сцена прикажано е пиво, а едно од причините поради која ме заинтересира филмот е улогата на една од моите омилени глумици Olivia Wilde, а покрај неа глуми и Jake Johnson (Nick од New Girl). Едноставно филмчево им посебна харизма.


The Kings Of Summer (2013)
http://www.imdb.com/title/tt2179116/?ref_=nv_sr_1


Тројца другари решени да живеат самостојно без своите родители и со свои сопствени правила, градат мала куќа во шумата близу своите домови. Ова е еден од оние филмови каде што ќе го занемариш фактот дека главните ликови се тинејџери и целосно ќе уживаш во нивната авантура.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Може да ми предложите некој филм сличен на Before midnight и на The man from Earth?
Ако не ти е гледан Eternal Sunshine of the Spotless Mind погледни го така најсличен ми е со првиот...
Drama/romance/Sci-Fi е, мислам така нешто бараш?
А ако сакаш такви барај предлози имам многу да ти понудам :zelen
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ако не ти е гледан Eternal Sunshine of the Spotless Mind погледни го така најсличен ми е со првиот...
Drama/romance/Sci-Fi е, мислам така нешто бараш?
А ако сакаш такви барај предлози имам многу да ти понудам :zelen

Повеќе сакам драми, тие двата филма ми беа интересни заради дијалозите. А овој што ми го предлагаш само до пола го имам гледано и никако да го догледам .:) Може некоја драма да ми препорачаш?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Повеќе сакам драми, тие двата филма ми беа интересни заради дијалозите. А овој што ми го предлагаш само до пола го имам гледано и никако да го догледам .:) Може некоја драма да ми препорачаш?
Секако.
Имам многу добри драми да ти препорачам.
Еве почни од оваа, таман имам и рецензија напишано, добра е и ако сакаш, кога сакаш прашувај пак :)
Seven pounds (2008)
images

Животот на еден човек е посветен на една благородна мисија, помош на оние на кои им е најпотребна.
Но не се работи само за еден солидарец кој има големо срце, причината е многу подлабока и лична.
Филм кој се издвојува од другите поради единствената и оригинална приказна која ќе ве натера малце повеќе да размислите за животот и она што ви го носи моментот. Како што кажа и самиот Вил Смит на почетокот " Бог го створил цел свет за 7 дена, а јас за 7 секунди успеав да си го уништам цел живот"
Од мене има 7,5, заслужена оцена на IMDb.
Или можеби The Sunset Limited ако ти е за дијалози и малкубројна актерска екипа.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Последниве недела дена ги поминав со Wes Anderson филмови. Во овие неколку брилијантни филмови се случуваат толку многу работи, што тешко е да се објасни за што станува збор во нив. За да не откријам премногу, ќе бидам кратка. Најпрво ќе кажам дека во сите филмови, горе-доле глумат истите глумци: Owen Wilson, Luke Wilson, Bill Murray, Anjelica Huston, инт.

Rushmore (1998)
Трејлер

Мекс (Jason Schwartzman) е 15 годишен тинејџер кој учи во приватното училиште Rushmore, во кое учествува во разни дополнителни активности и покрај тоа што учењето не е неговата силна страна. Во слободно време, тој пишува театарски претстави. Еден ден ќе ја запознае младата учителка Росмари која одеднаш ќе стане неговиот Rushmore.


The Royal Tenenbaums (2001)
Трејлер

Двајца браќа (Ben Stiller, Luke Wilson) и нивната сестра (Gwyneth Paltrow) се вселуваат во куќата на мајка им отткако нивниот татко ќе им соопшти дека е болен од рак и дека наскоро ќе умре. Неговата последна желба е да се обиде во тоа кратко преостанато време да ги реши проблемите со своето семејство и да им надомести за сите години уназад.


The Life Aquatic with Steve Zissou (2004)
Трејлер

Стив Зисо (Bill Murray) е океанограф кој ќе тргне во потрага по мистичното океанско суштество кое го уби неговиот најдобар пријател. Дел од екипата која го прати во оваа негова авантура се неговата чудна жена (Angelica Huston), млада новинарка и човек кој можеби е негов син (Owen Wilson).


The Darjeeling Limited (2007)
Трејлер

Година после смртта на нивниот татко, тројца браќа (Owen Wilson, Jason Schwartzman, Adrian Brody) патуваат заедно со воз низ Индија со надеж дека ќе најдат начин да се зближат.


Moonrise Kingdom (2012)
Трејлер

Млад пар решава да избега од нивниот град поради што, во потрага тргаат главниот извидник Master Ward (Edward Norton), капетанот Sharp (Bruce Willis) и родителите на девојчето (Bill Murray, France McDormand).

Едвај чекам нареден филм на Wes Anderson...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Butterfly on a wheel (2007)
http://www.imdb.com/title/tt0489664/?ref_=nv_sr_1

Ептен го препорачувам, ама ептен ...:)
Филм за тоа како може да ти се смени животот во еден ден и да те здрма до коски...
Ако го гледа некој, нека ми каже впечатоци...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
One Flew Over the Cuckoo's Nest (1975)
Drama

Кој не го изгледал филмот, многу пропуштил!
Еден од филмовите кои до крај сум ги гледала без да мрднам, се во еден здив.
Не очекував толку добра приказна...
Си го присвојувам од сега да биде еден од моите омилени филмови и му давам една 10ка, заслужена висока оцена и на IMDb (8,8).

Се се одвива во болницата за душевно болни луѓе. Нивното секојдневие, случки, згоди и незгоди слатко ќе ве изнасмеат и ќе ве трогнат до солзи. Џек Николсон е како роден за улогата, а и баш така отсекогаш и сум си го доживувала. Откачен, различени оригинален тип, за кој на моменти ќе помислиш дека е и луд. Потполно исто како и ликот кој му е доделен.
Глумата генијална, од чувар до главен лик.
Дефинитивно Ви го препорачувам!


Каква жена е таа сестрата, толку ме иритираше и нервираше, што ми иде да ја сместам некаде за најодвратен негативец. Таа смиреност, провокацииите, гласот... Нема да ја заборавам за брзо.
Душа ми се наполни во оваа сцена.