Препораки за филм (општа)

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
ај кажете ми некој добар романтичен филм ама да не биди комедија... мислам знаете романтика без комедија :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
ај кажете ми некој добар романтичен филм ама да не биди комедија... мислам знаете романтика без комедија :)
Секој филм што е адаптација на книгите на Николас Спаркс. Види на имдб.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Дознав дека овој филм е римејк од 1942г...хммм не сум знаелa досега, а го знам римејкот од 1982г...солидно филмче, од времето кога филмовиве малку беа тапи, без технологијава де...ианку по оригинални и реални ми беа тогаш, а не на сегашниве не знаеш што е вистинито а што не :D
па предлагам да се ѕирне ваков еротичен римејк ;)

 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некој што го има гледано High fidelity со Кјузак и му се има допаднато може да ми каже дали вреди да го гледам Pirate radio.
 

мимис

Староседелец
12 октомври 2013
29
17
1,003
The Conjuring (2013)
http://www.imdb.com/title/tt1457767/?ref_=nv_sr_1

Еве еден Хорор :)
Се работи за семејство кое што се преселува во нова куќа. Пред нив тука живееле повеќе семејства кои што гледале духови, а потоа тие станале духови..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Seven pounds (2008)
http://www.imdb.com/title/tt0814314/?ref_=nv_sr_2

Животот на еден човек е посветен на една благородна мисија, помош на оние на кои им е најпотребна.
Но не се работи само за еден солидарец кој има големо срце, причината е многу подлабока и лична.
Филм кој се издвојува од другите поради единствената и оригинална приказна која ќе ве натера малце повеќе да размислите за животот и она што ви го носи моментот. Како што кажа и самиот Вил Смит на почетокот " Бог го створил цел свет за 7 дена, а јас за 7 секунди успеав да си го уништам цел живот"
Од мене има 7,5, заслужена оцена на IMDb.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Тој

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Јас сакам да ви го препорачам
Curly Sue(Кадравата Су) (1991)
http://www.imdb.com/title/tt0101635/?ref_=nv_sr_1

се разбира,доколку сеуште го немате гледано.Една добра комедија(добро,најдобра според мене) во главна улога покрај малечката Су е и актерот од Како ќе каже Џим.Бил и Су се бездомници,кои се служат со мали измами за да допрат до малку храна и место за ноќевање.Но нивниот живот се менува драстично кога ќе ја запознаат навидум бесчувствителната адвокатка Елисон.
П.С. Девојчето толку многу ме изненади со таква добра глума,што дефинитивно и по гледањето на филмот малечката ми остана во добар спомен.Не е можно да не ја засакате или да ја заборавите.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Donnie Darko (2001)
-Drama, Mystery, Sci-Fi

http://www.imdb.com/title/tt0246578/?ref_=nv_sr_1

Не знам зошто толку време сум го избегавала филмов кога е сосема по мој вкус и од денес е и еден од моите омилени.
Немам многу што да кажам а да не ви го уништам филмот, освен дека животот секогаш ти нуди повеќе патишта и никогаш не морало да биде така како што се случило..
Треба да се седне, да се изгледа (во мојот случај и два пати) и убаво да се доживее приказната што ви ја нуди, зошто секоја рецензија е сувишна.
Од мене има јака 9ка и го препорачувам, посебно ако сте фан на Mr. Nobody и The Butterfly Effect.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче and Тој

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
Човек трврди дека е стар повеќе од 10 000 години. Целиот филм се одвива во куќата (собата) на човекот и е само дискусија помеѓу него и неговите колеги и пријатели.

Sci-Fi драма, но единствено што е сајфај за филмот е само приказната. Нема ефекти, нема роботи, само дискусија. Филмот ве држи во неизвесност цело време, прашувајќи се дали треба да му верувате на Џон во неговите тврдења или не. Најдобрите дијалози што ги имам слушнато во некој филм. Дискусиите и темите се највеќе за религијата и историјата, па ако ви се интересни таквите дискусии обавезно гледајте го филмов. Треба да се отвори тема за филмов во форумот Религија дефинитивно. Сите работи што се кажуваат во филмот се точни од историјата, па можете и да научите нешто. Пријателите му се колеги од факултетот во кој предава, па сите тие се „начитани“ професори.
Непознати но добри актери, а сценарист е Jerome Bixby кој зад него има добра филмографија (The Twilight Zone, Star Trek).​

На крај има многу добар пресврт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur and warr