Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Денес добив опомена дека сум заминал оф топик на темата поврзана со хороскоп. Во ред, признавам. На место си е сосем опомената оти „се ругав“ на сметка на темата.
Ама сакам да го прашам јавно ipopovski дали мисли некогаш на форумов место правилото „ако не ти е убаво заминиси“(најмизерното правило што сум го нашол на форумите низ мк и светов) да постави правило т.е. одредени критериуми за отварање тема.
Господине Администраторе, една тема треба да отвара дискусија, да произнесе факти, прашања, енигми, ставови и да се отвори разговор, дебата, дијалог...
Каква дискусија отвара тоа „Каков возач сум според хороскопски знак“....
Таквите теми ми наликуваат на добри статии за да се постават во делот за хороскоп на www.crnobelo.com ама не и на ФОРУМ каде што треба да има дискусија.
 
ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com

Се согласувам, во план е воведување на минимум критериуми за отварање тема. Како од аспект на содржината, така од аспект нови членови да не можат да отвораат веднаш теми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Предлагам да се престане со отворање посебни теми за секој изведувач. Многу подобро е да се отворат општи теми за музички жанрови (а неколку веќе ги има, ама никој не ги гледа) и таму да си се дискутира за изведувачи или за тој жанр отколку да се отвораат посебно теми за изведувачи кои што ќе седат со по 2-3 мислења.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
^ Истото го мислам и за серии. Јас да земам да отворам посебна тема за секоја изгледана серија, нема да се налета на ниту една друга во Најнови теми. Ајде ќе разберам за некоја попопуларна од типот на The Big Bang Theory, Supernatural, Friends, итн. Но, кога ќе видам некоја си затуцана за која никој не слушнал (автоматски шансите за дискусија се миминални), па уште и воведот само кратка содржина. Dear lord |-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Electra

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^ Истото го мислам и за серии. Јас да земам да отворам посебна тема за секоја изгледана серија, нема да се налета на ниту една друга во Најнови теми. Ајде ќе разберам за некоја попопуларна од типот на The Big Bang Theory, Supernatural, Friends, итн. Но, кога ќе видам некоја си затуцана за која никој не слушнал (автоматски шансите за дискусија се миминални), па уште и воведот само кратка содржина. Dear lord |-(

Епа средете го така што ќе поставите правила само во тие форуми. Отворете тема „Правила за подфорумот _________“ (каде празната линија е соодветниот подфорум) и ставете ја најгоре заклучена.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
^ Истото го мислам и за серии. Јас да земам да отворам посебна тема за секоја изгледана серија, нема да се налета на ниту една друга во Најнови теми. Ајде ќе разберам за некоја попопуларна од типот на The Big Bang Theory, Supernatural, Friends, итн. Но, кога ќе видам некоја си затуцана за која никој не слушнал (автоматски шансите за дискусија се миминални), па уште и воведот само кратка содржина. Dear lord |-(

...од друга страна да се пишува на иста тема за серии како Blackadder и Friends е смешно. Грдо и бизарно делува и вака кога стојат во иста реченица. Зошто да не постојат посебни теми за серии кои се во сосема посебни жанрови и неспоредливи во квалитет, секако доколку има пристоен вовед во темата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Нешто се стремиме демек кон идеализам или мене така ми се чини?
Како и за се,наместо да тргнеме од основата ние од таванот.