Се согласувам, во план е воведување на минимум критериуми за отварање тема. Како од аспект на содржината, така од аспект нови членови да не можат да отвораат веднаш теми.Денес добив опомена дека сум заминал оф топик на темата поврзана со хороскоп. Во ред, признавам. На место си е сосем опомената оти „се ругав“ на сметка на темата.
Ама сакам да го прашам јавно ipopovski дали мисли некогаш на форумов место правилото „ако не ти е убаво заминиси“(најмизерното правило што сум го нашол на форумите низ мк и светов) да постави правило т.е. одредени критериуми за отварање тема.
Господине Администраторе, една тема треба да отвара дискусија, да произнесе факти, прашања, енигми, ставови и да се отвори разговор, дебата, дијалог...
Каква дискусија отвара тоа „Каков возач сум според хороскопски знак“....
Таквите теми ми наликуваат на добри статии за да се постават во делот за хороскоп на www.crnobelo.com ама не и на ФОРУМ каде што треба да има дискусија.
^ Истото го мислам и за серии. Јас да земам да отворам посебна тема за секоја изгледана серија, нема да се налета на ниту една друга во Најнови теми. Ајде ќе разберам за некоја попопуларна од типот на The Big Bang Theory, Supernatural, Friends, итн. Но, кога ќе видам некоја си затуцана за која никој не слушнал (автоматски шансите за дискусија се миминални), па уште и воведот само кратка содржина. Dear lord