Добро ве најдов за почеток
Едно дете, дел од неколкуте виновни за воопшто постоењето на форумскиот начин на изразување на кирилица, пред неколку години напиша „Постирањето на форум е привилегија а не право“. Со тоа тој што постира препорачливо да се потруди да се потруди сите да можат да го прочитаат и разберат. Во ред, има пишано дека официјален јазик е македонски а се согласувам дека никој никаде не забранува користење на дијалекти но сметам дека во правилата делот „се препорачува користење на кирилица“ (значи
не е забрането користење на латиница) да се видоизмени во
“се препорачува користење литературан јазик со кирилично писмо“. Иако мал процент ги читаат правилата од почеток до крај сепак добро е да се потенцираат некои работи.
Би искоментирал и за многу други работи како интерпункциите во насловите на темите, организацијата и имињата на форумите, недостигот на одредени форуми/подфоруми, броењето/билдањето на мислиња, правилата за потписи... Али ај во друга прилика
Горе-долу истите 200-300 души се вртат по сите македонски форуми па неретко се знаат едни со други бар вака преку форуми, поискусните или подобро речено понавлезените во форумската народска (не техничка) проблематика добро би било да ги наведат од старт сите нови форумџии кои се вистинските форумски морални вредности. Секој нов форум носи нови членови од кој 20-30% прв пат се сретнуваат со форумската платформа и пробуваат со предходното нивно познавање на текстуалното комуницирање да се вклопат во истото. Да се потрудиме/те да има кажеме дека смс/статус коментари од три збора не водат кон никаква дискусија и проширување на глобалното постоење и опстојување на еден форум. Рекле стари “ским си - такав си“ па ако на прво место основачите и сопствениците преку административниот тим и сите активни пишувачи на мислења а и оние со макар и едно се трудат нивните мислења, ставови и факти напишани тука да се полни со правилни вредности тогаш верувајте и мал процент од оние неактивните се активираат ќе знаат како да настапат. Тогаш форумот е на добар пат и добро ќе се движи кон остварување на целта за популаризација на сајтот и прокламирањето дека таму и таму, во случајов ЦрноБело.ком, е убаво и квалитетно место за поминување на слободното време на интернет. А тоа е се што му треба, ако го има тоа има се'.