А место откажување да се стремиш кон подобрување нема да е лошо а ...
И јас дадов предлог за темите со крш/без вовед.
И јас дадов предлог за темите со крш/без вовед.
А место откажување да се стремиш кон подобрување нема да е лошо а ...
И јас дадов предлог за темите со крш/без вовед.
Значи, ако сум копирала некого сум океј.
Ако преземам нечија идеја (дали јадете боранија) и ја спакувам во малку поинакво издание (дали обожавате да јадете боранија) тогаш не сум океј. Е не може така. Во двата случаи се работи за крадење на нечија идеја. Не знам колку е дозволено да се спомуваат други форуми, но зошто кога почна со работа фемина форумот не отвори тема - Драга Фемина (по теркот на Драга Кагјана), туку Сакам да кажам? Please.
Не дојдов тука да просветлувам некого. Кажувам дека мене не ми пречи, освен во делот на подмукло крадење идеи. Разбирам дека постојат мал милион форуми отворени пред Црно Бело форумов, но наместо да привлече посетители, ќе стане од сам почеток одбивен затоа што не се служи со оригинални идеи. (секоја чест на исклучоците)
Мојата порака е добронамерна и конструктивна. Секое добро.
Ако модераторот смета дека е важна и секогаш актуелна тема.според кои критериуми се одредува една тема како „важна“??
Сите критики се добредојдени.Ја знам и многу ја сакам, ми се свиѓа. Навистина. Ајде ве молам да не се делиме во две војски. Ипоповски, да не случајно ми се обраќаш мене затоа што прва се дрзнав да им забележам на модераторите за неуспешното работење? Факт е дека тие потфрлиле во именувањето на темите, не потфрливме ние, членовите. После моето мислење очигледно стана дека и други го делат истото. Моја препорака е да се заложите и да ги промените насловите на темите, затоа што допрва ќе добивате критики за истите. Тоа е ваша (претпоставувам) и работа на модераторите. (ако сакате, huh)
Немам соодветна поговорка туку пример за навика. Луѓето имаат навика да ја префрлаат својата одговорност на други.
Јас не сум модератор и не ми е работа да менувам наслови, но, работа ми е да давам насоки, затоа што оваа тема е отворена за сите членови, па така и за мене. Бев повикана да бидам креативна, јас не се изјаснав, но еве сега кажувам дека не сум доволно креативна за да ви смислам имиња на темите, што повторно ќе кажам, не е моја работа и не се чувствувам виновна што го немам потребното количество на креативност. Ама треба да се чувствуваат виновни модераторите, или тие кои не си ја завршиле работата како што треба.
Дали некој од вас, кои сте претпоставени, заклучивте дека критиките упатени на ваша адреса се во насока на подобрување на изгледот и функционалноста на форумов или полесно е веднаш да се накострешите?
Ај, ви посакувам успех.
Вака сеа Теофанија...забелешката донекаде ти е на место, факт е дека копирањето и отворањето теми со по 2-3 збора не е во ред, но треба малку поубаво да се забележат некои работи. На пример, ако јас во мојата отворена тема "заштита на интернет" копирав текст од википедија/други форуми тогаш со право ќе можеше да кажеш дека темата ми е копирана. Но јас вложив труд во неа и сама ја напишав од збор до збор, а свесна сум дека тема со истиот наслов постои и на другите форуми, но дали со истиот текст?Немав каде на друго место да ја упатам критикава, па затоа овде. Се надевам нема да ми замерите.
Насловите на скоро сите теми се идентични со насловите на темите од друг форум. На модератор/ките кои ги уредуваат тоа сигурно им е кристално јасно.
Јас не сум член на тој форум, не го бранам и не го застапувам. Член сум на овој форум и сакам да биде уникатен и оригинален. Можеби на другите членови не им смета поклопувањето на насловите на темите, меѓутоа форумот од старт губи на углед заради очиледно плагијаторство. Би било супер ако се преземе нешто во врска со тоа.
Со најдобра намера, Теофанија.