Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Стварно колку чудно.
Толкава екипа а не успеа да го живне форумов.
Линчувањата на форумски ликови сфатете го како предлог дека редно е да го прекинете. Бановите се подобра опција.
Тимот што победува не се менува.
Ама некој одлучи да го замени и ете веќе втора замена и пак не оди.

Повеќе е феноменот снегулка тоа е феномен на новото време.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Што мислите, нели подобро би било да не постои веќе банирање на форумов??
Опомени, казнени бодови нека има, но да бидат јавно прикажани, транспарентно сите членови да ги видат, но за да некој член биде трајно отстранет од форумов мислам дека нема потреба.
Знаете дека нов профил лесно се отвара а не е тоа поентата..подобро е да има некоја комисија која ќе одлучува, некои поблаги санкции, некои мерки на превоспитување идр.
Кога јас би била сопственик на форум, никогаш никој не би го шутнала, би се обидела да го искултивизирам, социјализирам, педагошки да влијаам на него идр..идр...се занесов малку повеќе...
Но, зборавив, треба модератори и админи со достоинство, културен речник и не пристрасни..;)

Животот е само една голема игра:showoff
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and incule

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
jtsTChm.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ова функционираше одлично одамна, кога не секоја будала болна за внимание имаше пристап до интернет, и постоеше одреден кодекс на сајбер бон-тон. Тук-таму ќе се појавеа одредени несолгасности, но кога ќе се најдеше некаков си заеднички јазик, топката ќе се смиреше па на крај се случуваше и сајбер ликовите да се спријателат и вон форумски и да останат другар(к)и и откако ќе се исклучат компјутерите.
Сеа, откако во секое село имаш пристап на интернет и ојле-дојле кој ја има изгубено работата поради партиски несогласици или пак у живот не фатил работа туку дремел по штабови/кооперации за да си го попунува времето без притоа да води некаков квалитетен живот да си се надгради самиот себе како личност, или пак секоја будала која пати за внимание и отвара дебилни теми, иако мал милион пати ѝ е посочено да не го прави тоа, секако дека санкциите треба да постојат, што се мене тиче подобро би било и без многу објаснувања да се имплементираат, јер виртуелниот свет (македонскиот) стана претесен, и горе доле се дознаваат сите будали кои се и што се уште при првите неколку поста со новиот јузер.
Така ти е тоа.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63

Оти таков поглед!?

Не ти ја гледам причината некого да го квалификуваш или да го дијагностицираш како болен, дебилен идр.
Мене не ми пречи некоја болест на некој член, ниту ме занима нечија здравствена психичка и физичка состојба...се додека има добра дружба, нели!?
Дали мислиш дека трајниот бан е одлично решение и што ќе се офајди форумов од таа мерка!?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Оти таков поглед!?

Не ти ја гледам причината некого да го квалификуваш или да го дијагностицираш како болен, дебилен идр.
Мене не ми пречи некоја болест на некој член, ниту ме занима нечија здравствена психичка и физичка состојба...се додека има добра дружба, нели!?
Дали мислиш дека трајниот бан е одлично решение и што ќе се офајди форумов од таа мерка!?
При ситуации кога повеќекратно му е посочено на членот да си го поправи однесувањето, дадени неколку шанси за ново корисничко име па дури и одреден период на игнорирање/заобиколување на проблемот, секако дека да. И тоа без многу размислување. Само со неколку проверки кои го издаваат кој е тој член и за што всушност се залага општо тука на форумот.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
При ситуации кога повеќекратно му е посочено на членот да си го поправи однесувањето, дадени неколку шанси за ново корисничко име па дури и одреден период на игнорирање/заобиколување на проблемот, секако дека да. И тоа без многу размислување. Само со неколку проверки кои го издаваат кој е тој член и за што всушност се залага општо тука на форумот.
Не ти ја разбирам поентата, всушност, оти толкава огорченост, толкава нетрпеливост кон одреден член во еден виртуелен свет!?
Дали тебе тоа либидото ти се крева од вакви неефективни форумски мерки на одржување, да речам на едно ниво на однесување на форумов...знаеме убаво дека се резистентни на опомени и банови!?