Јас имам една голема забелешка за организацијата на форумите и подфорумите, поточно за подфорумот Филм кој неблагодарно е ставен да биде подфорум на ТВ. По која логика филмот е подреден на телевизијата? Дури и тој факт го наоѓам по малку навредлив. Филмот е уметност, седмата по ред и тоа е факт. Телевизијата е само медиум на кој може, а и не мора да биде пренесена уметноста, но во никој случај не е над филмот. Дури би рекол дека обратна треба да е позицијата на обата, во најмала рака, но најправедно би било Филм да е посебен форум, независен од ТВ.
Би можело ли нешто да се промени?
Би можело ли нешто да се промени?