Предлози за книги - Со кратка рецензија

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Јас ја препорачувам „Кралска афера“ на Нора Робертс.
Како прво ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување, нагласените епитети..те тера да читаш и читаш..едноставно, тоа е книга со јасен тек на настаните.
Започнува со главниот лик кој што постојано ќе биде присутен во секоја страница, тоа е кралската ќерка Габриела (Бри).
Таа се буди во болничкиот кревет со голема празнина во своето сеќавање.Имено не се сеќава на ништо, на никого..
Не ги препознава ни своите браќа, татко и`..
Зад сето тоа се крие сознанието дека Бри била киднапирана и додека нејзиното семејство било спремно да даде цело едно богатство за нејзино ослободување, таа успеала да избега и да се онесвести на патот каде што подоцна била пронајдена.
Случајот не може да се разреши лесно бидејќи Бри не се сеќава ниту на еден мал детал.
Нејзиниот татко со цел да ја заштити и да и помогне во враќањето на помнењето, во Кординија го повикува синот на својот стар пријател.
Сега Рив(синот на стариот пријател на таткото на Бри) е постојано околу неа и за да ги скратам деталите ќе кажам само дека тие двајца се заљубуваат еден во друг и сето тоа е проследено со страстни моменти и еден посебен момент во животот на Бри-губењето на нејзината невиност.
На крајот завршува со тоа што Бри почнува да се сеќава на некои работи што ќе помогнат во истрагата, а и самите киднапери ќе се издадат на крајот.
Интересно е тоа што тие луѓе се дел од кругот на семејството и блискиот круг на пријатели на Бри..

Книгава е прва од серијалот, после неа следува „Желба и заповед“ во која главната улога ќе ја има братот на Бри кој што во претходната книга има само споредна улога.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

Bookaholic

Нов член
22 јуни 2013
2
1
3
37
" Јас те сакам повеќе " - од Лиса Гарднер(во издание на Сакам Книги) - предобра книга која раскажува колку голема и моќна е мајчината љубов,емотивно,моќно,одлично напишано,одличен трилер кој нема да ве остави рамнодушни!

:)
 

anchi

Нов член
8 октомври 2013
17
17
3
Ohrid
Досега имам прочитано мнооогу книги.:) јас сум од оние личност позатворените значи книга која ми остави нааајголем впечаток е БЕЗ ЗБОГУВАЊЕ-Линвуд Баркгли..Таа е книга која се чита во еден здив учте од отворањето на првата страна ке сватите каква е вреди да се прочита..(голема е има 436 страни)..;)
 

Прикачувања

  • bez zboguvanje.jpg
    bez zboguvanje.jpg
    11.5 KB · Прегледи: 10
  • Ми се допаѓа
Реакции: Soffii

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Последните две што ги прочитав баш ми беа интересни, посебно зашто се на психолошка база, т.е. фокусирани на тоа да се разберат причините зад однесувањата на ликовите, отколку само истите да се осудуваат.

A Clockwork Orange од Ентони Бурџис, или по нашки преведено - Пеколен Портокал. :D
Приказна за група млади деликвенти и нивните причини поради кои се однесуваат така, како и бруталните методи на „лечење“ низ кои поминуваат за наводно да се одвикнат од своите т.н. страсти. Целото дејство е раскажано преку ликот на Алекс, еден од лошите момци, па самото тоа лесно помага човек да се соживее со нивниот начин на живот и слободна волја.
Знам дека има и филм по книгава, ама не верувам дека е подобар од неа.

Долг пат до дното - Ник Хорнби
На најпознатата зграда за самоубиства, четири личности се среќаваат на новогодишната ноќ, сите со иста цел - таму да го завршат својот живот.
Но, таму им станува јасно дека не се спремни на тој чекор, па им трга муабетот и сфаќаат дека иако се туѓинци, има нешто премногу слично што ги поврзува и остава во живот.

И двете книги оставаат простор за прашања и измешани чувства, а посебно ми е драго што си ги начекав на 60% попуст.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Soffii

Нов член
11 октомври 2013
17
23
3
29
Исчезната-Тес Геритсен..

Непознатата жена изгледа само како уште едно тело во мртовечницата, сѐ додека докторката Мора Ајлс не види како лешот ги отвора очите
Воскреснатата жена, сега вон себе, итно е пренесена во болница каде набрзо ќе го убие човекот од обезбедувањето и ќе За тоа време Мора Ајлс, заедно со сопругот на Џејн, ФБИ агентот Габриел Дин, се обидува да го открие идентитетот на убиецот.Меѓутоа, овој случај е многу посложен од обично киднапирање, а Џејн, заробена со оваа луда жена е единствената која го држи клучот на мистеријата. Набрзо тајните излегуваат на виделина една по друга
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: anchi

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Баш добра,да ме седне и да се заборавам.
Одамна не сум нашла такво нешто.
Љубовна приказна со нејасен крај :D

Koa веќе спомнуваш љубовна приказна ако сакаш со некој добар мајндфак земи читај ги Новела за сонот од Шницлер (моеш и на немачки), Тунел од Ернесто Сабато, Емаус од Барико. Ако сакаш нешто полесно можеш оние на Даниела Стил (препорачувам на англиски).