Нема да ви предложам книга пошо авторот не сака неговите дела да бидат запишани во книга. АМа пак затоа ке ви пастирам едн негова песна.. Ви го претставувам Дарко Лешоски.. Генијалец и мој идол...
„Јован од бензиската.“
Извинете госпоѓо или госпоѓице што и да сте неможам веќе со месеци да ве проценам
Неможам да ве проценам иако мислам дека уште од кога сум се родил ликот ви го знам
Простете ми може само ќе го стуткате ова писмо како од супермаркет фискална и ќе го фрлите во корпа...
Може ќе ве натера да се јавите во полиција.
Може само ќе се поднасмеете ко никому ништо и утре ќе ме викнете на пијачка.
Може цел живот
темелите на вашето срце и куќата ќе ви ги протресам ...
Не знам ...
Веќе јас ништо не знам ...
Знам само дека морав да ви пишам
Неможев повеќе да издржам...
Не сум ништо јас посебен вашето внимание да го заслужам
Се викам Јован.
И обичен ко сечиј живот и мојот беше досега.
Најобичен.
А само во прстите од рацете имав малку повеќе од другите дар.
Кротка линија имам на средина на дланките .
На десната.
На левата на шеснаест со пукната флаша од коњак продолжен животен пат.
Убаво цртав од мал.
Кришем знам дека уште поубаво пишував.
Тазе завршив средно.
Ме зеде професорот и работев со него како млад фрескар.
Пред по белиот свет да исчезнам како ктитор ме најми еден стар богат лисец.
Да му ја насликам новата голема црква распослана во долината како ефтина ајдучка плескавица во мала чинија
Новата црква со куполи од злата во неговиот сиромашен роден град.
Така се почна.
Така се тргна.
Уште првиот ден му реков да им купи на сите дечиња скапи убави кондури со тие пари
Што ќе му се тажни ангели на главите со златни топки
Збрчкани лица на старци и старки ко светости...
Ми се налути.
МИ кажа „момак тоа не е твоја работа.“
„Јас ќе ти дадам се што ќе посакаш само најдобро до сега да си ја завршиш твојата работа
Да го оставиш на ѕидот твојот дар.“
И тресев глупости како барања
простете ми драга госпоѓо ама на ...курот чардак !
И добив се`
Грдни пари ,
Живота услови
Од болести од боксови па мислам дури и од вуду магии можеше и ме чуваше пола негова бодигард флота.
Како гратис добивав секакви почести
Само рацете мои црквата да му ја насликаат – со тажни лица и млади несреќни светци .
И работев.
По цел ден.
Работев полузен
и полуочаен.
Со недели ненаспан.
Навечер скитав по кафеаните и како вампир, како по полна месечина тазе испуштено ждребе - што ми требаше тоа си наоѓав.
Некогаш знаев да останам
внатре во црквата знаев да пијам сам.
Да си пуштам Стоунси , Џој Дивижн
знаев да на високите скелиња да скокам и
Ти ти си ми у мислимааа да викам
кога почнав Богородица со синот на куполата да ја сликам.
Ко да ја знам од негде ко да ја познавам и крајот ми беше најлесен
Летав дури завршуваше втората година.
Оти ја знаев
оти од сонот од детството очите дури и ги сликав
ма знаев и чаша од радост да скршам.
А знаев и да се свиткам на средина на црквата
Да се свиткам како фетус драга госпоѓо и нагоре да гледам
Да ја гледам дури сето убаво низ очиве од внтатре
Низ мене нагоре кон нејзе не излезе
За да и светне
За да ја стопли
за таа жена да ја згрее
но таква е љубовта нели... како зашто не те прашува..
За може да ми прозбори пред во мене ѓаволот да влезе.
Последните неколку месеца непуштав никој внатре се дури не ја завршам.
И ја завршив на крајот на пролетта ко сега се сеќавам.
Кандилата ноќта ги запалив сите кандила ко да сум клисар
Од малиот град без потраг кога исчезнав
За последно ѕидовите ги погледав една по една на сите фрески
нозете на сите им ги бакнав
Под трепетот од пламенот нивните ликови дури ми намигнуваа
сите ликови од локалните ноќни невести.
Потем ја премачкаа цела црква со вар.
Дојде глас за тоа до земјата во која пребегав.
Земав туѓ пасош со парите што ми останаа и лутав.
Работев се и сешто.
Никогаш повеќе не сликав.
Се дури не ве сретнав вас госпоѓо.
Се дури не ве сретнав вас.
Се викам Јован.
http://www.youtube.com/watch?v=P5J7QcHPQKg
Јован што работи на бензиската покрај вас на работа.
Нема земја каде не сум бил во Европа,
а сега одлучив тука да се преправам и да ја работам оваа обична работа.
Одамна не пијам и непушам.
Не се ни дрогирам.
Планирам да си купам куче и да вежбам.
Кога почина Дино Дворник последен пат пушев трева .
Се превртуваше од смеење кутриот еднаш на Хвар кога му раскажував дека сестрите ги терав мртов пијан да ми ја пеат „Ти ти си ми у мислимаа“..кога ги будев кутрите ноќта.
Знам не ви е воопшто ова смешно не знам ни зашто го споменав
Ви пишав дека се викам Јован?
Тој типот со долга коса и смешна униформа на неколку дена што ви полни бензин во колата.
Простете ми драга госпоѓо...
простете ми проклет да сум јас ноќта посакав да ја сретнам жената чиј лик го насликав.
Простете ми што се осмелив сето ова да ви го пишам - неможев да издржам.
Првиот пат кога ви го погледнав ликот јас умирав од среќа драга госпоѓо или госпоѓице...
јас катаден умирам од среќа откога ве сретнав
умирам од среќа... и од некој чуден страв.