Предлози за книги - Со кратка рецензија

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Баш добра,да ме седне и да се заборавам.
Одамна не сум нашла такво нешто.
Љубовна приказна со нејасен крај :D

Кундера - Неподносливата леснотија на постоењето. Не е класична љубовна приказна воопшто, покрај сите теми што ги обработува во книгите, љубовта ја преставува од сите агли. Нејасна, збунувачка, посесивна, страсна, деструктивна, секаква љубов.

Едит: исто и Тунел, Сабато те вовлекува во книгата, сакала или не. Посесивна и себична љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Koa веќе спомнуваш љубовна приказна ако сакаш со некој добар мајндфак земи читај ги Новела за сонот од Шницлер (моеш и на немачки), Тунел од Ернесто Сабато, Емаус од Барико. Ако сакаш нешто полесно можеш оние на Даниела Стил (препорачувам на англиски).
А што е со Изабел Аленде?
Ми текна на неа сега,добри и се романите?

Тунел одамна сакав да ја земам и ќе ја земам,
thanks што ме потсети.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кундера - Неподносливата леснотија на постоењето. Не е класична љубовна приказна воопшто, покрај сите теми што ги обработува во книгите, љубовта ја преставува од сите агли. Нејасна, збунувачка, посесивна, страсна, деструктивна, секаква љубов.
Такво нешто барав,многу добро звучи,благодарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Внимавај што посакуваш
можеби ке ти се исполни
од Александра Потер

- се надевам денес ќе ја дочитам, интересна приказна за една девојка која се смета себеси за неуспешна во работата, осамена откако се разделила со дечкото, и секојдневните нејзини реални приказни кои се дел од нашето секојдневие. Сепак не е се така сиво, ќе ја проследи среќата и нејзе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Дарителот од Лоиз Ловри. Книга која ја поставува тезата - Дали би се вратиле да живееме живот без емоции и сив кога веќе еднаш ги имаме запознаено сите можни нијанси на животот? Приказна за вредноста не емоциите,слободниот избор, знаењето и уметноста преточена преку очите на едно дете и навидум наменета за младата популација. Книга која посочува за желбата и борбата на човекот да биде стандардна девијација на опшеството различна од просечноста и моќта на високите класи да го задржат човекот ,,просечен". Во потполност се надополнува со 1984 на Орвел, со поголем осврт на емоционалноста. Многу скриени пораки оставени да бидат различно сфатени од секој човек. Прекрасна.
 

steel

Полноправен Член
27 декември 2013
17
5
13
28
Сите кажувате ама јас сакам да прашам некоја книга за комуникација .. спротивен пол/.. нешто такво освен мен фром марс/вомен фром венера..
иначе најдобра книга:Најголемиот трговец на светот-Ог Мандино -совети:Се раскажува за еден камилар на кој му се дадени 10 свитоци мислам.. и со нив станува најбогатиот трговец на светот.
за женските:Зошто мажите не слушаат-Алан и Барбара Пиз -совети:За подобрување на односите со посилниот пол (мала книга но ќе ви користи)
и нешто поинтересно Надарени 1/9 дел...-Мерилин Кеј -малце мистериозност во еден клас каде сите ученици имат скриен талент ... иначе во Македонија има само 5 дела од девет мислам.
Мисли и збогати се:-Наполеон Хил -една од најдобрите книги -не сум ја прочитал.Како што гледам стварно е така ја барам веќе некое време неможам да ја најдам ,но секако ќе ја прочитам кога ќе ја најдам.
моментално читање: Богатството на народите 1/3 дел- Адам Смит па ќе видам како ќе биде.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Некоја добра книга што нема да те остави да ја оставиш додека не ја прочиташ?
Некоја мистерија нешто што ќе те тера да размислуваш и нагаѓаш, некоја приказна со непредвидлив тек и крај.. Да не е љубовна и ако има љубовна романса да не се врти приказната околу неа.

И исто со достапна цена за да можам да ја купам, пошто не знам кај се наоѓа тука библиотеката да ја изнајмам.
И бонус каде да ја најдам и од прилика која цена, ама не мора до толку ај :D
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Некоја добра книга што нема да те остави да ја оставиш додека не ја прочиташ?
Некоја мистерија нешто што ќе те тера да размислуваш и нагаѓаш, некоја приказна со непредвидлив тек и крај.. Да не е љубовна и ако има љубовна романса да не се врти приказната околу неа.

И исто со достапна цена за да можам да ја купам, пошто не знам кај се наоѓа тука библиотеката да ја изнајмам.
И бонус каде да ја најдам и од прилика која цена, ама не мора до толку ај :D
Алхемичарот од Пауло Коељо. Околу 200 денари, совршено ти одговара на описов. ;)