Предлози за книги - Со кратка рецензија

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Добро таа ја знам, башка и не тој стил, мислев на можеби нешто крими... Фала ти.
Тогаш побарај ја Клучот на Соломон од Даглас Вебер. Сличен стил има со Ден Браун.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

steel

Полноправен Член
27 декември 2013
17
5
13
28
некои книги во врска со (право,политика)?
 

MATEJA

Член со 30 казнени поени
29 мај 2014
280
247
353
Во оваа тема може да побарате предлог за книга или да предложете некоја книга.

Кога предлагате некој наслов напишете и коментар зошто токму таа книга, што ви се допаднало кај неа, а што не и слично.
posleden pat ja citav covekot koj go prodade svoeto ferari intersna kniga koj kazuva kakvi su ti misle takoj ke ti bude zivotot

ulicen advokat vo vrska so pravo i menacer na mafijaski nacin e isto takadobra
 
Последна промена од модератор:

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
11 Минути- Пауло Коелјо
Всушност приказна за љубовта испреплетена со тајните на едно женско тело.
Чудно е што е напишана од маж, станува збор за една паметна девојка која ќе се претвори во проститутка па повторно во чесна и заљубена жена со желба за живот.
Во секој случај многу интересна книга која се чита во еден здив. :sreken:)
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
-Алхемичарот- П.Коелјо
*Психоанализа од некој аспект, од некој аспект класична приказна, ако го вклучите мозокот додека ја читате книгава, позади "сиромашната" приказна на Коелјо ќе откриете еден симпатичен став, цврста теорија и јазик на светот.
-Вероника реши да умре- П.Коелјо
*Вредноста на љубовта, смртта и животот преточена во зборови.

Напомена: Коментариве за книгиве се лично мои мислења, секој поразлично ќе ја објасни секоја книга така да не си земајте здраво за готово.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
@MissChievous видов дека ја имаш „Птицата“ во издание на светскиве класици, па сакав да ми кажеш каков е преводот, секако откако ќе соџвакаш поголем дел од книгата. Јас ја читав на англиски, не е некој тежок стил (пошо глеам ги имаш Вајлд и Фицџералд) мислам нема да ти биде проблем, во случај ако овој нашиов не е баш како што треба.
Имам малку причина да се сомневам пошто го читав Убав нов свет половично на овој превод, но имаше некои фалинки како и конструкции на реченици кои се утнати во нашиот јазик додека преведени на англиски збор по збор (буквално) би звучеле како оригиналот. Не знам што е филмов со Магор, они обично се една од најдобрите преведувачки куќи, но се` мислам дека ова е набрзинка направено. Дај боже да грешам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Брида

Полноправен Член
9 февруари 2016
40
31
8
`Единаесет минути` `Победникот е сам` `Алеф` `Вештицата од портобело` `Брида` `Ракописите од акра` - П. Коелјо
`Затоа што те љубам` `Дали ме чекаш` `Спаси ме` `Ако не постои утре` - Гијом Мисо
`Рингишпил` `Писмото на госпоѓа Вилма` `Последната Пролет во Париз` `Ноќта кога дојдоа сватовите` - Ј. А. Бачиќ
`Папата Јована` - Д.В. Крос
`Десеттата симфонија` - Ј. Јелинек
`Руска зима` `Допирот на музиката` - Д. Калотеј
`Скриена во најмрачниот агол` - Е. Хејнс
`Точка на кулминација` - П. Клер
`Најголемиот трговец на Светот` - О. Мандино и.т.н. :)
 

Kleopatra II

Нов член
3 февруари 2020
1
0
1
29
„ Негирање “ - Кит Аблоу
Отвори ја прикачената датотека 8269 Се случуваат убиства ( што се извршувани со отсекување на геиталите ) кои го доведуваат психијатарот Френк Клевенџер до случајот на неговиот живот, но и во борба за живот против сирепиот убиец. Секоја нова страна на книгата води до некои нови заблуди, загатки и очекувања. На почетокот осомничени се невини луѓе, но болничарот Тревор Лукас ( колега и симпатија на Кати, девојката на Френк ) му кажува на Френк дека сите тие убиства ги извршувала неговата девојка поради љубомора. Френк ја одведува Кати во психијатарска болница на лечење но никогаш не ја открива.

Книгата е преееедобра, во првата можна прилика ви препорачувам да ја прочитате, кога ќе почнете да ја читате нема да сакате да ја оставите ни на 15 мин .. :)