Предлози за книги - Со кратка рецензија

christinna

Нов член
11 јуни 2012
10
5
3
31
ја имам во ПЦ
ја чувам одамна ама не можем да ја прочитам на монитор
друго е во печатена форма

повели :)
https://mega.co.nz/#!wcBX2apZ!UN2h7V_ZlfuYZRHnTfTU7l-Rw0BVJaSK2OlAyjHZvDE
може да добијам линк со некои вака подобри книги (може и на англиски да се, меѓутоа да има пристап со цел документ бесплатно, а доколку оригиналот е мкд на мкд) :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Нема да ви предложам книга пошо авторот не сака неговите дела да бидат запишани во книга. АМа пак затоа ке ви пастирам едн негова песна.. Ви го претставувам Дарко Лешоски.. Генијалец и мој идол...
„Јован од бензиската.“

Извинете госпоѓо или госпоѓице што и да сте неможам веќе со месеци да ве проценам
Неможам да ве проценам иако мислам дека уште од кога сум се родил ликот ви го знам
Простете ми може само ќе го стуткате ова писмо како од супермаркет фискална и ќе го фрлите во корпа...
Може ќе ве натера да се јавите во полиција.
Може само ќе се поднасмеете ко никому ништо и утре ќе ме викнете на пијачка.
Може цел живот
темелите на вашето срце и куќата ќе ви ги протресам ...
Не знам ...
Веќе јас ништо не знам ...
Знам само дека морав да ви пишам
Неможев повеќе да издржам...
Не сум ништо јас посебен вашето внимание да го заслужам
Се викам Јован.
И обичен ко сечиј живот и мојот беше досега.
Најобичен.
А само во прстите од рацете имав малку повеќе од другите дар.
Кротка линија имам на средина на дланките .
На десната.
На левата на шеснаест со пукната флаша од коњак продолжен животен пат.
Убаво цртав од мал.
Кришем знам дека уште поубаво пишував.
Тазе завршив средно.
Ме зеде професорот и работев со него како млад фрескар.
Пред по белиот свет да исчезнам како ктитор ме најми еден стар богат лисец.
Да му ја насликам новата голема црква распослана во долината како ефтина ајдучка плескавица во мала чинија
Новата црква со куполи од злата во неговиот сиромашен роден град.

Така се почна.
Така се тргна.
Уште првиот ден му реков да им купи на сите дечиња скапи убави кондури со тие пари
Што ќе му се тажни ангели на главите со златни топки
Збрчкани лица на старци и старки ко светости...

Ми се налути.
МИ кажа „момак тоа не е твоја работа.“
„Јас ќе ти дадам се што ќе посакаш само најдобро до сега да си ја завршиш твојата работа
Да го оставиш на ѕидот твојот дар.“

И тресев глупости како барања
простете ми драга госпоѓо ама на ...курот чардак !
И добив се`
Грдни пари ,
Живота услови
Од болести од боксови па мислам дури и од вуду магии можеше и ме чуваше пола негова бодигард флота.
Како гратис добивав секакви почести
Само рацете мои црквата да му ја насликаат – со тажни лица и млади несреќни светци .

И работев.
По цел ден.
Работев полузен
и полуочаен.
Со недели ненаспан.
Навечер скитав по кафеаните и како вампир, како по полна месечина тазе испуштено ждребе - што ми требаше тоа си наоѓав.
Некогаш знаев да останам
внатре во црквата знаев да пијам сам.
Да си пуштам Стоунси , Џој Дивижн
знаев да на високите скелиња да скокам и
Ти ти си ми у мислимааа да викам
кога почнав Богородица со синот на куполата да ја сликам.
Ко да ја знам од негде ко да ја познавам и крајот ми беше најлесен
Летав дури завршуваше втората година.
Оти ја знаев
оти од сонот од детството очите дури и ги сликав
ма знаев и чаша од радост да скршам.
А знаев и да се свиткам на средина на црквата
Да се свиткам како фетус драга госпоѓо и нагоре да гледам
Да ја гледам дури сето убаво низ очиве од внтатре
Низ мене нагоре кон нејзе не излезе
За да и светне
За да ја стопли
за таа жена да ја згрее
но таква е љубовта нели... како зашто не те прашува..
За може да ми прозбори пред во мене ѓаволот да влезе.

Последните неколку месеца непуштав никој внатре се дури не ја завршам.
И ја завршив на крајот на пролетта ко сега се сеќавам.
Кандилата ноќта ги запалив сите кандила ко да сум клисар
Од малиот град без потраг кога исчезнав
За последно ѕидовите ги погледав една по една на сите фрески
нозете на сите им ги бакнав
Под трепетот од пламенот нивните ликови дури ми намигнуваа
сите ликови од локалните ноќни невести.
Потем ја премачкаа цела црква со вар.
Дојде глас за тоа до земјата во која пребегав.
Земав туѓ пасош со парите што ми останаа и лутав.
Работев се и сешто.
Никогаш повеќе не сликав.
Се дури не ве сретнав вас госпоѓо.
Се дури не ве сретнав вас.

Се викам Јован.
http://www.youtube.com/watch?v=P5J7QcHPQKg
Јован што работи на бензиската покрај вас на работа.
Нема земја каде не сум бил во Европа,
а сега одлучив тука да се преправам и да ја работам оваа обична работа.
Одамна не пијам и непушам.
Не се ни дрогирам.
Планирам да си купам куче и да вежбам.
Кога почина Дино Дворник последен пат пушев трева .
Се превртуваше од смеење кутриот еднаш на Хвар кога му раскажував дека сестрите ги терав мртов пијан да ми ја пеат „Ти ти си ми у мислимаа“..кога ги будев кутрите ноќта.
Знам не ви е воопшто ова смешно не знам ни зашто го споменав
Ви пишав дека се викам Јован?
Тој типот со долга коса и смешна униформа на неколку дена што ви полни бензин во колата.
Простете ми драга госпоѓо...
простете ми проклет да сум јас ноќта посакав да ја сретнам жената чиј лик го насликав.
Простете ми што се осмелив сето ова да ви го пишам - неможев да издржам.
Првиот пат кога ви го погледнав ликот јас умирав од среќа драга госпоѓо или госпоѓице...
јас катаден умирам од среќа откога ве сретнав
умирам од среќа... и од некој чуден страв.
 

Анонимус

Нов член
10 јули 2013
1
1
1
32
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма

Приказна која нема никогаш да ја заборавите, ќе научите која е вистинската цел во животот, како да го ослободите вашиот најдобар потенцијал, ќе ја поттикнете тајната на бескрајната радост и директниот пат до личната слобода. Книга која ги нуди мудростите на познатиот, мегауспешен и богат адвокат Џулиан Метнл кој го заменил својот луксузен начин на живот и го продал своето ферари за просветлувае и вечна исполнетос. Одлична приказна. Се надевам ќе ви се допадне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: maarrkooo

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Имам уште 10 стр. но сепак целта на книгата е постигната. Историчарка од Елизабет Костова.
Освен материјалите за правосудниот- прирачник од 1100 стр.и едно метро наредени закони вертикално, оваа ќе биде најдебелата книга што сум ја прочитал- 634 стр.
Со доза на фантазија и прекрасно, детално опишување на местата низ Источна Европа каде што патуваат ликовите од книгата, писателот на интересен, револуционерен начин ни ја пренесува приказната за Дракула (Набивачот) односно познатиот владетел на Влашко (Романија) Влад Тепеш.
Хелен и Пол, Тургут, Ранов, Стојчев, библиотекарот, Барли и девојчето, и останатите споредни ликови низ многубројните случувања од Словенија, преку Балканот (го споменува и Скопје) до Романија и Истанбул, трагаат по Влад Тепеш, односно низ преданија и записи, убиства и несреќи, се обидуваат да го пронајдат гробот на злогласниот владетел на Романија на Езерото Снагов и во Бугарија. На патот им се закануваат случки кои дел од нив успеваат да ги победат, а некои и загинуваат (Роси). Вампири, сеништа, овој пат без Холивудски сценарија како лук, крстови и пиштоли со сребрени куршуми, туку со историски факти кои го наведуваат читателот да научи за периодите од владеењето на Дракула до крајот на Турската Империја.
Кај книгава ми се допадна стилот на пишување, изразување, а особено историјата која да бидеме искрени, дел од нас воопшто нема ни да ја прочитаат, за тоа како владеел Влад Тепеш, за манастирот во Рила, историјата на Балканот во подробни, пошироки размери отколку што знаеме од општа култура.

Ја има во ТРИ, па кој не ја прочитал, му препорачувам да ја земе и да ужива во летото и во авантурите на историчарите и заедно со нив низ текстот да се обиде да го пронајде Дракула :).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

G-gja Biberce

Нов член
1 август 2013
1
0
1
39
Го препорачувам романот ’’Тројца в кревет’’ од Кармен Рид.
Романот е олицетворение на модерната вработена жена и мајка на 21-от век. Преубава приказна која се ’’голта во еден залак’’.
Секоја млада жена би се пронашла во ова дело :D

Исто така и ’’Шоља чај’’ од Ејми Ефрон е интересна сторија во која на две млади жени им се менуваат животите по испиената шоља чај :)
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Триумфална капија- Ремарх
Интересен сплет на настани, во форма на дијалог, со начин на пишување со кој за прв пат се сретнувам. Ме импресионира до сега, малку стагнирам додуша, но сепак 100 стр. за една недела ми е доволно. Продолжувам... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Триумфална капија- Ремарх
Интересен сплет на настани, во форма на дијалог, со начин на пишување со кој за прв пат се сретнувам. Ме импресионира до сега, малку стагнирам додуша, но сепак 100 стр. за една недела ми е доволно. Продолжувам... :)

одлична книга, ако мене ме орашаш за летово токму тоа и ми требаше.

Have a calvados on me :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Praetorian

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Никаде без ќерка ми (inlove) Тој што ќе ја прочита верувајте нема да зажали.

Бети по неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар - Иранец. Љубовната идила по две - три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка.​
Иако Бети се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.​
Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност: Таа со својата ќерка Махтуб станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг Муди. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да замине за САД.
Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и издржливост, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за сударот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Никаде без ќерка ми (inlove) Тој што ќе ја прочита верувајте нема да зажали.


Бети по неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар - Иранец. Љубовната идила по две - три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка.
Иако Бети се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.

Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност: Таа со својата ќерка Махтуб станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг Муди. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да замине за САД.
Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и издржливост, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за сударот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.

А може и свое мислење да дадеш за книгата?
Вака само копирани мислења од Сакам книги.
 

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
А може и свое мислење да дадеш за книгата?
Вака само копирани мислења од Сакам книги.

Може,но го копирав текстот за да биде им биде појасно на останатите за темата и идејата во книгата.
Еве следува моето мислење..
Книга која ќе те натера да ја читаш до последниот здив,книга чија содржина изобилува со храброст,досетливост,пожртвуваност се со цел да се заштити своето дете.
Жена препуштена на милост и немилост пред Иранскиот народ,жена која нема никакви права,која се третира полошо и од животно,по игра или случајност на судбината ги поминува најтешките денови од нејзиниот живот далеку од својот дом,се до денот кога успева да се врати во Америка каде што ќе живее под лажно име и под лажна адреса.Книга во која се изнесува традицијата и верувањата на муслиманскиот народ во Иран,притоа се открива вистината за состојбата на жената во тие простори.Книга чија содржина нема да остави никого рамнодушен,а со затворањето на последната страница од оваа безвременска книга ќе се запрашате дали мајчинската љубов знае за граница?...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur