Дали ме чекаш-Гијом Мисо
Елиот е млад и надарен лекар во Сан Франциско пред кого претстои добра кариера, но и една изгубена љубов. Со години тој не може да се помири со фактот дека неговата најголема љубов трагично умре, а за чија смрт тој чувствуваше огромна одговорност.
И сега тука ќе го додадам воведот од книгата:
„Секој од нас барем еднаш си го поставил прашањето:
Што би измениле ние во нашиот живот, кога би нѝ се дала можност да се вратиме во минатото?
Кога би можеле да почнеме од почеток кои грешки би се обиделе да ги исправиме? Која болка, кои грижи на совеста, која тага би ја одбрале да ја избришеме?
Дали би се осмелиле, навистина, да му дадеме нов смисол на нашиот живот?
Да погодиме што ќе стане со нас?
Каде да одиме?
И со кого?“
Ете ваква шанса да се врати во минатото и за да ја види уште еднаш Илејна, има Елиот.Елиот учествуваше во хуманитарната медицинска екипа во Северозападна Камбоџа, кога требаше да си оди од тоа место, не можеше затоа што едно дете мораше да се оперира. Бебињата родени со „зајачка вилица“ беа напуштани од нивните родители. Тие деца се сместени во сиропиталиште и заради нивната деформација шансата да бидат вдомени е многу мала. Токму такво дете беше Лу-Нан, после операцијата што му ја направи Елиот неговиот дедо за да се заблагодари го прашува:
- Која е неговата најголема желба на овој свет?
А желбата на Елиот е да ја види повторно неговата жена која е мртва веќе 30 год.
Азијатот му подарува едно малечко шишенце од дувано стакло, а во него има десет пилули со златна боја. По испивањето на првата пилула докторот се враќа триесет години во минатото и се среќава со самиот себе, како ќе се одвиваат настаните, дали ќе проба да си ја исправи грешката која толку години го печи на совеста ќе ве оставам вие да откриете доколку се решите да го прочитате овој прекрасен роман.