Предлози за книги - Со кратка рецензија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
City of thieves - David Benioff

Као што спомнав во другата тема, само сега откако ја имам прочитано да споделам тро импресии. Големата опсада на Ленинград... Едно момче, по неуспешна операција на „пљачкање“ на еден мртов германски падобранец, го фаќаат NKVD (претходници на KGB) и со умисла дека ќе биде стрелан го одведуваат во зандана. Во таа мрачна ноќ, тој се запознава со својот иден сопатник, “дезертер по дијагноза“ - Коља. Утредента по милост на поручникот добиваат задача - да донесат дузина јајца за свадбената торта на ќерка му. Работата е што Ленинград едвај издржува со храма. Под тоа се мисли дека се прават чорби од разни коренчиња, се јадат стаорци и мачки па дури и луѓе. Трагично колку и да звучи, писателот тука го воведува своето тајно оружје - иронијата како хумор највеќе претставена во ликот на Коља. Нивното безуспешно трагање низ градот ги наведува да отидат вон границите - на непријателската територија. Тука авантурата го зголемува својот интензитет, како и суровоста приказажа во реално светло. Доаѓаат до моменти кога си мислиш дека го допреле дното, кога повторно им се појавува светла прилика. И обратно. Моралната поука од книгава е дека се` е минливо. Но не треба тоа така да се прифати и да се отфрли смисолот на животот. Туку баш напротив, да се ужива во моментот.
Според мене ова е една од подобрите книги во последно време што ги имам прочитано, најпрво поради јасноста на стилот, потоа опишувањето и на крај тоа што не заморува со небитни детали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Ај тука ќе прашам ја имали некој прочитано книгата Мит за сите времиња од Стојмир Симјановски и нека ја долови сиштината малце со кратка рецензија :)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Да се сака со отворени очи - Хорхе Букај
Книгава е психолошка, не е досадна, разработува тема блиска до сите нас.
Обичен пар со обични проблеми, обични а толку реални.
Доловува вистини за меѓучовечките односи (со акцент на однос во пар), читате и си велите: еј да, вистина бе.
Не е ова рецензија ама е топла препорака за секој да ја прочита, мене навистина ми се допадна.о
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да се сака со отворени очи - Хорхе Букај
Книгава е психолошка, не е досадна, разработува тема блиска до сите нас.
Обичен пар со обични проблеми, обични а толку реални.
Доловува вистини за меѓучовечките односи со акцент на однос меѓу пар), читате и си велите: еј да, вистина бе.
Не е ова рецензија ама е топла препорака за секој да ја прочита, мене навистина ми се допадна.о
По стил на пишување во кои би ја класифицирала?
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Предлог книга за роденденски подарок?
Имам доста прочитано, но моментално не ми текнува ниедна за ваква пригода. (wasntme)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Предлог книга за роденденски подарок?
Имам доста прочитано, но моментално не ми текнува ниедна за ваква пригода. (wasntme)
Зависи за кого бараш. Јас би ти препорачал квалитет, а под тоа би алудирал на Темплум, Или-или, Магор, Табернакул и во крајна линија ТРИ.
Или-или и темплум имаат одлични нетолку комерцијални наслови, Магор владее во преводот, Табернакул има македонска литература, Три е комерцијала ама колку толку има квалитет.

Марија, ја неам читано затоа те прашувам. Според препораката ми делува многу интересно, ама нејќам да ми испадне као некоја литература која во 300 страни се осврнува само кон тие односи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Зависи за кого бараш. Јас би ти препорачал квалитет, а под тоа би алудирал на Темплум, Или-или, Магор, Табернакул и во крајна линија ТРИ.
Или-или и темплум имаат одлични нетолку комерцијални наслови, Магор владее во преводот, Табернакул има македонска литература, Три е комерцијала ама колку толку има квалитет.
А може конкретно наслови?
Може многу барам, но проблемот е во тоа што не сакам да подарам книга што ја немам јас самата прочитано, меѓутоа во случајов од се што имам прочитано ниедна не соодветствува. :nah