туу бе а јас се порадував дека некој ќе препорача книга.... No matter.
Илјада неверојатни сонца - Калед Хосеини
Неверојатно е да кажам дека оваа книга иако лесна по стил, ми одзеде многу време да ја прочитам. Но има причина зошто. Просто кога ја читав (на англиски) уживав во секој пишан збор. Испреплетеноста на две судбини слични по тек, но со различна позадина, разочараноста во оние во кои највеќе веруваме, изненадните пријатели кои подоцна стануваат толку блиски за кои вреди да се убие. Сето тоа склопено во еден краток фрагмент на историјата на Авганистан. Поточно во последните 30 години од советската окупација, пеку превратот на Муџахедините, до талибанското угнетување на жената како објект. Според мене, секој кој е обожавател на источната цивилизација, ова е едно парче литература каде сите предрасуди паѓаат во вода.