Како што споменав во друга тема, последно што прочитав е "Игра во 'ржта" од Џером Дејвид Селинџер. Според мене книгата е одлична, единствено имам забелешка што е преведена кај нас како "Игра во 'ржта" додека оригиналниот наслов е ''The Catcher in the Rye'' или Ловец во 'ржта, ама тоа е се до преведувачите.
Книгата започнува со раскажувањето на младиот Холден Колфилд за тоа како е избркан од училиштето "Пенси Преп" во Пенсилванија, за тоа како избегал пред време од интернатот и за неговите случки се до враќањето во својот дом.
На моменти Холден доста ме потсетуваше на мене, и на тоа како би реагирал во некои ситуации.
Има доста интересни цитати кои те тераат да се подзамислиш како овој
Книгата е типична за возраст од 16-20 години, бидејќи се употребени многу фрази од тој младешки жаргон, но доколку некој сеуште ја нема прочитано, му препорачувам да ја прочита, зашто е доста интересна и брзо се чита.

Постојано велам: "Драго ми е што се запознавме" на некого за кого воопшто не ми е драго што сум го запознал. Ама мораш да кажуваш такви работи ако сакаш да останеш жив.