Предлози за книги - Со кратка рецензија

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Како што споменав во друга тема, последно што прочитав е "Игра во 'ржта" од Џером Дејвид Селинџер. Според мене книгата е одлична, единствено имам забелешка што е преведена кај нас како "Игра во 'ржта" додека оригиналниот наслов е ''The Catcher in the Rye'' или Ловец во 'ржта, ама тоа е се до преведувачите. :zelen
Книгата започнува со раскажувањето на младиот Холден Колфилд за тоа како е избркан од училиштето "Пенси Преп" во Пенсилванија, за тоа како избегал пред време од интернатот и за неговите случки се до враќањето во својот дом.
На моменти Холден доста ме потсетуваше на мене, и на тоа како би реагирал во некои ситуации.
Има доста интересни цитати кои те тераат да се подзамислиш како овој
Постојано велам: "Драго ми е што се запознавме" на некого за кого воопшто не ми е драго што сум го запознал. Ама мораш да кажуваш такви работи ако сакаш да останеш жив.

Книгата е типична за возраст од 16-20 години, бидејќи се употребени многу фрази од тој младешки жаргон, но доколку некој сеуште ја нема прочитано, му препорачувам да ја прочита, зашто е доста интересна и брзо се чита.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Валерија

Нов член
2 февруари 2013
3
0
1
30
-Прирачник за антиалкохоличари-Игор Џамбазов
-Клетници-Виктор Иго
-Алхемичарот-Паоло Коељо
-Сидарта-Херман Хесе
-Нарцис и златоуст-Херман Хесе
-Демјан-Х.Хесе
-Степски волк-Х.Хесе
овие први ми паднаа на памет....листата ќе ја надополнувам....:)
Сакам да ја прочитам книгата од Игор Џ. читам низ форумите дека ја има во е-форма , али не можам да ја најдам, да не знаете вие нешто?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Сакам да ја прочитам книгата од Игор Џ. читам низ форумите дека ја има во е-форма , али не можам да ја најдам, да не знаете вие нешто?
ја имам во ПЦ
ја чувам одамна ама не можем да ја прочитам на монитор
друго е во печатена форма

повели :)
https://mega.co.nz/#!wcBX2apZ!UN2h7V_ZlfuYZRHnTfTU7l-Rw0BVJaSK2OlAyjHZvDE
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Чекајќи го Годо-Семјуел Бекет
Одлична порака има книгава а тоа е дека животот поминат во чекање е сенка на убавиот живот.
Антидрама во два чина.Самиот автор својата драма ја нерекува трагикомедија.Временски дејството нема никакви рамки, зошто ликовите судирајќи се со феноменот-време,не можат и не знаат рационално да го користат и почитуваат,ниту сопственото,ниту туѓото,зашто тоа е ирелевантно во споредба со целта која си ја поставиле -да го чекаат Годо.А тоа значи бесконечност,оти целта нити постои,ниту некогаш и некадде ќе се реализира.

Пиреј-Петре М. Андреевски
За тие што се уште го немаат прочитано романов веднаш без двоумење да го прочитаат и нема да зажалат..
Роман за македонската жена,македонската голгота,за иронијата на војната во која не се знае за кого и против кого се војува,за расчовечувањето,потиснувањето на човековите чувства и израснување во човек ѕвер,чиј крик го донесе војната,болеста,смртта.Роман елегија,роман трагедија,роман житие за Македонецот - никулецот,коренот,пирејот.Идејната порака сврзана е за самиот наслов,која е основното мото во романот: Племето наше е пиреј.Не го ништи ниедна војска и ниедна болест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and warr

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Поле од Лин Мектагарт (The Field - Lynne Mctaggart)
Инзвонредна книга за сите што ги интересира природата на реалноста, метафизиката и нивната поврзаност со човекот.
TheFieldcover.jpg