Јас ја препорачувам „Кралска афера“ на Нора Робертс.
Како прво ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување, нагласените епитети..те тера да читаш и читаш..едноставно, тоа е книга со јасен тек на настаните.
Започнува со главниот лик кој што постојано ќе биде присутен во секоја страница, тоа е кралската ќерка Габриела (Бри).
Таа се буди во болничкиот кревет со голема празнина во своето сеќавање.Имено не се сеќава на ништо, на никого..
Не ги препознава ни своите браќа, татко и`..
Зад сето тоа се крие сознанието дека Бри била киднапирана и додека нејзиното семејство било спремно да даде цело едно богатство за нејзино ослободување, таа успеала да избега и да се онесвести на патот каде што подоцна била пронајдена.
Случајот не може да се разреши лесно бидејќи Бри не се сеќава ниту на еден мал детал.
Нејзиниот татко со цел да ја заштити и да и помогне во враќањето на помнењето, во Кординија го повикува синот на својот стар пријател.
Сега Рив(синот на стариот пријател на таткото на Бри) е постојано околу неа и за да ги скратам деталите ќе кажам само дека тие двајца се заљубуваат еден во друг и сето тоа е проследено со страстни моменти и еден посебен момент во животот на Бри-губењето на нејзината невиност.
На крајот завршува со тоа што Бри почнува да се сеќава на некои работи што ќе помогнат во истрагата, а и самите киднапери ќе се издадат на крајот.
Интересно е тоа што тие луѓе се дел од кругот на семејството и блискиот круг на пријатели на Бри..
Книгава е прва од серијалот, после неа следува „Желба и заповед“ во која главната улога ќе ја има братот на Бри кој што во претходната книга има само споредна улога.