Најпопуларниот серијал за вампири во Просвено дело
Станува збор за првиот тинејџерски серијал за вампири. Првата книга е објавена во 1991 год. и досега се објавени седум продолженија. Само во Северна Америка се продадени повеќе од три милиона примероци, а серијалот е објавен во дури 30 земји. Од 2009 год. започна емитувањето на мегапопуларната ТВ-серија Вампирски дневници базиран на овие бестселери.
Вампирските дневници првпат се објавени во 1993 г. и реобјавени во 2001. Поради континуираниот успех, овој серијал денес има култен статус. И по реобјавувањето во 2007 г., Вампирските дневници повторно се бестселер!
Поради огромниот успех и на серијалот и на ТВ-серијата, издавачот Харпер Теен и авторката Ел Џеј Смит потпишаа договор за нови продолженија на Вампирските дневници насловени како Дневниците на Стефан според кои ќе се снима и ТВ-серија.
Смит ќе напише и нова трилогија поврзана со Вампирските дневници насловена како Враќање.
Вампирските дневници беа на листата на бестселери на Њујорк тајмс над 35 недели и преведени се во над 30 земји.
БУДЕЊЕ-1
Елена Гилберт е најпопуларната девојка во средното училиште
"Роберт И. Ли". Со почетокот на новата учебна година пристигнува таинствениот, но мошне привлечен странец Стефан Салваторе. Решена да го освои Стефан, Елена открива страшна тајна...
Во времето на ренесансата, во Фиренца, Стефан живеел како човек. Љубовта кон убавата Кетрин го направила вампир. Но, Кетрин ја сакал и неговиот постар брат Дејмон. Соперништвото помеѓу Стефан и Дејмон продолжува да тлее со векови.
Препознавајќи ја Кетрин во Елена, двајцата браќа повторно се на двобој еден против друг.
БОРБА-2
Елена се обидува да го спаси животот на Стефан, а Дејмон не се откажува од обидите да го добие нејзиното внимание...
Настојувајќи да одолее на моќите на Дејмон, Елена открива дека исчезнал нејзиниот дневник, а во него се напишаните и нејзините најмрачни тајни... Оттогаш веќе ништо не е исто... На прагот на есента Елена ги става на коцка и својот живот и својата љубов...
Во оваа книга се` се менува и Елена никогаш повеќе нема да биде иста!
БЕС-3
Будејќи се од смртниот сон, Елена е преобразена. Но преобразбата не е конечна... Дејмон конечно успева да ја придобие. Но, дали желбата за одмазда кон Стефан е посилна од слаткиот вкус на победата?
Стефан е скршен по губењето на Елена и подготвен е на се` за да ја освои повторно. Но, кога ќе открие дека неговиот брат не му е единствениот непријател, тој и Дејмон ќе мораат да ги здружат силите против непознатиот непријател за да ја заштитат личноста која двајцата ја сакаат. Елена уште еднаш се бори за живот...
МРАЧНО ОБЕДИНУВАЊЕ-4
Трудејќи се до го одржи ветувањето што и` го даде на Елена, Стефан ги здружува силите со својот брат, но смртта што ќе следува повторно ќе ги фрли во омраза...
Уште многу мистерии и зло се кријат во Фелс Чирч, а најголема закана е еден припадник од редот на Дрвените вампири... Кулминацијата се случува ноќта на летната рамнодневица, кога мртвите души слободно талкаат во светот на живите...
Сакате да ја добиете првата книга - БУДЕЊЕ на подарок?
Испратете ја вашата предлог книга со краток опис зошто ја препорачувате.
Во петок (29.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги во продолжение на оваа тема.