Предлози за книги - Со кратка рецензија

aneta

Нов член
25 јуни 2012
1
0
1
41
Skopje
Ako mislite deka se soocuvate so najgolemite problemi vo zivoto, ako nepolozeniot ispit vo junska sesija go doziveavte kako golem neuspeh:), Vi ja preporacuvam knigata PETATA GORA od Paolo Koelj:eekvaa kniga izobiluva so ubavi i poucni misli koi ke ve otrgnat od custvoto na taga , bolka ili neuspeh i ke vi pokazat deka zivoto e sekojdnevna borba za pooubavo utre.
A isto taka za fanovite na Twilight ja preporacuvam SAMRAK bezvremenska prikazna za granicite na ljubovta i strasta.Romanticna fantazija vo koja se naslikani zivotote na Bela i Edvard.I kniga vo koja ke gi zabelezite site ubavi recenici vo koi e isprepletena ljubovta.
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Навистина ми се допадна статијата за Вампирски дневници и баш би сакала овие книги да бидат дел од мојата домашна библиотека. Прекрасен серијал, прифатен од сите генерации и навистина не изненадува фактот што оваа книга е бестцелер насекаде низ светот, па еве конечно и кај нас.
Но еве, јас би ви препорачала еден сосема поинаков жанр. Се работи за книгата "Страници за нашата љубов" од фамозниот американски писател Николас Спаркс.
Веројатно на повеќето од вас ви е гледан филмот A walk to remember, и час и половина сте уживале во прекрасната љубовна приказна, успуштајќи по некоја солза, но книгата е нешто бесценето, нешто што мора да се прочита.
„Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.“
Овие зборови ме натераа да ја купам книгата од саемот пред 3 години, сфаќајќи дека се работи за исклучително добра книга иако претходно немав слушнато ништо за филмот.
Се работи за животната приказна на Ное и Али, вистинска љубов која ги пребродила сите стапици и препреки во животот, го поминала тестот на времето и останува да живее и по нивната смрт.
Прекрасна книга која не ќе можете да ја испуштите од раце додека не ја дочитате, и чии страници ќе бидат натопени од вашите солзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: aneta

IvanaM

Нов член
25 јуни 2012
1
0
1
29
Poraka vo shishe-Nikolas Sparks
Chekori za sejkavanje-Nikolas Sparks
Spasuvanje-Nikolas Sparks
Pribezishte-Nikolas Sparks

bidejki site knigi na avtorot se preplaveni so ljubov :))
 

VericaBik

Нов член
25 јуни 2012
1
1
3
Mи се допадна статијата за Вампирски дневници , ја имам гледано и серијата , се раборти за многу интересна тема.
Пред се љубовта е на прво место таа е опишана мегу двајцата браќа вампири према една девојка , нивните одиби и нејзините жртвувања .
На почетокот се ке биде совршено но ке дојде врвот на расплетот , многу ликови и случки ке се измешаат што верувам дека во никој слчај нема да ви се дзосадат ни во минута.
Бидејки знам што се случува во првите три книги многу би сакала да знам што се случува и во четвртата , МРАЧНО ОБЕДИНУВАЊЕ
Нема да згрешите при избор на овие многу интересни љубовни и авантуристички книги ! :D
;)
imgres
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

trayche

Нов член
25 јуни 2012
1
1
3
28
За книги преведени на македонски може да се зборува многу малку, бидејќи се бројат на прсти. И не секогаш се избира најдоброто за да биде преведено.
Кога би зборувал за книга преведена на македонски би ја кажал Игрите на Гладните. Книгата е ремек дело. Нема потреба многу опширно да се зборува за неа бидејќи сите ја знаат.
Е сега, кога би зборувал за книга непреведена на македонски, од се срце би ја кажал Divergent by Veronica Roth.
Романот е ... ме остави без зборови. Сличен е на игрите на гладните, од ист жанр е, дистопија, но според многу мина, многу подобар. Основата на романот не е некоја романса, тепачки и слично, туку е соочување со стравот. Нешто што секој еден мора да го направи кога тогаш. Побарајте на гоогле за книгава, па ќе ви стане јасно што зборувам. Всушност, купете ја онлајн, прочитајте ја, па ќе видите што е добра книга. :] поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Tina Vergova

Нов член
12 јуни 2012
6
2
3
33
Radovish
zasekogas%20tvoja.jpg
Засекогаш твоја од Елизабет Гилберт
Во романот ќе сретнете излагања за бракот во историјата, денес и во иднината, многу размисли, ставови, мислења за тоа што, всушност е бракот. Некаде во светот бракот е само една традиција која мора да се продолжи, некаде е света должност, а во модерните општества - Што е бракот?
Дали сакате да ви одговорам на оваа прашање но се разбира ќе ја цитирам авторката на книгата:
Бракот е имот во кој е многу полесно да влезеш отколку да излезеш.
Нема да должам многу за оваа книга едноставно прочитајте ја и уживајте во неа незнам дали ќе си ги смените ставовите за бракот но едно сигурно знам знам дека со нетрпеније ќе ја вртете секоја наредна страница јурејќи кон самиот крај.
И еве ја мојата омилена реченица од горе наведената книга:
Рибата и птицата можеби навистина се сакаат, ама каде ќе живеат? Веруваме дека решението за оваа дилема беше фактот што обајцата бевме вешти патници, јас бев птицата што можеше да нурка а тој беше риба што може да лета, па така за време на нашата прва заедничка година, живеевме во воздушен простор, нуркајќи и летајќи истовремено за да бидеме заедно.
Прочитајте ја книгата и дознајте што се случи со љубовта на рибата и птицата. Уживајте во книгата!
 

Am.I.L.A

Нов член
12 јуни 2012
4
6
3
33
Merchant_of_venice_web-520x532.jpg

Трговецот од Венеција - Шекспир

Приказна со интриги, љубовни сплетки, маски и еврејство. Што според вас е морално? Дали треба за да останеме на своето, да одземеме нечиј живот? Прошка или гордост?
Траги-комедијата е ремек дело на Шекспир, кој има и своја филмувана верзија во која глуми познатиот Ал Пачино.
Моја препорака - прво книгата - после филмот (без разлика колку и да е добар.)
 

MissAsgard

Нов член
26 јуни 2012
1
3
3
36
960.jpg


Ангели и Демони - Ден Браун
Трилер, Мистерија, Авантура, Историска Фантастика
Возбудлива книга која нема да можете да ја оставите ни за миг.
Започнува со брутално убиство на познат научник по што е повикан професорот по религиозна симбологија на Харвард - Роберт Ленгдон да го одгатне мистериозниот симбол оставен на градите на научникот. Како што се одвива истрагата, се води кон Илуминатите - братство за кое се мислело дека е исчезнато пред околу половина век...

Останато:
The Hunger Games - Suzanne Collins (Фантазија, Научна Фантастика, Авантура)
Eqiunox - Michael White (Трилер, Мистерија)
 

sherlocked

Нов член
26 јуни 2012
2
2
1
Читачот - Бернхард Шлинк
Книга за крајно специфичната врска помеѓу петнаесет годишен ученик и триесет годишна кондуктерка. Со месеци Михаел на глас и ги чита училишните лектири на Хана, дел од нивната секојдневна рутина која вклучувала книга, бањање и секс. Ни за момент одвратна, оваа приказна е така внимателно и прифатливо раскажана, да се доближи до сечие срце и покрај нејзината деликатност. Се надевам дека ќе бидете исто толку изненадени колку и јас со секое сврување на наредната страница. Задолжително погледајте го и филмот, нема да ве разочара.