Предлози за книги - Со кратка рецензија

ColdGirl

Нов член
27 јуни 2012
2
1
1
30
ДВОЈНИК - Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ
Еден обичен човек од толпата – кој не се занимава со интриги, кој си ја гледа работата, а маска носи само кога има потреба, односно на маскенбал – одеднаш ќе се најде во еден необичен, туѓ свет во кој некој друг ја игра неговата улога. И додека се прашува дали сите околу него се маѓепсани од некаква нечиста сила, неговиот двојник бездушно ќе му ги грабне пријателите, работното место, станот, целиот негов живот. Ненадминат психолошки роман за раздвоената личност. Книга за бездните што се кријат во човековата душа.
СВЕТОТ НА СЕКСОТ - Хенри МИЛЕР
Сексуалната фантазија, збогатена со циничен хумор, се вклопува во описот на денешното хаотично и неодговорно однесување на луѓето надвор од нивните „регуларни“ занимања.

ДАМАТА СО КАМЕЛИИ -
Александар ДИМА СИНОТ
Дамата со камелии е роман-сведоштво за моќта на љубовта, која не знае за никакви граници и која може од корен да го смени човековиот живот.
КОЦКАР - Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ
Коцкањето и страста по рулетот биле многу повеќе од обична тема и инспирација за пишување за Достоевски – тој и самиот бил нивен зависник. Додека го пишувал Коцкар, бил под притисок да ги исплати своите коцкарски долгови. Можеби и затоа се олицетворува во главниот лик Алексеј Иванович, млад учител кај еден осиромашен руски генерал кој го прокоцкува своето наследство.
ЦРВЕНАТА СМРТ - Едгар Алан ПО
Човек фатен во канџите на својата имагинација, таинствена порака што води до закопаното богатство, рибар кој се бори за својот гол живот соочен со неизмерната моќ на океанот, две мистериозни убиства во Париз - ова се само дел од таинствените и фантастични приказни собрани во оваа книга.
КУЌАТА НА ЗАСПАНИТЕ УБАВИЦИ - Јасунари КАВАБАТА
Интересна приказна за еден осамен човек кој, надевајќи се дека ќе добие нешто повеќе од животот, постојано ја посетува таканаречената Куќа на заспаните убавици. Младите убавици, успани со таблетки за спиење, имаат моќ да му ги вратат младоста на стариот Егучи и сеќавањата од неговото минато. Од секоја наредна посета тој бара повеќе и повеќе посакува повторно да ја почувствува младоста, но и да биде прифатен како млад човек.
ДЕНЕС Е ПЕТОК - Ернест ХЕМИНГВЕЈ
Маж и жена во љубовна расправија, млад војник на испрашување кај претпоставениот, девојка која доживува разочарување во својата прва љубов, старец кој седи пред реката не можејќи да го помине мостот и да го остави целиот свој живот зад себе, млади луѓе во вителот на граѓанската војна во Шпанија
JАС ЖЕНА - Ката МИСИРКОВА-РУМЕНОВА
Сите раскази од оваа збирка носат во себе една оригинална животна приказна - за потрагата по љубов и по сродна душа, за осаменоста, затвореноста во себе, зависта и злобата што не ни даваат да погледнеме со отворено и чисто срце околу себе, немањето време за дружење, презафатеноста на родителите, запоставеноста на децата... и за сите последици што произлегуваат од тоа.
ЛЕТО - Џон ГОЛСВОРДИ
Длабока и потресна приказна за заплетканите патишта на љубовните чувства, но и за моќта на човековото срце да се избори за нив. На една прошетка во Хајд парк, младиот вајар Марк Ленан случајно се запознава со убавата Олива Кремир.Меѓу нив веднаш блеснува искрата на љубовта, која ја разгоруваат на летување во Монте Карло. Меѓутоа, на патот на таа љубов стои една голема пречка – Олива е мажена. Настанува мачна и сложена ситуација на забранета љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

sunrise

Нов член
27 јуни 2012
1
3
3
32
"Портата од кафезот" - Кејти Хикмен

Магична, длабока приказна што не води во харем од шеснаесетиот век - директно во светот со егзотични, интригантни карактери.
Прекрасна книга во која е опишана приказната што е скриена околу четиристотини години за една девојка по име Силија. Авторката на мошне сликовит и возбудлив начин ги прикажува интригите во харемот, напнатите ситуации помеѓу робинките
index.php
и надлежните во харемот, забранетата љубов, желбата и борбата за слобода,..
Уживајте! :)portata od kafezot.jpg
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
„Момчето во пижами на риги“-Џон Бојн
Малиот Бруно е принуден да го напушти својот дом во Берлин, заради работата на татко му. Тој не знае што всушност работи татко му, но знае дека е важен човек бидејќи носи убави униформи и на гости им доаѓа Фуријата, оној кој ја води државата. Во новиот дом нема пријатели, всушност наоколу нема ништо освен една „фарма“ која е заградена и има многу мали куќички и многу деца кои си „играат“ и чад кој всушност не е запалено ѓубре, како што тој мисли. Бруно сака да истражува, но многу работи не му се дозволени, а најстрого забрането е да се приближи до „фармата“. Еден ден одлучува и покрај се да оди таму, каде што го запознава својот нов најдобар пријател кој носи пижами на риги исто како и останатите луѓе во „фармата“. Неговиот нов пријател е од Полска, како и повеќето таму, фармата всушност е логор, а Бруно сега живее во место чие име не можи да го изговори правилно, па го нарекува „Аувиц“.
Многу потресна приказна за едно невино дете, кое ќе настрада буквално од сопствениот татко кој е еден од командирите на Хитлер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and Saladin

Verica995

Нов член
19 јуни 2012
2
10
3
29
Игрите на гладните- Сузан Колинс
Бо руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем еКапитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад.
Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваатИгрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути
и се испраќаат во Капитол.
Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија.За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.
Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени.
Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.
Книгава е многу убава има уште 2 дела, ако го прочитате првиот дел нема да останете рамнодушни, и ќе сакате да ги прочитате и другите 2 дела. Ви ја препорачувам.
2 дел е Раѓањето на огнот
3 дел е Мокинџеј
 

Marija Maca

Нов член
28 јуни 2012
1
0
1
40
Najtoplo vi ja gi predlagam za ova leto knigite ,,RINGISPIL,, na Jelena B.Alimpik i ,,DVAESETATA SOPRUGA,,na Indu Sunderasen.Definitivno prekrasni knigi koi nmozebi ke zvuci kako klise no navistina se citaat vo eden zdiv.Iiksrena da bidam nekako gi doziveav kako zenski knigi :)

Najtoplo vi gi predlagam knigite ,,RINGISPIL,,na Jelena B.Alimpik i ,,DVAESETATA SOPRUGA,, na Indu Sunderasen.Mozebi ke vi zvuci kako klise no navistina se citaat vo eden zdiv iako se malku goelmki :)Inaku licno jas gi doziveav kako zenski knigi:)nema da zazalite procitajte gi :)
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Кодот на Да Винчи - Ден Браун
filesfilecode_0.jpg


Многу добра книга, Браун толку добро ги доловил и објаснил сите моменти што добиваш чувство дека и ти си на местата на настаните.
Книгата е преубава и подобра од филмот, затоа ако некој не го погледнал филмот и не ја прочитал книгата, нека почне прво од неа.. Се раскажува за Роберт Ленгтон кој при својата на Париз ќе дознае дека во музејот Лувр е убиен еден кустос кој имал загадочен код. Овде во Лувр се сретнува и со французинката Софи и заедно двајцата ја почнуваат потрагата за разрешување на загатката и откривање на кодот. Во содржината преовладуваат преплетени и неизвесни дејствиа до самиот крај..Ги очекува голема битка и борба со сите замешани во тајната на Сионскиот приодиум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Anabel-a

Истакнат Член
1 март 2012
2
2
303
30

Невеста во Борџии - Џин Калогридис.
Пред да ја почнам мислев дека е уште еден во низата досадни историски романи, во кој освен историски факти и досадни случки нема да сретнам ништо друго, се излажав. Преубава книга, се чита дефинитивно во еден здив, јас како што ја земав три дена од раце не ја испуштив. Борџиите како главна тема и инспирација во романов, проследено со сите блудничави постапки на папата Александар, ве носат низ едно патување во стариот Рим заедно со добродушната Санча од Неапол и нејзиниот брат Алфонсо.

Добрата и великодушна, а помалку и ладнокрвна Санча од Арагон пристугнува во Рим како сопруга на незаконскиот син на папата а со самото тоа станува и дел од нивното бескруполозно семејство. Нејзиниот сопруг Алфонсо иако е прифатен од папата Александар како негов син, тој сепак нема никакво право на збор во палатата во Ватикан. Приказна испреплетена со љубовни измами, страст и недоличниот инцест помеѓу папата и неговата ќерка убавата Лукреција и помеѓу Лукреција и нејзиниот брат распуштениот и злобен Чезаре. И покрај сите несреќни моменти доживеани во Ватикан, Санча не се предава и на крајот ќе се одмазди на папата и на Чезаре за убиството на брат и Алфонсо, помогната од отровната напивка кантерлата.

Вреди да се прочита!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and redhead

Sara Somerhalder

Нов член
28 јуни 2012
1
0
1
27
Го сакам Њујорк - Линдзи Келк

Чик литература која ќе ве воведе барем на момент во ,,водите'' на градот што никогаш не спие. Њујорк како главна и испиративна тема се опишува како град во кој сите соништа се остваруваат. Град во кој ќе ја најдете утехата пропратена како резултат од измамата на својот љубовник. Анџела, млада и успешна жена на денот на венчавката на својата другарка ја наоѓа својата ,,втора половина'' мамејќи ја во нивниот автомобил со друга исто атрактивна жена. Разочарана, скршена и убедена во својата беда, реагира контрадикторно на убедувањата од својот дечко. Таа решава да го промени својот живот од корен и се сели во Њујорк на некое време. Тука започнуваат сите авантури ...

Toпло ја препорачувам на сите, како еден вид на освежувавање на овие жешки летни денови. Never enough from books...


go-sakam-njujork.jpg
 

Ivana.

Нов член
28 јуни 2012
1
2
3
Дали ме чекаш? - Гијом Мисо

c5a175aba0379f53147c206dbc1c8dac_l.jpg

Еден единствен потег беше доволен да смени се. Кој никогаш не мечтаел да се врати во тој одлучувачки миг каде среќата беше возможна?? Сан Франциско. Младиот лекар Елиот никогаш не се помири со исчезнувањето на Илејна, жената што ја сакаше, која умре пред триесет години. Еден ден, под специфични околности, тој е одведен назад и се сретнува со еден млад човек, кој беше, од времето од пред триедет години. Тој се врати во одлучувачкиот миг, каде со еден негов потег можеше да ја спаси Илејна. Едно запрепастувачко соочување во четири очи. Една потресна љубовна приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида and Legioner

geisha

Нов член
28 јуни 2012
1
0
1
27
„Самрак“ -Стефани Мајер ...позната како Twilight..поопширна е опишана приказната за Бела и Едвард..во овој дел се опишува запознаањето на Бела и Едвард.. првите нивни состаноци...и откривањето на вистината на Едвард сепак тоа не ја спречува неа да го сака се повеќе и повеќе...Џејкоб е љубоморен на тоа и се противи кон врската на Едвард и Бела...:)