Предлози за книги - Со кратка рецензија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
On Chesil beach - Ian McEwan.

Ако у старт сметате дека ова е уште една љубовна зашеќерена лимунадка, се лажете горко. Ова е она што реалноста го нуди во љубовниот живот. Страв. И тоа не било каков... Наивен страв. Страв од изменување на себе, од губење на сопственото его, од угодување на другата страна со прашањето - „а дали сум јас доволно добар/ра за него/неа“. Од срамот од самиот себе како постоење. Сместено некаде во 60тите во англија, животот на двајца љубовници тукушто е крунисан со брак. Во првата брачна ноќ тие се плашат од најстрашното за нив - губењето на нивната невиност. Трагајќи наназад по корените на нивниот живот се запознаваме со тоа во какви личности може да се изградат со можностите кои оптеството им ги нуди. Иако постојат дијаметрални спротивности, тие сепак се запознаваат меѓу себе. Останува уште да се препознаат.
Неверојатен роман, далеку од она што денес се нуди како ромнтична литература. Обземено со реалноста колку стравот е способен да го смени текот на животот. Поготово оној неоправданиот страв.

Од мене има една солидна 9ка.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Предлог книга: Ли Чајлд - Работи за кои вреди да се умре

Постои убиствена вознемиреност во дивините на Небраска... и Џек Ричер се вплеткува во неа. Прво е насамарен од Данканови, локален клан кој ја потчинил целата земја. Но Ричер не може да го заборави нерешениот случај на загинато осумгодишно девојче, стар веќе со декади.

Данканови сакаат Ричер да исчезне или да загине. И не само тоа, тие сакаат да ги скријат тајните во минатото. Тие очекуваат тајна пратка која веќе доцни, а имаат муштерии кои никој не би сакал да ги налути. Колку и да се опасни Данканови, тие се на дното на синџирот на исхрана кој се протега низ целиот свет. Ричер, со лузни и претепан, треба да замине понатаму. Но, тоа за него е невозможно.
li-cajld-raboti-za-koi-vredi-da-se-umre.jpg


„Работи за кои вреди да се умре“ е еден вид на експлозивен трилер каков што може да напише само Ли Чајлд и во кој само Ричер е единствениот кој ќе преживее. Возбудлива книга која ниту еден љубител на неизвесносното не би сакал да ја пропушти.

Сакате да ја добиете оваа книга на подарок?

Испратете ја вашата предлог книга во рамките на оваа тема.
Во петок (27.07.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
 

NaDi131

Нов член
23 јули 2012
1
0
1
Мојот совршен господин

Прекрасен спој на врвот на женската фантазија и современата реалност... На едноставен и суптилен начин авторката успева да ги извади на виделина женската будалештина но и длабоката чувствителност.
Со лесен стил на читање, ќе успее да ве прошета низ најдлабоките мисли и чувства на една современа дама...

moj_gospodin_savrseni.jpg
 

Прикачувања

  • moj_gospodin_savrseni.jpg
    moj_gospodin_savrseni.jpg
    42.2 KB · Прегледи: 1

девојкатаовен

Полноправен Член
12 јуни 2012
50
50
18
29
Zena-vo-crveno-golema.gif
Овој пат ќе ја препорачам „Жена во црвено“ од Ејлин Гоуџ. Книгата е како мрежа сплетена од повеќе конци кој секој сам по себе е одвоен настан. Што ќе му сторите на оној кој го прегазил вашиот син? Како тоа ќе се одрази врз другото дете? Лесно ли е да се почне животот од почеток?
Алис, хероината на овој роман, треба да ги одговори овие прашања, треба да избори со животот зашто среќното семејство од пред 9 години го нема. А убиецот на нејзиниот син не го испратила два метра под земјата туку на градоначалничкиот престол.
Содржи делови кои му даваат трилерски шмек на романот. Најинтересен ми беше фактот „да бидеш љубовница на внукот на љубовникот на баба ти“ (мухаха, детинесто ама шо да праам, таква сум).
Како шо почнав цела ќе ви ја раскажам, ама не е тоа финтата, а ако сакате повеќе да знаете право у библиотека или книжара, нема да се покаете !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Macci

Нов член
23 јули 2012
1
1
1
30
Би ви ја препорачала "Папата Јована" од Дона Вулфолк Крос.. Книга која што секој човек мора да ја
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида
23 јули 2012
1
0
1
48
Мој предлог за книга е „Потрага по Атлантида“ од писателот Енди Мекдермот, а во идание на издавачката куќа Детска Радост. Одлична авантура која започнува на врвовите на Тибет, откривајќи ја најскришната тајна на нацистите, „врвната легенда за Атлантида“. Книга која се чита во еден здив.
 

Valentina

Нов член
23 јули 2012
1
1
1
28
Ако го дочекам утрото- Сидни Шелдон. Прекрасна книга која зборува за тоа како човек може целосно да се промени.Главниот лик Трејси Витни е прекрасна и скромна млада девојка со висок степен на интелегенција.Откако ќе биде измамена на ист начин како и нејзината покојна мајка од страна на изопачени но многу моќни луѓе таа планира одмазда.Одмаздувањето ќе биде успешно но тоа ќе биде само еден почеток затоа што животот понатаму ја наведува да оди по многу поопасни патишта.Најтешкото за неа е највозбудлив предизвик затоа за читателот оваа книга е една прекрасна авантура која комплицираното го претвора во едноставно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Ништо не трае вечно - Сидни Шелдон

Прекрасна книга за три докторки, нивниот живот, амбициите и нивните сништа. Ми се допадна затоа што започнива со крајот, односно, со судењето на една од докторките - Д-р Пејџ Тејлор.
Се изнесуваат доказите. Сведоците сведочат против неа. Во еден момент и самите би ја осудиле. Но работите не се баш така како што изгледаат... Потоа следува ретороспектива на настаните коишто ни покажуваат дека не треба да избрзуваме и да осудиваме без целосно да ги знаеме работите.

Уште една добра книга на Шелдон која би ја прочитале во еден здив..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed