Предлози за книги - Со кратка рецензија

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ај вака измеѓу наградниве игри да си прашам јас (пошо гледам има многу bookaholics): Ја има некој прочитано книгава? Вреди да се чита или да не си го трошам залудно времето?
_________________4e3fd1707b125.jpg
 

Bellisima

Нов член
18 јуни 2012
3
0
1
Се што останува - Патриша Корнвел

Авторката раскажува за 10 убиства односно 5 млади парови. Никој не знае кој е убиецот и која му е поентата за да ги убива. Под сомнение лекартака Кеј ќе исплете пајакова мрежа за да го фати убиецот.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Дениција - Петре М. Андреевски е заглавив со македонскиот Пабло Коељо што да правам ми се допаѓа неговиов стил. Кој не ја прочитал одма да ја прочита!
 

Ivanka

Нов член
24 јуни 2012
2
0
1
30
Последната кашмирска роза - Барбара Клеверли...

Во него е претставена Индија во периодот од 1922 година во која британците ги живеат деновите од последниот процут на царството.​
Во Паникат, место недалеку од Калкута, жените на офицерите на Бенгалскиот коњички полк насилно умираат! Секоја година по една, и тоа секогаш во месецот Март... Единствената врска со овие мистериозни убиства се малите црвени рози што уште помистериозно се појавуваат на гробовите на умрените жени...Вреди да се прочита..прекрасна е..
 

Ivanka

Нов член
24 јуни 2012
2
0
1
30
Лавиринт - Кејт Мос

lavirint%20-kate%20moss.jpg


По советот на She да го надополнам постот :)


" Возбудлива археолошка приказна која ги пречекорува временските граници откривајќи ја судбината на религиозното семејство и заветот кој судбоносно ги следи, овде се спомнува и богомилското движење на балканот кој се поврзува со нивната таканаречена " секта " која сака да го открие вистинското значење на светиот грал, како и борбата да се зачува од оние кои поинаку ја сфаќаат неговата вечност. Интересна динамична приказна која носи исчекување со секоја свртена страница, вреди да се прочита. "
- Ова ме мотивираше мене да ја прочитам, се надевам и Вас ќе ве заинтересира :)
Jas ja iam procitano..prekrasna e..me voodusevi :D
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Најпопуларниот серијал за вампири во Просвено дело

najpopularniot-serijal-za-vampiri-vo-prosvetno-delo.jpg


Станува збор за првиот тинејџерски серијал за вампири. Првата книга е објавена во 1991 год. и досега се објавени седум продолженија. Само во Северна Америка се продадени повеќе од три милиона примероци, а серијалот е објавен во дури 30 земји. Од 2009 год. започна емитувањето на мегапопуларната ТВ-серија Вампирски дневници базиран на овие бестселери.

Вампирските дневници првпат се објавени во 1993 г. и реобјавени во 2001. Поради континуираниот успех, овој серијал денес има култен статус. И по реобјавувањето во 2007 г., Вампирските дневници повторно се бестселер!

Поради огромниот успех и на серијалот и на ТВ-серијата, издавачот Харпер Теен и авторката Ел Џеј Смит потпишаа договор за нови продолженија на Вампирските дневници насловени како Дневниците на Стефан според кои ќе се снима и ТВ-серија.

Смит ќе напише и нова трилогија поврзана со Вампирските дневници насловена како Враќање.
Вампирските дневници беа на листата на бестселери на Њујорк тајмс над 35 недели и преведени се во над 30 земји.

najpopularniot-serijal-za-vampiri-vo-prosvetno-delo-1.jpg





БУДЕЊЕ-1
Елена Гилберт е најпопуларната девојка во средното училиште
"Роберт И. Ли". Со почетокот на новата учебна година пристигнува таинствениот, но мошне привлечен странец Стефан Салваторе. Решена да го освои Стефан, Елена открива страшна тајна...
Во времето на ренесансата, во Фиренца, Стефан живеел како човек. Љубовта кон убавата Кетрин го направила вампир. Но, Кетрин ја сакал и неговиот постар брат Дејмон. Соперништвото помеѓу Стефан и Дејмон продолжува да тлее со векови.
Препознавајќи ја Кетрин во Елена, двајцата браќа повторно се на двобој еден против друг.


najpopularniot-serijal-za-vampiri-vo-prosvetno-delo-2.jpg

БОРБА-2
Елена се обидува да го спаси животот на Стефан, а Дејмон не се откажува од обидите да го добие нејзиното внимание...
Настојувајќи да одолее на моќите на Дејмон, Елена открива дека исчезнал нејзиниот дневник, а во него се напишаните и нејзините најмрачни тајни... Оттогаш веќе ништо не е исто... На прагот на есента Елена ги става на коцка и својот живот и својата љубов...
Во оваа книга се` се менува и Елена никогаш повеќе нема да биде иста!


najpopularniot-serijal-za-vampiri-vo-prosvetno-delo-3.jpg

БЕС-3
Будејќи се од смртниот сон, Елена е преобразена. Но преобразбата не е конечна... Дејмон конечно успева да ја придобие. Но, дали желбата за одмазда кон Стефан е посилна од слаткиот вкус на победата?
Стефан е скршен по губењето на Елена и подготвен е на се` за да ја освои повторно. Но, кога ќе открие дека неговиот брат не му е единствениот непријател, тој и Дејмон ќе мораат да ги здружат силите против непознатиот непријател за да ја заштитат личноста која двајцата ја сакаат. Елена уште еднаш се бори за живот...


najpopularniot-serijal-za-vampiri-vo-prosvetno-delo-4.jpg

МРАЧНО ОБЕДИНУВАЊЕ-4
Трудејќи се до го одржи ветувањето што и` го даде на Елена, Стефан ги здружува силите со својот брат, но смртта што ќе следува повторно ќе ги фрли во омраза...
Уште многу мистерии и зло се кријат во Фелс Чирч, а најголема закана е еден припадник од редот на Дрвените вампири... Кулминацијата се случува ноќта на летната рамнодневица, кога мртвите души слободно талкаат во светот на живите...

Сакате да ја добиете првата книга - БУДЕЊЕ на подарок?

Испратете ја вашата предлог книга со краток опис зошто ја препорачувате.

Во петок (29.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги во продолжение на оваа тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: aleks_vel

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Е оваа книга највеќе ми прави мерак ја гледам серијата, а една од книгите зачитав во електронска форма но не сум е-книгите и ја оставив, па сега ќе си ја пробам среќата :giggle

Мислев, мислев и решив да ја препорачам последната моја прочитана книга Перфектна хемија, мнгоу ми се допадна допадна рецензијата на еден сајт и од саемот ја купив, ме чекаше на полицата, но сё немав време. Во еден досаден ден почнав со читање, на почетокот досадна ми се виде бидејќи беше пишувана како работите ги согледуваат двајцата ликови. По неколку страни се соживеав со приказната и ме тераше да ја читам секоја наредна страна.
Во книгата е опишан животот на двајца тинејџери, таа која е "перфектна" и тој "мангупот", но всушност тоа се само маски. Кога еден проект по хемија ќе ги спои, ќе се запознаат самите себе си и ќе сфатат колку се слични.
 

Sonja93

Нов член
25 јуни 2012
1
1
1
30
Skopje
На Крајот на Виножитото - Сесилија Ахерн :)



Интересна книга, се работи за пријателство помеѓу момче и девојче, пријателство кое трае цел живот, секогаш се тука еден за друг без разлика колку се оддалечени.. Успеа да разбуди толку чувства преку писма, и докажа дека вистинската љубов ќе ја најдеме, порано или подоцна.. :)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

aleks_vel

Нов член
25 јуни 2012
1
2
3
39
Konecno interesen serijal , slicno od tipot na Twilight serijalot.
Spored mene deka veke se zapocnati letnite odmorite, potrebno ni e na site nas nekoja lesna kniga za citanje koja ke ne odmori na soncevite zraci i pesocnata plaza, relaksacija za nasite mozocinja :)
Pa za dolgo i toplo leto, Vi preporacuvam:
"Vistinata za Vecnosta" od Sara Desen / "The truth about forever" - Sarah Dessen
Jas ja procitav na angliski jaizk, a za prevod na makedonski i nase izdanie ne sum sigurna dali ima.
Kniga ispolneta so ljubov, taga, negiranja, i site tie cuvstva i delcinja od sekojdnevniot zivot taka razdeleni na milion parcinja, a na krajot sepak se vplotuvaat vo edno.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: aneta and sherlocked