Игрите на гладните- Сузан Колинс
Бо руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад.
Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваатИгрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути
и се испраќаат во Капитол.
Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија.За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.
Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени.
Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.
Книгава е многу убава има уште 2 дела, ако го прочитате првиот дел нема да останете рамнодушни, и ќе сакате да ги прочитате и другите 2 дела. Ви ја препорачувам.
2 дел е Раѓањето на огнот
3 дел е Мокинџеј