Предлози за книги - Со кратка рецензија

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Дечки сакам на сите да ви се заблагодарам за предлозите.
Вкупно во конкуренција за книгата влегоа 41 член.

Добитник на книгата е christinna а подолу се скриншотовите од начинот на кој што беше избрана.

Значи сите членови беа додадени во табела со реден број, а потоа преку сајтот www.random.org е избран еден број, односно добитникот на книгата.

Те молам christinna испрати ми точно име и презиме во приватна порака, за да го препратиме во Просветно дело.

П.С. Доколку некој не е во листата со можни добитници, тоа е или бидејќи не напишал препорака, туку само наслов од книга, или поради копи-пејст на препорака од друг сајт.

П.С. Очекувајте нова наша препорака и можности за освојување на друга книга наскоро.

Отвори ја прикачената датотека 7989
Отвори ја прикачената датотека 7990
А дали ќе ни важат истиве препораки за новата книга? :)
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Предлог книга: Раџ Кумар - Патот на честа

radz-kumar-patot-na-cesta-1.jpg


Приказна за љубовта, лојалноста, интригите и нетрпеливоста, сместена во Саудиска Арабија.
Генералот Фархан ел Балавие е лојален војник во армијата на Саудиска Арабија и посветен татко на својата ќерка Марјам, со чија умешност и слободен дух посебно се гордее. Таа е единственото дете кое му останало во животот. Неговиот постар син умрел, а помладиот го напуштил семејниот дом за да побара поинаков живот во Америка.

radz-kumar-patot-na-cesta-2.jpg


Меѓутоа, и покрај својата љубов кон семејството, гордоста кон арапското потекло и приврзаноста кон исламот, Марјам копнее да го продолжи образованието на некој европски универзитет. Кога Фархан ќе реши дека Марјам мора да се мажи за синот на човекот кој му го спасил животот, а за кого е ветена од детството, таа решава да го задуши разочарувањето и да се покори на желбата на нејзиниот татко.
Тогаш ќе го запознае Џо, забар и Американец со еврејско потекло. Тие мечтаат за слобода и заеднички живот. Меѓутоа строгата верска полиција Мутава е се` поблизу до Џо, а кога Марјам ќе открие дека е бремена, нивната тешка и неизвесна борба тукушто започнува.

Сакате да ја добиете оваа книга на подарок?

Испратете ја вашата предлог книга со краток опис зошто ја препорачувате.
Во петок (22.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги во продолжение на оваа тема.
Напомена: Колку вашата препорака е поубаво напишана, толку се поголеми шансите да ја добиете книгата на подарок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Nightmare_f

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
"Ќерката на чуварот на спомените" - Ким Едвардс


Во овој роман се раскажува за вистинска приказна која започнува во една зимска ноќ,
кога неверемето го принудува младиот и успешен лекар сам да ја породи својата љубена жена.
Се раѓаат близнаци,а потоа една избрзана одлука неповратно го менува животот на сите ликови во овој роман.

Брилијантна книга во која се опишани таинствените врски што го држат семејството заедно.За пожртвуваноста, стравот, загубата, за лагата и каењето, за искупувачката сила на љубовта.

Книга на необични и силни емоции, што проникнуваат во човечката сила и душа и пренесуваат една порака: дека, без оглед на се што преземаме ние, нашето минато никогаш нема да престане да ја прогонува нашата иднина.
 

Nevena

Нов член
18 јуни 2012
1
0
1
Zdravo na site jas vi predlagam da go procitate francuskiot bestseler STO BI PRAVEL JAS BEZ TEBE nema da vi zboruvam za sodrzinata no ke vi kazam deka sudbina postoi duri i denes koga covek ne veruva vo nisto poz....
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Загубниот симбол од Ден Браун е прекрасен трилер за масонските тајни и откритија кои водат до една невозможна и незамислива вистина :)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ана Балинт - балерина со нежно тело и џиновски дух.... Знаеше дека го сака него, единствениот , со страсна длабока и чиста љубов. Сите останати љубови во нејзиниот живот беа само бледа копија на тоа незаборавно чувство за блискост, таа припадност кон друга душа, во која се скриени нејзините огледала.

Силни емоции, елеганција, лирско изразување, грациозноста се соединуваат во романот „РИНГИШПИЛ“ напишан од рацете на Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Оваа книга ја прочитав минатата година, и сега додека ја пишувам оваа препорака повторно го доживувам животот на Ана Балинт. Нејзината приказна не е само во црна и бела боја, иако така ќе ви изгледа, пронајдете го целиот спектар на виножито кое го крие овој роман.
Темата и целта на пишувањето не е само за една љубов, туку и за љубовта кон семејството, кон родниот крај, кон сеќавањата на стариот рингишпил, љубовта кон ангелите чувари кои ни ги праќа животот во форма на наши верни пријатели и љубовта кон самите себе.
Една реченица никогаш нема да ја заборавам ,а таа е кога ја прашуваат лекарите Ана во стари години , болна од тешка болест проследена со огромни болки и исцрпена од тешкиот живот, дали чувствувате болки? одговорот беше ... Недоволно!!! Секој друг обичен напатен човек би рекол доста е, неможам, подобро да умрам само да престанат сите болки.... таа одговори со НЕДОВОЛНО. Прочитај те ја оваа книга и разберете што се крие позади тоа “НЕДОВОЛНО“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril

danimax

Нов член
18 јуни 2012
1
2
3
50
Моќта на потсвеста

Вреди да се прочита мислам дека на многумина може да им го смени животот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Јована

Elenka

Нов член
18 јуни 2012
1
0
1
Еве еден интересен предлог од мене :)
Насловот на книгата е "Јужно од границиата,западно од сонцето" од еден јапонски автор Харуки Мураками .

Книга за најдлабоките чувства ,за моментот кога минатото и сегашноста се допираат и преплетуваат а иднината е неизвесна.
"Човекот може,со самиот факт дека е жив , да уништи друго човечко битие засекогаш.И кога тоа ќе се слуши,личноста што ја сторила штетата е исто така , засекогаш повредена.."