Сфатив дека во лето претпочитам да читам лесни тралалајки на англиски кои претежно се вртат околу високите кругови на американското општество:
Lipstick Jungle, One Fifth Avenue и
Trading Up од авторката на Сексот и Градот се супер занимливи книги за жени кои на ваков или онаков начин пробуваат да успеат во Њујорк. Во тој стил е и книгата
Bergdorf Blondes од Plum Sykes.
Adultery Club е книга во која се раскажува за неверството на еден маж, но интересното тука е што секое поглавје се раскажува од перспектива на различните главни ликови (сопругот, сопругата, љубовницата). Совршена за на плажа е белетристиката на Џеки Колинс, а се толку лесни за читање што се читаат во еден здив, последните кои ги имам прочитано се
Lovers and Players и
Drop dead beautiful.
Од друга страна трилерите ми се слабост. Минатиот одмор ми се налутија луѓето со кои бев затоа што не можев да престанам да читам
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Станува збор за книгата
The Trials of Nikki Hill. Не кажувам повеќе
Апсолутен фаворит ми беа и
Twilight книгите (немаат допирна точка со филмовите) пред 3 години кога за 3 недели ги прочитав сите 4 (~2,000 страници).
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)