Предлози за книги - Со кратка рецензија

Majja

Нов член
18 јуни 2012
1
1
3
39
Ja preporacuvam JADI MOLI SE UZIVAJ - Elizabet Gilbert, koga ja citas cuvstvuvas kako avtorkata da ti e najdobra prijatelka...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

arslanovska

Нов член
18 јуни 2012
1
0
1
42
Ова се моите топ 5 книги за овој месец,бидејќи успеав да ги прочитам за многу кратко време...

Тринаесет часа........ возбудлив трилер,за оние кои сакаат детективски книги
Го сакам париз.....романттична авантура,преполна со сплетки
Питач пред вратата........книга која не ве оставана мир додека не ја прочитате
Точка на кулминација......трилер помешан со многу љубовни сцени
Последниот завет........мистеријата за последниот завет на аврам
 

emilijapp

Нов член
18 јуни 2012
1
1
1
41
КНИГА ЗА ЖЕНАТА - ОШО
Според Ошо, жената е мистерија (како и животот) и не треба да биде разбрана, туку сакана.
Пробајте да ја прочитате, без разлика на полот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Bellisima

Нов член
18 јуни 2012
3
0
1
Сестри - Даниела Стил
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер

Во овие две книги е опишана приврзаноста кон семејството. Она што ги прави овие книги прексрасни, да ја земеш и да ја прочиташ во еден здив, е тоа што авторките умешно ги преточиле храброста, упорноста, љубовта и издржливоста во нешто што вреди да се прочита и на некој начин да се осети. Емоциите ниту во едната ниту во другата не се изоставени. Книги кои можат да ви послужат како совет како треба да се грижите за вашето семејство.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Shit My Dad Says од Justin Halpern

7821447.jpg


Се започнува со коментарите на таткото на авторот на оваа книга. Џастин ги постнува на Твитер и пополека стануваат популарни и сакани. Тој ги претвара во книга со раскажување на околностите при кои тие се кажани.

“You came out of your mom looking like shit. She thought you were beautiful. Don’t know what scared me most, your looks or her judgment.”
“See, you think I give a shit. Wrong. In fact, while you talk, I’m thinking; How can I give less of shit? That’s why I look interested.”
“You can watch the house while I’m gone. Just don’t call me unless something’s on fire, and don’t screw in my bed.”
“The whole world is fueled by bullshit… What? The kid asked me for advice on his science fair project so I’m giving it to him.”
“Everyone thinks their opinion matters. Don’t argue with a nobody. A farmer doesn’t bother telling a pig his breath smells like shit.”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Sabina

Нов член
19 јуни 2012
2
6
3
36
Хит серијалот Слатки мали лажливки од Сара Шепард.
Ова е мојот избор за предстојните летни денови и знам дека ќе уживам во нив затоа и ви ги препорачувам. :)
Доколку ви се допаѓа популарната ТВ серија „Pretty Little Liars“ (Убави мали лажливки), тогаш со сигурност ќе уживате и во четирите продолженија во печатена форма.
1. ДЕЛ – СЛАТКИ МАЛИ ЛАЖЛИВКИ

1-slatki-mali-lazlivki-vo-serijal-od-4-slatki-knigi-www.kafepauza.mk_.jpg


Секој има нешто што сака да го сокрие – особено средношколките Спенсер, Арија, Емили и Хана.
Спенсер копнее по момчето на сестра ù. Арија фантазира за својот професор по англиски. Емили е „зацапана“ во новодојдената девојка во училиштето. А Хана употребува некои гадни трикови за да остане убава.
Сите заедно криеја уште една многу поголема тајна откако исчезна нивната другарка Алисон.
Како знам? Бидејќи јас знам сѐ во врска со тоа колку лоши девојки беа и колку безобразни девојки се сега. И знаете што? Знам точно. -А
2. ДЕЛ – БЕЗГРЕШНА

2-slatki-mali-lazlivki-vo-serijal-od-4-slatki-knigi-www.kafepauza.mk_.jpg

3. ДЕЛ – СОВРШЕНА

3-slatki-mali-lazlivki-vo-serijal-od-4-slatki-knigi-www.kafepauza.mk_.jpg

4. ДЕЛ – НЕВЕРОЈАТНА

4-slatki-mali-lazlivki-vo-serijal-od-4-slatki-knigi-www.kafepauza.mk_.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bellisima

The Reader

Нов член
19 јуни 2012
1
1
1
33
1984 Џорџ Орвел. Дефинитивно ја препорачувам на секој што сака да си ги отвори очите. Целосно ја отсликува нашата реалност. Ви ветувам нема да зажалите
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bellisima

Kristina94

Нов член
19 јуни 2012
2
5
3
30
Одлука - Николас Спаркс. Во оваа книга се работи за еден човек Травис Паркер кој има се што ќе посака. Тој не е женет, ниту милионер, но неговиот живот е авантуристички и исполнет. Има верни пријатели, куќа на брегот, работа која ја сака. Тој целосно ужива во својот живот и смета дека љубовта само би го попречувала неговиот начин на живот. Тоа е така се додека Габриела не стане негова сосетка. Тој е љубезен со неа , но таа има нешто против него и е дрска и безобразна. Габриела има и момче. Несакам да ви ја откријам целата приказна, но затоа можам да ви кажам дека книгата е поделена на два дела пред и потоа. Во пред делот тоа е забавна, романтична комедија , а во потоа делот работите се менуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sabina and WomanInRed

Am.I.L.A

Нов член
12 јуни 2012
4
6
3
33
Купохоличарка во странство - Софи Кинсела

Доколку сакате малку разонода и да заборавите на грижите и проблемите околу вас, слободно можете да ја прочитате книгава и да се фокусирате на проблемите на купохоличарката. Оваа книга има 5 дела, и сите се добра разонода за на плажа.
Хумор, шопинг, љубов, релаксација. Мене ми се допадна.
Повелете, прочитајте ја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sabina

Am.I.L.A

Нов член
12 јуни 2012
4
6
3
33
Гордост и предрасуди - Џејн Остин

_________________4e4525910a0f0.jpg

Уште еден мој предлог, меѓутоа подобро би било ако разбирате англиски да си го прочитате оргиналот.
Положбата на жената во минатото, социјалниот статус кој полесно се остварува преку пари и венчавка, гордоста, предрасудите и нај на крај - љубовта.