Одлука - Николас Спаркс. Во оваа книга се работи за еден човек Травис Паркер кој има се што ќе посака. Тој не е женет, ниту милионер, но неговиот живот е авантуристички и исполнет. Има верни пријатели, куќа на брегот, работа која ја сака. Тој целосно ужива во својот живот и смета дека љубовта само би го попречувала неговиот начин на живот. Тоа е така се додека Габриела не стане негова сосетка. Тој е љубезен со неа , но таа има нешто против него и е дрска и безобразна. Габриела има и момче. Несакам да ви ја откријам целата приказна, но затоа можам да ви кажам дека книгата е поделена на два дела пред и потоа. Во пред делот тоа е забавна, романтична комедија , а во потоа делот работите се менуваат.