Предлози за книги - Со кратка рецензија

Tina Vergova

Нов член
12 јуни 2012
6
2
3
33
Radovish
Pekolni planovi od Sindi Seldon

Kniga koja pleni so svojot avanturisticki duh, koja ke ve nauci kako so hrabri cekori da pristapite i da zacekorite po trnlivata pateka na zivotot. Kniga koja ke ve nauci kako da gubite i pobeduvate i na kraj kako da ja ostvarite zivotnata cel ili sonot na roditelot vrvnata tocka kon koja se stremite, pritoa iskusuvajki gi zadovolstvata i iskusenijata koi zivotnata vrvica vi gi rezira. Ednostavno ucivajte i naucete kako od greskite da go postignete maksimumot i kako da se spavite so preckite vo zivotot.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Avona Vi

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Спутник љубов

Напната,слатка приказна за мокта на љубовта и љубовната болка.
Детективска приказна,во која ни е прикажен еден човечки копнеж.
Одамна ми е читана,знам дека многу ми се допадна.
 

Мации *

Нов член
19 јуни 2012
8
11
3
32
Bitola
Кажи кај да ја набавам? Се убив од барање. Знам дека ја има во библиотека ама не е тоа фората. САКАМ ДА ЈА ПОСЕДУВАМ!
(опсесивно компулсивен пост :rofl )

Стварно незнам каде можеш да ја најдеш, бидеќи и јас ја имав земено од библиотека :/
 

karen

Нов член
17 јуни 2012
24
14
3
cloud number 9
Папата Јована - приказ за животот на единствениот женски папа. иако историски не е потврдено дали навистина постоела книгата нема да можете да ја оставите. ќе ве држи од прва до последна страна.

Клетници - ремек дело на Виктор Иго. прекрасна книга која ќе ве натера да сочуствувате со ликовите и да посакате да бидете таму да им помогнете. доказ колку е добра книгава се многуте екранизации, последниот филм снимен по оваа книга премиера ќе има годинава.

Најсекси маж што постои - интересна љубовна приказна. додека ја читате ќе мислите дека гледате романтична комедија на страниците. нема да ве остави рамнодушни до последна буква.

УЖИВАЈТЕ
 

Emilija Zareva

Нов член
20 јуни 2012
1
1
3
43
PROCITAJTE!!!!!!!!11

Jedan mudri čovek je sedeo u publici i pričao šale.Svi su se smejali kao ludi.
Trenutak kasnije,ponovo je pričao tu istu šalu.Ovaj put,manje se ljudi smejalo.
Istu šalu je ponavljao iznova i iznova.Kada više nije bilo smeha u publici, on se nasmijao i rekao
" Ako se ne možete nasmejati istoj šali iznova i iznova, zašto onda iznova plačete na jednu te istu stvar ? "
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Камен на трпение - Атик Рахими
Една жена, муслиманка, веќе половина месец го лекува нејзиот маж, војник, ранет со куршум во вратот и лежи во кома (најверојтно, не е прецизирана неговата состојба) со подбивен поглед. Таа веќе петнаесет дена без престан му ја менува ќесичката, го бања, се моли, ја врти бројаницата, со надеж дека за возврат ќе добие некој знак дека е свесен и дека можеби ќе се опорави. Веќе живеејќи и според тактот на неговото дишење, таа психички се ицрпива и со последни сили се обидува да го одржи во живот. Заробена од состојбата на нејзиот маж, и од надворешните услови поради војувањето што врви по улиците, нејзиот маж почнува да го смета за камен на трпение(синге сабур) и започнува да му ги открива сите нејзините тајни, најпрвин за да го подбоцне него да покаже некој знак на живот, а подоцна со откривањето на најдлабоките тајни тоа исповедување станува нејзино ослободување.
На кратко, со стил лесен за читање, е опишана положбата на една жена и како таа се справува со тешкотиите во средината во која живее и како ги претрпува наметнувања од другите луѓе и законите на нејзината вера. Мудра книга со многу пресврти, на која во ниеден момент не можете да и го погодите крајот.
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
„Раскажи ми ги соништата“- Сидни Шелдон

Според мене една од најдобрите книги на Шелдон. Мистериозна до последниот збор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Antonija

Нов член
21 јуни 2012
1
0
1
32
"Зоја"-Даниела Стил
Преубав роман на Даниела Стил за војводката Зоја, роднина на руското царско семејство, која за време на Октомвриската револуција ги губи сите членови на нејзиното семејство, жива останува само нејзината баба која пребегува во Париз заедно со Зоја. Таму започнуваат нов живот кој ќе им донесе многу предизвици...
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Исповедта на една акушерка - книгава е вистинско ремек дело, приказна која излегува од сите граници на обичното и веќе прочитано.
Се започнува така што акушерката се самоубива, а нејзините две најдобри другарки (едната од нив нејзина полусестра иако поим нема за тоа) трагаат по причините за одлуката на другарка им да си го одземе животот. Копаат по нејзиниот живот за на крај да биде откриена разорна тајна која го менува целиот тек на приказната. Имено, акушеркава 12 години порано ја пораѓа едната најдобра другарка(полусестра и) додека таа е во безсознание, низ сплет на околности штотуку роденото дете и паѓа од раце и умира кршејќи го бебешкото вратче ...
Чувство на вина 12 години? Начин за да се искупи? 12 години сурогат мајка место акушерка? 12 години тајна закопана во сопствената градина заедно со мртвото бебе додека едно друго расте далеку од мајка си зошто било украдено и подметнато на друга жена? 12 години некој мисли дека ја има ќерка си до себе а во исто време некој ја бара истата? ...
Доволно открив... книгава едноставно вреди да се прочита.
Цели 455 страни прочитани во еден ден, едвај се одделував на кратки паузи од неа.

а изгледа беа повеќе од 12 години бе :\ ама важно тоа е муабетот де..
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Добитник на книгата за оваа недела - Раџ Кумар - Патот на честа е Kristina94

Во конкуренција влегоа сите членови кои испратија предлог за книга после мојата објава за доделување на оваа книга.

За да биде сè транспарентно, еве како беше избрана:

lista-ucesnici-2.jpg
dobitnik-2.jpg