Предлози за книги - Со кратка рецензија

Verica995

Нов член
19 јуни 2012
2
10
3
29
Игрите на гладните- Сузан Колинс
Бо руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад.
Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваатИгрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути
и се испраќаат во Капитол.
Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија.За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.
Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени.
Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.
Книгава е многу убава има уште 2 дела, ако го прочитате првиот дел нема да останете рамнодушни, и ќе сакате да ги прочитате и другите 2 дела. Ви ја препорачувам.
2 дел е Раѓањето на огнот
3 дел е Мокинџеј
8260-fcff11af36159e4df9bec0e0b0045498.jpg
 

Прикачувања

  • igrite_na_gladnite.jpg
    igrite_na_gladnite.jpg
    115.1 KB · Прегледи: 1

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Го сакам Њујорк-Линдзи Келк

Чик литература без која не поминуваат летните денови на плажа.
Едноставна и лесна за читање, книгата ве води низ улиците на Големото Јаболко.
Анџела Кларк на свадбата на својата најдобра другарка го фаќа своето долгогодишно момче со кое треба да се мажи како ја изневерува со ефтина блудница. И тоа во авотомобилот кој требаше да им биде семеен.
Ужасната од глетката и од сознанието дека не само момчето туку и пријателите ја лажеле цело време гледајќи ја во очи, Анџела ја бира единствената опција која и изгледа најдобро: да побегне. Во Њујорк.
Дури да трепне таа е веќе во авионот и лета за Њујорк во потрага по нов живот. Онаа Анџела која последните 10 години ги помина со еден ист човек веќе ја нема. Започнува сосем нов и поинаков живот од претходниот со нови пријатели и нови момчиња.

Книга која би им се допаднала на сите девојки, која се чита во еден здив. Книга полна со ситуации со кои ќе се соживеете, полна со тажни и комични моменти истовремено. Книга со која дефинитивно нема да ви биде здодевно.
А ако сте обожавател на делата на Софи Кинсела и на Сексот и градот, тогаш Го сакам Њујорк е задолжителна.
Исто така, после оваа би ви предложила да ги прочитате и другите делови: Го сакам Холивуд и Го сакам Париз-еднакво добри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Втора шанса -Даниела Стил

Фиона Монаган е најдобра од најдобрите во светот на списанијата! Таа е уредник на њујоршко модно списание!
Го среќава Џон Андерсон, њујоршки бизнисмен преку списанието!
Џон веднаш чувствува привлечност кон Фиона, но Фиона се двоуми кога станува збор за романса помеѓу нив двајцата: тие припаѓаат на два сосема различни света.Таа бара секаков бизарен изговор за да не се зближи со Џон, ниту со било кој друг маж.
Но како што секогаш се случува "спротивностите се привлекуваат" па наскоро двајцата се вљубуваат еден во друг!
Ова е прекрасен роман во кој овие двајца треба да се потрудат да ги тргнат настрана нивните разлики и да се справат со нивниот различен животен стил додека се заедно. Но додека го читате романот прашањето останува да виси во воздухот: Дали тие ќе успеат во нивната врска?
Овој пат Даниела Стил се надминала себеси со овој роман, пишувајќи за синдромот "спротивностите се привлекуваат" и проблемите кои се појавуваат во тој тип на љубовни врски. Додека Фиона го живее својот ексцентричен живот, а Џон го живее животот на привлечен богат бизнисмен, тие двајцата секако се создадени еден за друг!

Многу интересна книга, се чита во еден здив. Ја препорачувам посебно за оние кои обожаават љубовни романчиња.:)

vtorasansa (1).jpg
 

desim

Нов член
12 јуни 2012
6
5
3
31
Заточеник на небото-Карлос Руиз Зафон
(El Prisionero del Cielo)

Станува сбор за третото продолзение на приказната за величествената Барселона. Уште една маестрална креација на уштре помаестралниот писател.

La Sombra del Viento-Сенка на ветрот
El Juego del Angel-Играта на ангелот
El Prisionero del Cielo-Заточеник на небото zatocenik_na_neboto.jpg



хронолошки претставува третото продолжение на претходните две книги во кое се откриваат мрацни тајни од минатото како и поврзаноста на Фермин со Давид Мартин. Откриените тајни од минатото носат бура на чувства и збрканост.Маестрална приказна за вљубениците на зборовите на Зафон. Дело кое оsтава без зборови.
 

desim

Нов член
12 јуни 2012
6
5
3
31
Да се сака со отворени очи-Хорхе Букај


Приказна за двајца колеги психијатри Алфредо и Лаура кои се запознаваат на една конвенција.Сакајќи да напишат заедничка книга започнуваат со комуникација преку електронска пошта.Случајно младиот Роберт започнува да ги добива писмата кои Лаура мисли дека ги испраќа на Алфредо. И така Роберт започнува да ги чита писмата и сфаќа дека она што Лаура го пишува во писмата е огледало на неговата животна приказна која се повеќе го тера да се преиспита самиот себе.

da se saka so otvoreni oci.jpg
 

Мации *

Нов член
19 јуни 2012
8
11
3
32
Bitola
„ Негирање “ - Кит Аблоу
negiranje.jpg
Се случуваат убиства ( што се извршувани со отсекување на геиталите ) кои го доведуваат психијатарот Френк Клевенџер до случајот на неговиот живот, но и во борба за живот против сирепиот убиец. Секоја нова страна на книгата води до некои нови заблуди, загатки и очекувања. На почетокот осомничени се невини луѓе, но болничарот Тревор Лукас ( колега и симпатија на Кати, девојката на Френк ) му кажува на Френк дека сите тие убиства ги извршувала неговата девојка поради љубомора. Френк ја одведува Кати во психијатарска болница на лечење но никогаш не ја открива.

Книгата е преееедобра, во првата можна прилика ви препорачувам да ја прочитате, кога ќе почнете да ја читате нема да сакате да ја оставите ни на 15 мин .. :)
 

candy

Нов член
19 јуни 2012
1
0
1
28
Игрите на гладните- Сузан Колинс
Бо руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад.
Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваатИгрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути
и се испраќаат во Капитол.
Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија.За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.
Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени.
Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.
Книгава е многу убава има уште 2 дела, ако го прочитате првиот дел нема да останете рамнодушни, и ќе сакате да ги прочитате и другите 2 дела. Ви ја препорачувам.
2 дел е Раѓањето на огнот
3 дел е Мокинџеј
8260-fcff11af36159e4df9bec0e0b0045498.jpg
Книгава е навистина многу добра, интересен избор на книга!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
„ Негирање “ - Кит Аблоу
Отвори ја прикачената датотека 8269 Се случуваат убиства ( што се извршувани со отсекување на геиталите ) кои го доведуваат психијатарот Френк Клевенџер до случајот на неговиот живот, но и во борба за живот против сирепиот убиец. Секоја нова страна на книгата води до некои нови заблуди, загатки и очекувања. На почетокот осомничени се невини луѓе, но болничарот Тревор Лукас ( колега и симпатија на Кати, девојката на Френк ) му кажува на Френк дека сите тие убиства ги извршувала неговата девојка поради љубомора. Френк ја одведува Кати во психијатарска болница на лечење но никогаш не ја открива.

Книгата е преееедобра, во првата можна прилика ви препорачувам да ја прочитате, кога ќе почнете да ја читате нема да сакате да ја оставите ни на 15 мин .. :)
Кажи кај да ја набавам? Се убив од барање. Знам дека ја има во библиотека ама не е тоа фората. САКАМ ДА ЈА ПОСЕДУВАМ!
(опсесивно компулсивен пост :rofl )
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Сеќавање на моите тажни курви- Габриел Гарсија Маркез

Во моите деведесетти години одлучив да си подарам себеси љубовна ноќ со млада девица.“- вели новинарот кој е на прагот на смртта- Човек, кој првпат во својот живот се заљубил на 90 години, во млада девојка. Во својот живот спиел само со проституктки. Тие жени, кои тој ги нарекува моите тажни курви, тој ги запишува во својот список и се повеќе од петстотини. Девојката пак, која му ја продала својата невиност, го направила тоа поради своето семејство.
Љубов, претставена на малку поинаков начин, апсурден и невозможен, а за раскажувачкиот стил на Маркез, излишно е да коментирам.
 

Kristina94

Нов член
19 јуни 2012
2
5
3
30
УБИСТВО ВО ОРИЕНТ ЕКСПРЕС
Детективски роман во кој белгискиот детектив Хркул Поаро се соочува со мистериозно убиство во возот со кој патува . Додека возот Ориент-експрес е заглавен во снегот , добива задача да го реши случајот се до следната станица. Но секој од патниците во возот е потенцијален убиец. Дали тој ќе може да го пронајде убиецот за толку кратко време, треба сами да прочитате. Книгата ке ве држи во неизвесност се до самиот крај .. Се надевам ќе ви се допадне