Предлози за книги - Со кратка рецензија

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Во оваа тема може да побарате предлог за книга или да предложете некоја книга.

Кога предлагате некој наслов напишете и коментар зошто токму таа книга, што ви се допаднало кај неа, а што не и слично.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
-Прирачник за антиалкохоличари-Игор Џамбазов
-Клетници-Виктор Иго
-Алхемичарот-Паоло Коељо
-Сидарта-Херман Хесе
-Нарцис и златоуст-Херман Хесе
-Демјан-Х.Хесе
-Степски волк-Х.Хесе
овие први ми паднаа на памет....листата ќе ја надополнувам....:)
 
Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Лавиринт - Кејт Мос

lavirint%20-kate%20moss.jpg

По советот на She да го надополнам постот :)

" Возбудлива археолошка приказна која ги пречекорува временските граници откривајќи ја судбината на религиозното семејство и заветот кој судбоносно ги следи, овде се спомнува и богомилското движење на балканот кој се поврзува со нивната таканаречена " секта " која сака да го открие вистинското значење на светиот грал, како и борбата да се зачува од оние кои поинаку ја сфаќаат неговата вечност. Интересна динамична приказна која носи исчекување со секоја свртена страница, вреди да се прочита. "
- Ова ме мотивираше мене да ја прочитам, се надевам и Вас ќе ве заинтересира :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the law and Hexasto

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Предлагам кога веќе предлагате некој наслов да напишете и по некој ваш коментар зошто токму таа книга, што ви се допаднало кај неа а што не и слично.

Еве пример за ,,Лавиринт‘‘ од Кејт Мос, и јас ја препорачувам, има интересна приказна, неизвесна ама кога некој ќе ја види истата книга и ќе забележи дека е 550 страници може и нема да ја земе од икс причини. Затоа убедете не‘ зошто токму таа книга ја предлагате. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Selma

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
.

“Игра во `ржта“ - Селинџер. Книга за секој тинејџер кој се соочува со проблемот - изгубеност во морето. Книга слична на Странецот од Ками или повеќе на Дипломец (после и филмот со Хофман) од Чарлс Веб. За тип кој не знае што сака со себе но сепак има изградено некои норми во животот. Исто така за тоа колку парите некогаш не` оттргнуваат од вистинските вредности во животот, за извештаченоста во високите редови. Според мене, една од подобрите книги досега прочитани иако има некој лесен стил збогатен со троа мрсен речник. За сите љубители на филмот „Мирисот на жената“ со Ал Пачино ова мора да го прочитате.
 
Прекрасна книга. Ја обработувавме сега во 4та година и на мене лично многу ми се допадна :)
 
WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Втора шанса - Даниела стил
П.С. Те сакам - Сесилија Ахерн
Мојот господин совршен - Александра Потер
Дневникот на Ана Франк
Само на овие се сетив во моментов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the law and vlatko_sk

Deep Red

Нов член
25 февруари 2012
23
30
3
Битола
Јас би ви предложила да ја прочитате(посебно на женските) `Единаесет минути` од Пауло Коелјо, мене искрено премногу ми се допадна и ми остави впечаток.
Ги имам прочитано повеќето книги од П.К. воедно сум и негов фан, ама оваа книга ми оставни нојголем впечеток . . .
преферирам да читам книги во кои има добри мисли . . .
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Јас би ви предложила да ја прочитате(посебно на женските) `Единаесет минути` од Пауло Коелјо, мене искрено премногу ми се допадна и ми остави впечаток.
Ги имам прочитано повеќето книги од П.К. воедно сум и негов фан, ама оваа книга ми оставни нојголем впечеток . . .
преферирам да читам книги во кои има добри мисли . . .
убава книга,посебно ми се допадна тоа што Коељо опишува и се става во улога на жена... пишува за сексот како го доживува една жена, љубовта, страста, што ја одликува оваа книга како еротска.