Предлози за книги - Со кратка рецензија

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Можеби некаде погоре ја имам спомнато оваа книга но еве повторно и поопширно. После историскиот одзив на книгата Бед Инглиш на Американецот Дарко Митревски (околу 14.000 преземања од читатели на сајтов), на лагер имаме уште едно скроз шармантно дијаспорично книжуле на наш човек кој пред некоја година реши да се ресетира во Канада.
"Тибам штркот" е книга која веќе отиде во два печатени тиража а овде ја имате ексклузивната веб можност да ја симнете бесплатно.
"На почетокот книжулево беше замислено како водич за идните печалбари и тазе имигранти. Си имаше и работен наслов "Митре Стрелата у Земјата на чудата". Но, нешто се деси и у текот на пишувањето текстов неприметно мутираше у стрип. Чуден стрип што им дава одговори на сите оние што се прашуваат: "Како (им) е таму?" и "Вреди ли да се покуша"?, вели во предговорот авторот Зоран Спасов a.k.a. Ѕоф.

оваа книга е доста интересна за луѓето кои бараат комедии за читање. но ова не е онаква комедија каква шо некој на прв поглед би помисли. Не ова не е комедија од типот на филмовите на Џим Кери.можеби нема да се изнасмеете но сигурен сум дека целото читање ке ви поминува в озабава зашото на многу вистински исмешен начин се опишани сите случки и сите размислувања нанашинците по светот а посебно во канада. прочитајте ја книгата и ви виетува мдека немада се покаете .. книгата може да се најде во електонска верзија на Офф.нет
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
.

“Игра во `ржта“ - Селинџер. Книга за секој тинејџер кој се соочува со проблемот - изгубеност во морето. Книга слична на Странецот од Ками или повеќе на Дипломец (после и филмот со Хофман) од Чарлс Веб. За тип кој не знае што сака со себе но сепак има изградено некои норми во животот. Исто така за тоа колку парите некогаш не` оттргнуваат од вистинските вредности во животот, за извештаченоста во високите редови. Според мене, една од подобрите книги досега прочитани иако има некој лесен стил збогатен со троа мрсен речник. За сите љубители на филмот „Мирисот на жената“ со Ал Пачино ова мора да го прочитате.
Многу убава книга, јас имам преведувано дел, како семинарска за на факултет, не дека сакав :giggle Ама со мерак ја преведував ;)
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон

raskazi%20mi%20gi%20sonistata_mala.jpg

Станува збор за три жени кои работат во компјутерска компанија,а се осомничени дека направиле повеќе брутални убиства. Мажи со кои тие се гледале и тоа во различни земји се убиени, искасапени и кастрирани.
Ешли Петерсон е американка, срамежлива компјутерџика која не згазнува ниту на мравка, но има чувство дека некој ја следи и сака да ја убие. Тони е англичанка, склона кон луди ноќни прошетки и флертувања на интернет. Алет е смирена, наивна италијанска уметничка душа.
Полицијата ќе ги уапси и следува едно од најбизарните судења на векот. Книгата е заснована на вистински настани.
Крајот е изнендувачки, а книгата е лесна и брза за читање.
 

SaraA

Нов член
11 јуни 2012
2
0
1
29
Ловец на змејови од Халед Хосеини...прекрасна книга која се чита во еден здив
а како книга за модерни девојки кои сакаат да читаат урбани приказни е Секој што е некој од Лорин Вајсбергер која колку пати и да ја препрочитувате повторно и повторно ќе ви биде интересна...
 

SaraA

Нов член
11 јуни 2012
2
0
1
29
covers
 

Прикачувања

  • sekoj sto e nekoj_mala.jpg
    sekoj sto e nekoj_mala.jpg
    36.8 KB · Прегледи: 5
  • lovec na zmejovi_mala.jpg
    lovec na zmejovi_mala.jpg
    13 KB · Прегледи: 3

Bojanah

Нов член
11 јуни 2012
1
0
1
28
Dnevnicite na edna dadilka- Ema Meklaflin & Nikola Kraus.. Ovaa kniga go opishuva nacinot na kojsto Amerikancite gi vospituvaat svoite razgaleni deca...
Zatoa sto te ljubam- Gijom Miso-Ovaa trogatelna covecka drama vsushnost e volsebna ljubovna prikazna koja ve vovlekuva vo misterijata i ve drzi vo neizvesnost, prikazna cij kraj nema lesno da go zaboravite.. :)
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ја препорачувам „Јади, моли се, уживај“ од Елизабет Гилберт. Авторско патешествие низ Италија, Индија и Индонезија по разводот на авторката, при кое ја открива пак љубовта, се пронаоѓа себеси и започнува да ужива во животот како некогаш. Доколку некогаш сте се почувствувале како да не припаѓате тука и не знаете што да правите понатаму со вашиот живот, немате никаква инспирација и сте осамени, оваа книга ви го покажува патот како повторно да се пронајдете себеси и да продолжете да верувате во себе. „Јади, моли се, уживај“ имаше и своја филмска екранизација, во која главната улога ја толкува Џулија Робертс. :)
И јас најтопло ја препорачувам мада на македонски е ШИТ книгава, преводот не го бива, да ми простите али ни за к:cenzura р не го бива :gjavol Како може бе двајца машки преведувачи да преведуваат книга шо ја напишала жена и тоа за женска особа шо е најинтересно?! :^) На англиски е миљон и 2 пати подобра од преводот ;)
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе

Љубовта е постојано егзистенцијално трагање на патот на создавањето и уништувањето на сопствениот идентитет, состојба на посебна инспирација и мисла, а никогаш поседување.​
Среќен е тој што умее да сака е збирка од најубавите раскази, поеми и цитати за љубовта на германскиот литературен великан Херман Хесе. На околу 200 страници се испишани неговите сфаќања за љубовта, како за платонската, така и за зрелата љубов и филантропијата.​
Книгата изобилува со приказни кои и немаат среќен крај, но тоа е и основната идеја на Хесе – дека само несреќната љубов може да е вистинска љубов.​

Меѓу настаните опишани во расказите има и реални, и имагинативни, но едно е сигурно – нема да Ве остават рамнодушни.
Топло им ја препорачувам книгата на сите што сакаат да ја видат другата страна на љубовта, дека таа е многу повеќе од чувство што нè исполнува и нè прави неизмерно среќни. Напротив, вистинската љубов се докажува преку болката што ја нанесува.
dsc00282-1-1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Јована and Mardy Bum

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За на англиски не знам,ама и јас би ја пофалила и препорачала Јади Моли се Уживај
Полани летото на плажа ја исчитав за три дена

Еве уште еден мој предлог
60010_161283287217659_1806391_n.jpg
 

christinna

Нов член
11 јуни 2012
10
5
3
31
Внимавај што посакуваш - Александра Потер

Хедер Хамилтон има грст желби. Тоа не се големи желби како мир во светот или главна женска улога во филм со Бред Пит, туку мали, секојдневни желби кои постојано и паѓаат на ум. Со нејзината среќа во животот, свесна е дека тие наивни желби никогаш нема да и се остварат...

Се’ додека еден ден на улица од една циганка не купи амајлија. Нејзината среќа од корен се менува.
Дали остварувањето на желбите е благослов или клетва? Дали не прави среќни тоа што добиваме тоа што ќе посакаме?
Во оваа магична романтична комедија Александра Потер открива како може животот да изгледа кога наеднаш сите желби ќе Ви се остварат...
Но сепак...
Една желбичка не може да штети, зарем не?