Предлози за книги - Со кратка рецензија

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Еве и од мене еден предлог - "Порака во шише" од Николас Спаркс. И пак, малку лигава, но книга која ја истражува романсата како тема во љубовта после болката и тагата од претходната љубов... Се работи за разведената и разочарана Тереза кога џогирајќи покрај плажата, наоѓа едно шише со љубовно писмо во него кое е адресирано до Кетрин, а потпишано од Гарет. Предизвикна од мистеријата и поттикната од емоциите таа не разбира "што сака авторот да каже во писмото". Tака започнува и нејзината потрага по човекот кој е автор на писмото и кој ќе и го смени нејзиниот живот засекогаш...
Воедно Николас Спаркс има кажано дека книгата е инспирација од неговите родители :sreken
message-in-a-bottle.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Марија

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Од брегот на реката Ганг - Светлана Камџијаш

Книгата се работи за индиска митологија и нејзино толкување. Во неа се застапени митови за настанокот на светот од Млечниот океан на Причината, за тоа како настанал напитокот на бесмртноста, за космичкиот танц на Шива и раѓањето на неговиот син кој ги отстранува сите пречки - Ганеша, за прекрасната божица Сарасвати чија песна е космосот, за табиетот на божицата на среќата Лакшми-сопругата на сеприсутниот Вишну...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

cak

Нов член
11 јуни 2012
3
5
3
30
"Игрите на гладните"
"Раѓање на огнот"
"Mокингџеј"
од Сузан Колинс
Сите три дела се многу убави! Се прикажува храброста на една девојка која ќе волонтира во т.н. игри на гладните место нејзината помала сестра. Ја покажува својата умешност во раководење со лак и стрела, нејзината истрајност и борба против останатите 23 трибути. Во наредните дела од книгата таа се бори против претседателот на Капитол затоа што го исмеа градот пред сите 12 (13) реони.. Нема да згрешите ако ги прочитате. :)
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
„Ќерката на Магда“- Кетрин Колиер
Семејна, историска, потресна драма која верувам дека може да го допре секое срце.
Приказната на Магда Јанек и за нејзината ќерка Хелена започнува кога Магда без скршен денар се населува во Британија по Втората светска војна и во велшкото градче гради пристоен живот за нив двете. Но, дали може да се изгради сосема нов живот, доколку во себе се чуваат големи тајни и болка?
По смртта на Магда, Хелена открива неверојатна тајна која многу ќе ја погоди.
Не сакам да ви откривам повеќе затоа што нема да ви биде интересна, но најтопло ја препорачувам.
Ќе посакате да ја дознаете секоја вистина на секое Лебенсборн дете. Ќе сакате да истражувате и нема да можите да се заприте.
Што се случувало во Полска за време на Втората светска војна? Колку семејства биле растурени? На кој начин? Колку браќа, сестри, ќерки, синови, мајки и татковци биле принудени да гледаат како нивните најмили се убиени? Колку деца има низ светов кои биле германизирани, кои дури и денес по 60 години се обидуваат да си ги пронајдат семејствата?

Прочитајте ја!! Нема да зажалите. :)
 

Marijana Bitola

Нов член
11 јуни 2012
1
0
1
42
"Can you keep a secret ?" - od Sophie Kinsella . Zabavna do poslednata stranica , ke ve nasmee i raspolozi , tipicno zenska kniga...
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Демијан-Херман Хесе
Романот „Демијан“ е единствено дело со психолошка содржина во творештвото на Хесе. Темата е себепрепознавањето на Емил Синклер. Целта во животот на еден човек е да се спознае самиот себеси, бидејќи само така може да егзистира како вистински човек во светот. И самиот пролог во делото започнува со прашањето: Зошто е толку тешко човек да го проживее она што самото избива од него? Секој човек е единствена и посебна појава каде што се вкрстуваат појавите на светот, само еднаш и никогаш повеќе. Ништо на тој човек не му е поодвратно од тоа да тргне по патот кој го води до самиот себеси.
Младиот Емил Синклер е растргнат меѓу два света- светот на доброто и светот на злото. Тој се стреми да стане добар, но не му одолева на искушението што му го нуди оној другиот свет. Навлечен од тој свет тој станува жртва на самиот себе. Ако човек се плаши од нешто, тој страв доаѓа од таму што на тоа нешто му ја одстапил моќта над себеси. Со помош на својот пријател Демијан, Синклер открива кој е всушност тој самиот. Демијан е мистериозен соученик на Синклер, кој е видно позрел од своите врсници. Првиот разговор на Демијан и Синклер е за библиската приказна за браќата Каин и Авел, преку која Демијан на својот пријател му отворил еден нов свет-свет на оние кои имаат знак на челото, знак каков што имал Каин, кој го убил својот брат Авел поради завист. Кулминацијата на вистинското доживување на самиот себе Синклер ја доживува преку цртеж, цртеж на птица која се наожала на влесот на неговата куќа. Испраќајќи му го цртежот на својот пријател, по неколку дена Синклер добил порака: Птицата лета кон богот Абраксас. Абраксас е бог на доброто и лошото. Абраксас е Бог и ѓавол, во себе ги има и доброто и злото, светлото и темното, тој е Бог на двата света.
Преку ваквиот начин на себеидентификација, преку Јунговиот концепт на психоанализа, илустрирани слики преку кои е прикажана филозофијата на Ниче и христијанската теологија, Синклер станува возрасен и зрел човек, чиј знак на челото е потполно видлив. Демијан тешко ранет во Втората светска војна, умира покрај својот пријател Синклер со зборовите: Ако некогаш ти затреба твојот пријател, побарај го во себе! И за крај уште едне цитат за крај (од многубројните кои не ме оставија да спијам вечерта кога ја прочитав книгава): Човек не треба да се плаши од ништо, за она што го сака неговата душа не треба да се смета за забранетo.


n26877.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу убава книга, јас имам преведувано дел, како семинарска за на факултет, не дека сакав :giggle Ама со мерак ја преведував ;)
Култна книга за секој тинејџер. Нешто неверојатно колку во себе има скриена порака. Затоа и едно време беше толку критикувана во САД.
 

Hristina Angeleska

Нов член
11 јуни 2012
4
3
3
"Заедно" - Џоди Пико. Самошто ја дочитав книгава. НЕВЕРОЈАТНА! Крис и Емили растат заедно и се најдобри другари. Нивните родители се надеваат дека еден ден ќе бидат момче и девојка. Меѓутоа, Емили останува бремена и сака да се самоубие. Крис се обидува да ја спречи но и двајцата знаат дека би направил се за неа, па дури ако под тоа се подразбира и убиство. Емили е мртва. Крис е 7 месеци во затвор. Прашањата лебдат во воздухот. Дали Емили е убиена од страна на Крис? Дали тој знаел за бременоста? Дали тој ја убил? Имал ли самоубиствени мисли? Книгава е многу добра и вреди да се прочита.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Hristina Angeleska

Нов член
11 јуни 2012
4
3
3
"Игрите на гладните"
"Раѓање на огнот"
"Mокингџеј"
од Сузан Колинс
Сите три дела се многу убави! Се прикажува храброста на една девојка која ќе волонтира во т.н. игри на гладните место нејзината помала сестра. Ја покажува својата умешност во раководење со лак и стрела, нејзината истрајност и борба против останатите 23 трибути. Во наредните дела од книгата таа се бори против претседателот на Капитол затоа што го исмеа градот пред сите 12 (13) реони.. Нема да згрешите ако ги прочитате. :)
Го гледав филмот и навистина ми се допадна. Книгите не мозам да ги најдам на интернет а не сум сигурна дали ги има во Македонија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Топло ви ја препорачувам “ Тунел“ од Петре М. Андееевски ! Книгава е со премногу поуки и ситуции во кој секој некогаш се нашол. Стилот е лесен разбирлив , а крајот ко секоја негова книга е тажен. Ако не сте ја прочитале многу сте пропуштиле!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead, Saladin and Elena