Предлози за книги - Со кратка рецензија

Acka

Нов член
11 јуни 2012
1
1
1
33
Jane Eyre – Charlotte Bronte
Заедно – Џоди Пико
Продадена – Патриша Мекорник
Одлука – Николас Спаркс
Ангелот Џони – Даниела Стил
3 метри над небото – Фредерико Моча
Ноќи во Родант – Николас Спаркс
Вероника реши да умре – Пауло Коелјо
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

The Countess

Полноправен Член
15 февруари 2012
43
53
18
Elean Donan Castle
Вештица - Венко Андоновски (ја имам спомнувано и на други места низ форумов)
... и Пет дена во Париз - Даниела Стил нека бидат за почеток.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and JaMi

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Чевлите на другата жена - Адел Паркс
Различноста на овој роман од другите е тоа што секој од нас ќе се пронајде во ликовите на романот, ако не целосно барем во еден дел. Сличноста меѓу сестрите Марта и Елиза завршува кога секоја од нив копнее по животот на другата..
Марта среќно си живее со нејзиниот маж Мајкл се` додека тој не ја напушти, додека Елиза и Грег живеат поскромно во стан..а нивниот среќен живот исполнет со љубов завршува кога Елиза го напушта Грег.
Потоа одеднаш животите на двете сестри се менуваат. Сестите се обединуваат. Почнуваат да водат живот каков што отсекогаш сакале. Тргнуваат по пат по своја волја: Елиза бара совршен маж со кој би одела на забави, додека Марта е во потрага по совршена забава каква што и` недостигала нејзиниот цел живот.
Но пред да ги исполнат своите желби, според мене, ставени се на едно т.н прашање : ДАЛИ ПОСТОИ ТАКОВ ЖИВОТ? И дали би го нашле тој живот...
Преку судбината на двете сестри, писателката на овај роман ми покажа како и во најтесните ситуации може среќата да процапа и како да претрпиме една голема разделба.
cevlite.jpg

Исто од Адел Паркс добра е Game Over..и таа е нешто во овој стил ама сум заборавила поголемиот дел што се дешава :D
 

vaska

Нов член
11 јуни 2012
1
1
3
41
Predlog knigi od istata pisatelka
Lorin Vajsberg
-Svako ko je neko
-Dzavo zeli slavu
Za devojki okolu 30 god mazeni i single :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Сакате да ја добиете оваа книга на подарок?
Испратете ја вашата предлог книга со краток опис зошто ја препорачувате.
Во петок (15.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги во продолжение на оваа тема.
Напомена: Колку вашата препорака е поубаво напишана, толку се поголеми шансите да ја добиете книгата на подарок.

Дајте држете се до правилото, не само наслови ставате или копирано статии. И ќе замолам да се пишува на кирилица.

Што би правел без тебе- Гијом Мисо


sto_bi_pravel_bez_tebe.jpg


Јас решив да ви је предложам „Што би правел јас без тебе„ -Гијом Мисо, минатото лето многу досадно ми беше и само барав книги за читање, започнав со некои книги од Гијом Мисо. Читајќи од неговите книги стигнав до оваа, ја прочитав за 2дена едноставно не ме си оставаше книгата сакав да знам што ќе прочитам во секоја наредна реченица, неизвесност во секој ред.
Приказна за девојка која во животот има само двајца мажи, нејзиниот татко и првата љубов, едниот познат полицаец/детектив другиот еден од најпознатите крадци на уметнички дела. Двајцата исчезнуваат од нејзиниот живот и се среќваат, омраза, провокативност, напнатост сё до самиот крај. Знам дека многу кратко го напишав но сакам да уживате додека ја читате книгава.

Пријатно читање :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида and Bum-Bum

Dragana_G

Нов член
11 јуни 2012
1
4
3
33
Кавадарци
Ја препорачувам „Јади, моли се, уживај“ од Елизабет Гилберт. Авторско патешествие низ Италија, Индија и Индонезија по разводот на авторката, при кое ја открива пак љубовта, се пронаоѓа себеси и започнува да ужива во животот како некогаш. Доколку некогаш сте се почувствувале како да не припаѓате тука и не знаете што да правите понатаму со вашиот живот, немате никаква инспирација и сте осамени, оваа книга ви го покажува патот како повторно да се пронајдете себеси и да продолжете да верувате во себе. „Јади, моли се, уживај“ имаше и своја филмска екранизација, во која главната улога ја толкува Џулија Робертс. :)
A247F25CCD52E34EBD4AF63AFFAB1134.jpg
 

Tomi

Нов член
11 јуни 2012
5
7
3
42
ОКолу нова година ја прочитав „Игрите на гладните

Приказната, стилот и динамиката на книгата е извонредна и ја прочитав буквално во еден здив. Потоа дури дознав дека е трилогија :sreken

Целиот серијал е супер. Дејствието се довива во блиската иднина, во анти-утопистички свет, каде демократијата е приказна од минатото. Само една млада девојка ќе се осмели да се сприотистави на тоталитаризмот, и тоа не дека сака да биде херој, туку за да ја спаси сестра си.

40_19_30_16__8__5_2012igrite_na_gladnite.jpg

Книгава е одлична за на плажа, покрај море и со коктел во рака. Топло ја препорачувам, и не е лошо уште веднаш да го земете цел комплет :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Bum-Bum and Selma

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Moj предлог за книга :

„Одлука“ - Николас Спаркс


odluka_mala.jpg.jpg

"Да де, знам, секој кој прочитал макар една, две книги од Николас Спаркс го завзема ставот дека тоа е неговиот омилен писател на сите времиња. Не велам дека не е така, па јас сум секогаш прва за да кажам илјадници убави зборови за него. Тој е еден од моите топ 3 писатели, но немојте да ме сфаќате погрешно, тоа не значи дека сум пристрасна, јас сум секогаш искрена со Вас на оваа страна. Искрено, 99% сум сигурна дека ова ќе биде следниот холивудски хит кој ќе се сними по книга на Спаркс.Ова е една навидум обична љубовна приказна како и сите други, но кога ќе ја прочитате и последната страна и кога ќе видите дека сите паломи, крпи, тоалети, мокри се расфрлани по Вашата соба ќе сфатите дека ова НЕ е уште една love story како останатите.
Травис Паркер има сè што човек може да посака. Тој не е милионер, не е женет, но неговиот живот е авантуристички и исполнет. Има верни пријатели, куќа на брегот, работа која ја сака и целосно ужива во својот живот и во ставот дека сериозна врска само би го попречувала неговиот начин на живот. Ова се менува кога негова сосетка ќе стане Габриела.
И покрај тоа што тој е претерано љубезен таа изгледа дека има нешто против него и е бескрајно дрска и безобразна. Меѓу другото таа има момче.
Книгата е поделена на два дела, како пред и потоа, но совршено е јасна. Текот на книгата, односноПРЕД делот,во вози како некоја забавна, позитивна романтична комедија, а во ПОТОАделот работите се менуваат. Не сакам да откријам премногу, сакам и вие да уживате во оваа приказна како што уживав и јас.
Морам за забележам само дека мојата книга има грешки во страните, на почетокот има неколку страни кои недостигаат, а на крајот има неколку страни чиј редослед е изместен, а искрено се сомневам дека само јас го имам тој проблем, верувам дека оваа е грешка која ја има целиот издаден тираж. Срамота и греота е тоа да се случи на било која книга, а особено на една толку прекрасна книга. Издавачот треба да внимава на овие работи бидејќи го уништуваат читањето...
Да се вратам на книгата... Од каде до каде ќе стигне нивната приказна, читајте и размислувајте како овој човек успева over and over again да создава вакви неповторливи книги."

Каде можам да ја купам?

  • Книгата може да се купи во:
    Англиски Центар(Скопје)
  • По цена од:
    699 денари
Моe мислење за книгата :
Книгите на Никола Спаркс многу ги сакам, ги имам прочитано скоро сите негови изданија ...
Ова е една навидум обична љубовна приказна како и сите други, но кога ќе ја прочитате и последната страна ќе сфатите дека ова НЕ е уште една love story како останатите.' ... токму така !
Кога почнав да ја читам си мислев уште една приказна за вечна љубов. Кога ја завршив си помислив - е ова е навистина прекрасен пример за една од најтешките одлуки што човек некогаш би морал да ја стори во животот... јас искрено се надевам а и не посакувам на себе и никому да мора да одбира на ваков начин и да доживее одговор на прашањето кое доминира во книгата "ДО КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДИ ВО ИМЕ НА ЉУБОВТА?". Од друга страна, пак, содржината треба да не научи да ги видиме и цениме Вистинските нешта кои животот ни ги нуди ... љубовта, семејството, пријателите... и секако, да ни каже зошто треба да го живееме и доживееме секој МИГ од денот!
Прекрасна Книга!
Цитати од книгата:
"До каде треба да се оди во име на љубовта?"
"Премногу ја љубам за да ја пуштам да си оди."
"Невозможно е да се биде толку лут ако не си способен за длабока љубов..."
"Целата негова љубов секогаш беше присутна, но КОНЕЧНОСТА не беше, и можеби тој спој е магичната формула..."
"Надежта понекогаш е се' што човек има..."
:kafe