Moj предлог за книга :
„Одлука“ - Николас Спаркс
"Да де, знам, секој кој прочитал макар една, две книги од Николас Спаркс го завзема ставот дека тоа е неговиот омилен писател на сите времиња. Не велам дека не е така, па јас сум секогаш прва за да кажам илјадници убави зборови за него. Тој е еден од моите топ 3 писатели, но немојте да ме сфаќате погрешно, тоа не значи дека сум пристрасна, јас сум секогаш искрена со Вас на оваа страна. Искрено, 99% сум сигурна дека ова ќе биде следниот холивудски хит кој ќе се сними по книга на Спаркс.Ова е една навидум обична љубовна приказна како и сите други, но кога ќе ја прочитате и последната страна и кога ќе видите дека сите паломи, крпи, тоалети, мокри се расфрлани по Вашата соба ќе сфатите дека ова НЕ е уште една love story како останатите.
Травис Паркер има сè што човек може да посака. Тој не е милионер, не е женет, но неговиот живот е авантуристички и исполнет. Има верни пријатели, куќа на брегот, работа која ја сака и целосно ужива во својот живот и во ставот дека сериозна врска само би го попречувала неговиот начин на живот. Ова се менува кога негова сосетка ќе стане Габриела.
И покрај тоа што тој е претерано љубезен таа изгледа дека има нешто против него и е бескрајно дрска и безобразна. Меѓу другото таа има момче.
Книгата е поделена на два дела, како пред и потоа, но совршено е јасна. Текот на книгата, односноПРЕД делот,во вози како некоја забавна, позитивна романтична комедија, а во ПОТОАделот работите се менуваат. Не сакам да откријам премногу, сакам и вие да уживате во оваа приказна како што уживав и јас.
Морам за забележам само дека мојата книга има грешки во страните, на почетокот има неколку страни кои недостигаат, а на крајот има неколку страни чиј редослед е изместен, а искрено се сомневам дека само јас го имам тој проблем, верувам дека оваа е грешка која ја има целиот издаден тираж. Срамота и греота е тоа да се случи на било која книга, а особено на една толку прекрасна книга. Издавачот треба да внимава на овие работи бидејќи го уништуваат читањето...
Да се вратам на книгата... Од каде до каде ќе стигне нивната приказна, читајте и размислувајте како овој човек успева over and over again да создава вакви неповторливи книги."
Каде можам да ја купам?
Моe мислење за книгата :
Книгите на Никола Спаркс многу ги сакам, ги имам прочитано скоро сите негови изданија ...
Ова е една навидум обична љубовна приказна како и сите други, но кога ќе ја прочитате и последната страна ќе сфатите дека ова НЕ е уште една love story како останатите.' ... токму така !
Кога почнав да ја читам си мислев уште една приказна за вечна љубов. Кога ја завршив си помислив - е ова е навистина прекрасен пример за една од најтешките одлуки што човек некогаш би морал да ја стори во животот... јас искрено се надевам а и не посакувам на себе и никому да мора да одбира на ваков начин и да доживее одговор на прашањето кое доминира во книгата "ДО КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДИ ВО ИМЕ НА ЉУБОВТА?". Од друга страна, пак, содржината треба да не научи да ги видиме и цениме Вистинските нешта кои животот ни ги нуди ... љубовта, семејството, пријателите... и секако, да ни каже зошто треба да го живееме и доживееме секој МИГ од денот!
Прекрасна Книга!
Цитати од книгата:
"До каде треба да се оди во име на љубовта?"
"Премногу ја љубам за да ја пуштам да си оди."
"Невозможно е да се биде толку лут ако не си способен за длабока љубов..."
"Целата негова љубов секогаш беше присутна, но КОНЕЧНОСТА не беше, и можеби тој спој е магичната формула..."
"Надежта понекогаш е се' што човек има..."