Предлог книга: Во лов по Хари Винстон - Лорин Вајсбергер
Три најдобри другарки. Две решенија. Една година да се изведе сето тоа.
ЕМИ тукушто стана сингл. Отсекогаш сонувала за плановите околу венчавката, а сега купува храна за носење за еден.
АДРИАНА само што не наполнила триесет. Дали деновите на забава и` истекуваат. Тогаш зошто не е возбудена околу нејзиниот совршен живот?
ЛИА има прекрасно момче и одлична работа. Тогаш зошто не е многу возбудена околу нејзиниот совршен живот?
Трите најдобри другарки, една вечер, пиејќи мохито со малини, прават договор оваа година се` да сменат во нивните животи. Еми ќе си најде по еден маж на секој континент за забава без обврски. Адриана дава заклетва дека ќе добие петкаратен дијамантски прстен од Хари Винстон на четвртиот прст. А Лиа не може да смисли што треба да промени - се` додека буквално лошото момче Џеси Чепмен не почне да и` се пика под кожа.
Станува збор за роман од авторката на Ѓаволот носи Прада - книга која пред неколку години беше екранизирана.
Сакате да ја добиете оваа книга на подарок?
Испратете ја вашата предлог книга со краток опис зошто ја препорачувате.
Во петок (15.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги во продолжение на оваа тема.
Напомена: Колку вашата препорака е поубаво напишана, толку се поголеми шансите да ја добиете книгата на подарок.