Предлози за книги - Со кратка рецензија

наташа

Староседелец
3 март 2012
139
115
653
Krusevo
Кај реката педра седев и плачев Пауло коело
Бадем неџма
Исповед од харемот стварно добра книга
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пишете бе една рецензија од ваша гледна точка. Не само наслов и име и презиме на писателот.
Се извинувам малку за офтопикот ама ме маваат медови коа читам наслови без препораки, како впрочем темата не трпи.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Книгата која ја подарувате, веќе е на мојата полица и чека да биде прочитана, па мојот предлог нека не се смета... Оставам простор ја да добијат оние кои ја немаат...:)

Господар на играта-Сидни Шелдон

Не знам дали треба многу да зборувам кога е во прашање Шелдон.
Книга која не сакав да ја оставам, која ме тераше да го откријам крајот што побрзо. Во ниеден момент не беше банална, досадна или пак нешто веќе видено. Напротив.
Романот го следи семејството Мекгрегор/Блеквел со генерации.
Џејми Мекгрегор, со своето наоѓање на дијаманти низ африканските полиња, ги става темелите на конгломератот Кругер-Брент.
Неговата ќерка, Кејт Блеквел, бескрупулозна жена спремна да го продолжи она што татко и го започна, го претвора Кругер-Брент во светска империја. Но, дали и нејзините потомци го посакуваат тоа?
Дали таа има толкава моќ да ја одреди иднината на новите генерации на семејството Блеквел?

Делото изобилува со моќ, гламур и желба да се достигне што повеќе. Не води низ тајните желби на едно семејство кое своевремено владеело со светот. Исполнето е со валкани игри и пресврти кои се плод на играта која ја играат членовите на семејствотто само за да се доберат до империјата Кругер-Брент.
Но, „ако сакаш да победиш, мора да научиш да бидеш господар на играта.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Предлог книга:
„Убиство во Ориент експрес“ - Агата Кристи
ekspres.jpg
 

rubi

Нов член
11 јуни 2012
1
0
1
38
Волшебна, интелигентно напишана, толку добра што е невозможно човек да се одвои од неа ...

Заедно од Џоди Пикоо
P.S. Љубовна приказна
 

Прикачувања

  • zaedno.png
    zaedno.png
    113.1 KB · Прегледи: 6

Hellen

Нов член
11 јуни 2012
1
0
1
27
---Исчезнат - Харлан Кобен (Жив е... Тоа беа последните зборови на неговата мајка на смртната постела.
Четири дена подоцна, во собата на неговите родители, зад семејната фотографија во рамката пронаоѓа уште една фотографија, скриена, понова, од неговиот брат Кен. Кен е мртов веќе единаесет години.Сликата е нова. Пред единаесет години Вил Клајн во ист ден ги изгуби и братот и љубовта на својот живот.)
---Dear John - Nicolas Sparks
---Роза за балерината – Лурлин МекДениел
--- Среќник - Николас Спаркс
--- Без здив – Лурлин МекДениел
--- Помалку од нула - Брет Истон Елис
--- On Chesil Beach - Јан Мекјуан
--- Фатен на дело - Харлан Кобен (Хејли Меквејд има само седумнаесет години. Таа е добра девојка и гордост на семејството. Едно утро нејзината мајка не ја наоѓа в соба. Го наоѓа само празниот наместен кревет.)
--- Парада на марионетките - Евгениј Хоуп
--- Историчарка - Елизабет Костова
---Сестри - Ејлин Гоуџ (риказна за двете сестри Линдзи и Кери Ен. Пред триесет години, социјалната служба ги раздвои двете сестри. Нивната мајка, зависник од дрога, не беше во состојба да се грижи за нив. Единственото семејство им беше сосетката, поранешна стриптизета, госпоѓата Хани Лав, која нажалост, не успеа да ги задржи сестрите заедно.Триесет години подоцна, Кери Ен е лика и прилика на родената мајка. Целото детство ѝ помина од едно семејство во друго. Дрогата беше само бегство од проблемите. Дури ни нејзината малечка ќерка, Бела, не беше доволна причина за таа да се одвикне од дрогата. Сè додека еден ден не дојде социјалната служба и ѝ ја зема. Дури откако остана без неа, Кери Ен сфати што ѝ значи ќерката.)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Под мермерно небо - Џон Шорз
Книга базирана на вистински настан, неверојатна приказна за изгардбата на едно од седумте светски џуда. Приказна за монументалната убавина на една царица во чија чест по нејзината смрт никнува велилченствениот сведок на љубовта - прекрасниот Таџ Махал.
Царицата Арџмунт умира на пораѓањето на нејзината ќерка а царот Шах Џахан скршен од болка наредува да се изгради Таџ Махал кој треба да е сведок за огромната љубов.
Понатака приказната минува низ многу заплети и кулминации ...
вреди да се прочита !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Никаде без ќерка ми-Бети Махмуди...
Многу интересна книга која според мене вреди да се прочита...
Во оваа книга се работи за траумите,понижувањата и љубовта на една Американка.
Бети која е современа Американка веднаш пи разводот со нејзиниот сопруг се запознава и вљубува во млад дипломиран лекар кој е Иранец....
Таа нивна љубов преминува во брак ,а во тој брак ја имаат и тригодишната ќерка.Тие решаваат заедно да го посетат Иран.
Иако во тој периот во Иран се менува власта и има низа политички промени каде Иран станува Исламска Република и Бети е свесна дека можеби нема никогаш да се врати од тамо,но решава да го придружува сопругот.
Понатаму таа и нејзината тригодишна ќерка стануваат заложнички на семејството на нејзиниот сопруг.
И на крајот таа успева да се врати во САД......

nikade bez kerka mi.jpg
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Проклетството на Баскервилови - Сер Артур Конан Дојл
baskervilles_000.jpg

Уште една книга од легендарниот татко на ликот Шерлок Холмс, Сер Артур Конан Дојл. Роман кој изобилува со мистерија, и во ниеден момент при читањето не ви е досадно. Многу испреплетени ликови, мистични случки и легенди кој ќе ви го одземат здивот и ќе ве натераат да го прочитате романот во еден здив.
На кратко, во романот се работи за едно богато семејството Баскервил врз кое со генерации се пренесува страшно проклетство. Многу одамна член од семејството Баскервил убил млада, невина девојка и оттогаш сите потомци на семејството доживуваат чудна смрт, а како причинител за смртта се мисли дека е мистериозно куче кое талка ноќе по едно мочуриште и ги прогонува Баскервилови.
Одлична мистерија, и препорака за сите вљубеници во книгите на Конан Дојл, и воопшто во мистеријата како жанр.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
„Затоа што те љубам“ – трогателна човечка драма, чиј крај е невозможно да го заборавите...
zatoa%20sto%20te%20ljubam_mala.jpg

Одамна немав прочитано книга во еден здив. Францускиот бестселер на Гијом Мисо не ми дозволи ниту да трепнам. Не би сакала да откривам ништо детално за овој роман кој е експлозивен спој на возбудата и фантазијата. Делото само по себе зборува само доколку го прочитате. Секој дел предизвикува нов интерес, нова мистерија, нова неизвесност. Те поттикнува да размислуваш за љубовта, човечките вредности, стравот, страдањата, искушенијата, болката и вредноста на животот.

Преку три испрептелени животни приказни, Мисо индиректно поттикнува прашања во главата на читателот. Дали сме од оние борбени и истрајни луѓе кои се спремни да поминат низ секоја пречка за да го вкусат задоволството, среќата и успехот во животот, или пак луѓе кои ќе се сопнат на првата пречка и ќе ја изгубат својата самодоверба и желба за понатаму? Дали е полесно да се прифати реалноста или пак, некогаш полесно е да живееме во илузија?До каде е спремен човековиот изум да оди за да го спаси човештвото?

Сижето на приказната за петгодишното девојче кое мистериозно исчезнува ќе ги размрда вашите мозочни ќелии. Ќе ве натера да размислувате, да претпоставувате, да ја решите мистеријата, да откриете...
Прочитајте ја оваа книга. Не користете еден од оние неоправдани изговори дека немате време за читање. Исклучете се за момент од ова општество на чатување, фејсбук, форум... Отворете го вашиот ум и препуштете и се на фантазијата - нема да зажалите.
Поентата која што ја извлеков од ова дело е дека: не сме ние тие кои ги зборуваме зборовите, туку зборовите се тие кои зборуваат за нас.