Предлози за книги - Со кратка рецензија

vlatko_sk

Нов член
21 април 2012
9
6
3
Мистеријата на седумте бројчаници ви ја препорачувам посебно на оние кој сакаат мистерии :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
Вероника реши да умре, Алхемичарот-Коелјо
Ангелот Џони-Даниела Стил
Искинатиот вел-Гулшан
Дванаесетиот ангел-Ог Мандино
Сите книги од Зафон
Чекај ме-Пјеро Делји Антони
Прекрасни коски-Себолд
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
Ја има ли читано некој The hunger games-Suzanne Collins секаде ја спомнуваат и книгата и филмот, вреди да се прочита? :^)
Само шо дојдов да ја препорачам :D
Моментално ја читам книгава и мене баш ми се свиѓа. Згрешив шо на саем не си ги зедов и вториот и третиот дел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Лејди М and Eva

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Toчка на кулминација -Памела Клер
На крајот на виножитото -Сесилија Ахерн
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Зошто?
Мал вовед ако може да го заинтригира човек да почне да ја чита.

Точка на кулминација- Памела Клер
Мене ме воодушеви книгава, многу интересна и брза за читање.

Една жена со силна волја за живот . Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина.Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел...
Памела Клер меѓу своите фанови е позната по тоа што има способност навистина да ги оживее ликовите, таа знае со зборови да ве натера да ги почувствувате нивните болки, нивните стравови, нивната страст. Токму тоа го прави и во оваа книга.Неизвесен трилер, жестока акција, бурна авантура, напната романса и уникатна смисла за хумор сплетена во најсериозните моменти.

На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн
Ја препорачувам посебно на оние кои сакаат љубовни романчиња.

Книга која докажува дека најдобрите пријатели засекогаш остануваат со нас, дека вистинската љубов никогаш не умира. Љубовта која потекнува во детсвотото, се остварува дури во староста. Доказ дека често пријателството преминува во љубов. Искажување на чувствата преку писма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Само шо дојдов да ја препорачам :D
Моментално ја читам книгава и мене баш ми се свиѓа. Згрешив шо на саем не си ги зедов и вториот и третиот дел.
И јас си ја купив од саемот, а не ги земав другите делови. Си реков да видам ако е добра ќе си ги докупам.
Ја прочитав до пола ќе ја прочитав и целата, ама учам за испит и немам време.

Мене книгата ми е многу интересна.

Еве на кратко

...во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем еКапитол и тој е опкружен со 12 реони.Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши.
Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.
Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.
Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената - ОСТАНИ ЖИВ!
Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.
Бура од гнев, тага, адреналин, бес, солзи... ќе се соберат во вас додека ја читате оваа книга. И да, ќе барате уште, ќе гребете со канџи за уште, исто како што и тие гребат за да преживеат. Она што мене лично најмногу ми се допадна кај оваа книга - завршувањето на секоја глава. Секоја глава завршува со една реченица која прави пресврт во книгата и од која ви се креваат влакненцата по целото тело, мислите дека ќе излезете од сопствената кожа!

превземено од sakamknigi.mk
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ја има некој прочитано „Розата од вода“? Ако да, имам неколку прашања... :)
 

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
39
Скопје
Се сложувам со мислењето за Точка на кулминација, книгата е супер и иако е доста голема, се чита за една вечер, две. За Игрите на гладните веќе се изјаснив:) За Крајот на виножитото, книгата е фина ама не сакам такви книги каде - SPOILER ALERT - цел живот е потрошен и остануваат заедно дури на крај кога се баби и дедовци:)