BS Player има опција за автоматско пребарување на превод доколку филмот кој го имате нема превод. Автоматското пребарување се врши на повеќе сајтови за преводи.
За да го подесите се што треба е да додадете кратенки од јазиците кои сакате да ги пребарува во делот означен на сликата.
Пример:
eng,mac,hrv,srp (eng - Англиски, mac - Македонски, hrv - Хрватски, srp - Српски)
Не преведувам и најчесто гледам филмови доколку има превод каков и да е од горенавдените, доколку нема не ми преставува проблем да го гледам филмот и без превод.
Се надевам со ова ќе скратам маките на тие кои шетаат од страна на страна и бараат превод за некој филм