Прашања и помош околу мобилни телефони

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Дали имал некој искуство да му се расипе звучникот од телефонот. Вчера се си беше во ред сабајлево одеднаш се расипа, ради него се успав. -.- На слушалки се се слуша а без нив ништо. Среќа гаранцијата уште ми трае од телефонов па ај се надевам дека ќе може да се поправи.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Дали имал некој искуство да му се расипе звучникот од телефонот. Вчера се си беше во ред сабајлево одеднаш се расипа, ради него се успав. -.- На слушалки се се слуша а без нив ништо. Среќа гаранцијата уште ми трае од телефонов па ај се надевам дека ќе може да се поправи.

другарка ми имаше таков проблем,неможеше да слуша на повиците а можеше музика да слуша,мислеше дека микрофонот не и работи,испадна дека некој чип бил зезнат кој бил залепен со силикон на плочата( а чипот не можел да се прави,затоа што 99% биле шансите да не успеат да го направат) на крај мораше да купува нова плоча 70евра ... штом ти е уште под гаранција носи го на поправка не му ја мисли :) ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Што може да е проблемот што компјутерот не ми го "чита" телефонот преку USB кабелот? Односно, го приклучувам за лаптопот, започнува да се полни телефонот, но не ми го чита како USB. :unsure
За какво чудо од тел правиме муабет?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имаш инсталирано Blackberry desktop software?
Плус некои менувале usb кабел. т.е пробувале со друг usb кабел да се поврзат.

Никогаш немам ништо инсталирано, ниту пак имам сменето кабел. До пред 3-4 дена се беше океј. Исто така, не е до приклучокот од лаптопот бидејќи муасот нормално функционира кога ќе го приклучам.