Ех, дискусите се преубави и грандиозни ама бараат максимално внимание и огромен аквариум.
Ретко кој ги чува и често знаат да преминат цена од 50 долари по единка. А и си бараат специфична исхрана.
Тоа е за сериозни акваристи, викаат дека ако некој чува дискуси нема да може да му ја најдете собата несредена во ниеден момент.
Собата нема никаква врска со дискусите.
Тоа зависи од самиот сопственик на аквариумот и тоа е индивидуално гледиште затоа што секој различно си го уредува домот, а дискусите можат само да го разубават просторот.
Друго, цената на дискусите често пати знаела да биде и под 50 долари од единка!!!
Специфична исхрана? Не би рекол. Храната многу лесно може да се најде, а една од најкористените и најбараните по аква-шоповите е популарната Тетра-дискус.
За секој аквариум е потребен сериозен пристап. Не треба да се игра некој со поголемо количество на вода затоа што можат да настанат несакани последици од неправилно одржување на аквариумот. Инаку дискусот се покажал како една од најиздржливите риби, само претходно е потребно да се совладаат основите на акваристиката.
Ништо не е невозможно, потребно е само малку време и внимание во текот на денот и работите си доаѓаат на своите места.