Се заинтересирав малку повеќе на темава и наидов на ШОКАНТНИ податоци! Всушност, постои теза дека се работи за страшен заговор, планиран кој тргнал наопаку. Бродот кој испловил бил неисправен. И уште поважно, воопшто тој не бил ни Титаник!
Започнати биле два градбено идентични брода ТИТАНИК и ОЛИМПИК кои се разликувале само по детали. Тоа е факт, бидеќи еден брод стоел на пристаништето се до 1937та.
Двата стигнуваат до пристаништето од каде треба да исплови (прв) Титаник. Во меѓувреме, помал воен брод удира во Олимпик и нанесува поприлично голема штета и го онеспособува за пловење.Ударот е точно на местото каде е посочен и ударот во сантата мраз.
Вероватно, тогаш се раѓа и идејата за завера (освен ако и тоа не било планирано да се случи).
Под изговор дека е потребно да се заменат местата на бродовите во пристаништето за да се овозможи простор за работа, се прави „рокада“, а под Х околности се заменуваат и идентитетите на бродовите, односно оштетениот
Олимпик ја зема улогата на Титаник кој требало да исплови наскоро.
Сретнав и слики кои посочуваат на различностите меѓу бродовите пред испловувањето од бродоградилиштето и по замената на идентитетите.
Наводно, заговорот требало да се движи по ваков редослед:
Оштетениот брод се маскира, се осигурува на милионска сума, предвидено почнува да тоне во северен Атлантик каде што бил стациониран и однапред резервираниот брод „Калифорниан“ требало да излезе во пресрет на несреќата, да се избегнат жртви и да се земат ненормални суми на пари од осигурителната компанија.
НО...
Сидбината ги вмешува прстите тука, па наместо на планираното место, бродот удира во ледена санта многу подалеку. Планот се расипува и настанува страшна катастрофа, бидеќи бродот кој требало да излезе во пресрет бил премнооогу далеку!
Сепак, муабетот беше дека тој брод што лежи долу,
всушност е ОЛИМПИК!