Потонувањето на Титаник

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Пред извесно време читав некоја статија дека уствари бродот кој потонал не бил воопшто Титаник, туку некој друг ( не ми текнува како се викаше) скоро идентичен на првиов. Потонал за да се забошоти целата ситуација и да не се открие вистината.
Мене најискрено не ми се логични некои работи околу целото тоа потонување, ама нејсе.
Луѓето си умреле, Камерон фана 11 оскари, ( не и Лео :D) и шит хепенс...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and МалиСашко

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Се заинтересирав малку повеќе на темава и наидов на ШОКАНТНИ податоци! Всушност, постои теза дека се работи за страшен заговор, планиран кој тргнал наопаку. Бродот кој испловил бил неисправен. И уште поважно, воопшто тој не бил ни Титаник!
Olympic_and_Titanic.jpg



Започнати биле два градбено идентични брода ТИТАНИК и ОЛИМПИК кои се разликувале само по детали. Тоа е факт, бидеќи еден брод стоел на пристаништето се до 1937та.
Двата стигнуваат до пристаништето од каде треба да исплови (прв) Титаник. Во меѓувреме, помал воен брод удира во Олимпик и нанесува поприлично голема штета и го онеспособува за пловење.Ударот е точно на местото каде е посочен и ударот во сантата мраз. Вероватно, тогаш се раѓа и идејата за завера (освен ако и тоа не било планирано да се случи).
Под изговор дека е потребно да се заменат местата на бродовите во пристаништето за да се овозможи простор за работа, се прави „рокада“, а под Х околности се заменуваат и идентитетите на бродовите, односно оштетениот Олимпик ја зема улогата на Титаник кој требало да исплови наскоро.
Сретнав и слики кои посочуваат на различностите меѓу бродовите пред испловувањето од бродоградилиштето и по замената на идентитетите.

Наводно, заговорот требало да се движи по ваков редослед:
Оштетениот брод се маскира, се осигурува на милионска сума, предвидено почнува да тоне во северен Атлантик каде што бил стациониран и однапред резервираниот брод „Калифорниан“ требало да излезе во пресрет на несреќата, да се избегнат жртви и да се земат ненормални суми на пари од осигурителната компанија.
НО...
Сидбината ги вмешува прстите тука, па наместо на планираното место, бродот удира во ледена санта многу подалеку. Планот се расипува и настанува страшна катастрофа, бидеќи бродот кој требало да излезе во пресрет бил премнооогу далеку!

Сепак, муабетот беше дека тој брод што лежи долу, всушност е ОЛИМПИК!
Го прочитав истово од една интернет статија.Ќе си остане мистерија а со тек на времето ќе се измислуваат и кажуваат нови причи а само оној горе знае која е правата...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред извесно време читав некоја статија дека уствари бродот кој потонал не бил воопшто Титаник, туку некој друг ( не ми текнува како се викаше) скоро идентичен на првиов. Потонал за да се забошоти целата ситуација и да не се открие вистината.
Мене најискрено не ми се логични некои работи околу целото тоа потонување, ама нејсе.
Луѓето си умреле, Камерон фана 11 оскари, ( не и Лео :D) и шит хепенс...

Олимпик, братот на Титаник, еден од класата од три исти патнички брода (бродовите се градат во класи, ретко се гради само еден).
Не знам која ситуација би се заташкала и зошто, како гласи воопшто таа теорија?:)
Олимпик имал судар со оклопен крстосувач во 1911 при што станало јасно дека се работи за извонредни бродови, иако крстосувачот го удрил Олимпик со својот ram bow специјално граден за да може да потопи брод - го излекол подебелиот крај и за малку потонал. Олимпик имал две потопени комори но останал во целосна пловна способност. Бил поправен и си продолжил да пренесува патници до некаде до пред втора свецка кога бил симнат од листата на компанијата и продаден за старо железо. Во 1934 удрил брод-светилник го `пресекол` на два дела и го потопил.

800px-Hawke_-_Olympic_collision.JPG


Титаник имал несреќна средба со санта мраз и среќна средба со оскарите:)
Како и кај сите несреќи така и кај оваа - постојат комбинација на фактори кои предизвикуваат таква трагедија. За жал кога ќе се поклопи таква комбинација на фактори - резултатот е ужасен, несреќен спој на природни околности, некомпетентност, глупост...

Британик, третиот брат, имал исто трагична судбина како и Титаник, потонал во Егејско Море во 1916 кога служел како брод за евакуација за ранети војници, наишол на германска мина...и му се придружил на брата си.

Со два од три брода потонати и третиот за малку - може да се каже дека оваа класа била необично баксузна и поимот `проколната` не би бил премногу претеран.

On the brighter side, Номадик, бродот кој бил изграден да служи како снабдувач и база за поправки на класата Олимпик - сеуште си плови во Франција иако е изграден во 1911. 103 години служба and going strong.

Дека не постојат апсолути и дека има среќа во несреќата - најдобар пример е некоја си Виолет Џесоп која го преживеала сударот на Олимпик со крстосувачот.
И потонувањето на Титаник.
И потонувањето на Британик :pusi
http://en.wikipedia.org/wiki/Violet_Jessop

Бидејќи веројатно е единствената особа која била на сите три брода за време на трите несреќи и ги преживеала сите - или била одечки џинкс кој каде и да се појавел предизвикувал несреќи или била ангел небесен пратен да спаси раја.
Нема инфо дали играла игри на среќа, баш би сакал да знам...:^)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Инаку најголемата трагедија во историјата на поморството се случила на Филипините во 1987 кога траектот Доња Паз потонал при што настрадале 4386 лица што е скоро три пати повеќе отколку на Титаник.


Пред неколку години имаше несреќа во Црвено море каде египетски траект потона и загинаа 1000+ луѓе.
Секако во прашање се мирновременски несреќи, не сметајќи ги воените ситуации, Лузитанија, Вилхелм Густлоф etc. последниов торпедиран од советска подморница при евакуација на немачки бегалци од Источна Прусија потонал со над 10.000 раја :ladno
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Целата фама е околу тоа што цело време се кревало галама дека се прави непотоплив брод и како епилог - потонал уште не згазнат во вода...(facepalm)
Да, @True_Blood ... двата бродови биле потполно идентични. Дури немало ни одделни нацрти за двата. Пишува во мојот пост погоре, Олимпик се викал другиот. Британик бил нијанса поголем, така имам читано во една енциклопедија. Никому не е јасно што се случило. пред скоро гледав на ТВ една емисија каде што се тврдеше дека всушност ноќта настанало фатаморгана како резултат на вливањето на ладната лабрадорска морска струја во топол океан (сепак април било). По пат на измешување на два воздуси со драстично различна температура, настанува пореметување на сликата што се гледа, па така сантата воопшто не се гледала се додека не дошла скоро пред нив...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како се времена мењају (shake)
Сме го гледале филмот Титаник, сме читнале по нешто и знаеме за капетанот Едвард Смит и конструкторот Томас Едвардс кои потонале заедно со бродот иако можеле да се спасат, исто и музичарите кои свиреле до крај да ги смират патниците, децата и жените имаат предност и сите тие ствари.
Можеби реликти на едно друго време, викоријански морал или нешто десетто, не е важно.

Ако се сеќавате пред две години кога круз лајнерот Коста Конкордија почнал да тоне, капетанот прв избегал од бродот. Неговиот `светол` пример го следел и капетанот на траектот Севол во Ј.Кореја кој потона пред неколку дена. Кога бродот почнал да се наведнува на една страна, го задолжил третиот офицер да седи во командната соба и си избегал. Оставил 300+ деца да се удават (facepalm)
Италијанскиот морон од капетан мислам дека го осудија на 20 години робија, а и овој го уапсиле. Мала утеха за настраданите и нивните семејства но подобро од ништо.
Извесно е дека некогашниот морал бил репресивен и идиотски, но имал и позитивни страни, вака излегува дека во денешно време со водата го фрлиле и бебето, со стегите се отфрли и кодексот на честа.

Сепак постојат исклучоци и денес. Капетанот на Баунти (реплика на легендарниот брод од 18.век користен за снимање на филмови) кој потонал пред година и половина, останал до крај се додека сите останати не биле на сигурно и се удавил при потонувањето.
Втората жртва која подлегнала на повредите иако била извлечена од водата, била некоја жена која била потомок на водачот на побунетите морнари на оригиналниот Баунти од пред 220+ години :eek: Бродот кој нејзиниот пра-пра-чукун-чукун-чукун дедо го запалил за да не можат да подлегнат на искушението да се вратат во Англија дошол да ги наплати сметките генерации подоцна. Уф, кое сценарио лежи во ваква прича :x

http://en.wikipedia.org/wiki/Bounty_(1960_ship)

Ако не сте го гледале Баунти, гледајте го, има еден со Ентони Хопкинс и Мел Гибсон и еден постар со Марлон Брандо :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Тоа се вика размислување совреме.
Ако си останеш со бродот ќе бидеш херој, ако киднеш - на копно тебе прв ќе те чапнат за гуша и од тука на доживотна робија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Teresa and diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Прочитав денес дека ке има аукција на која ке биде дадено менито со изборот на јадење на доручек и тоа со почетна цена од околу 80 илјади евра.За доручек на листата имало:овошје,мусли,и уште нешто,но ништо посебно.Баш би сакала да знам кој ке даде толку пари за менито на јадења од потонатиот брод Титаник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Има некој нов документарец кој трае 2 ипол саата ,а се работи за тоа како би изгледала таа трагедија во денешно време ... :^)