1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Потонувањето на Титаник

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Marick14, 27 јули 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Титаник - Најголемиот брод што бил направен во тоа време.

    Титаник бил британски прекуокеански патнички пароброд од класата Олимпик сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.
    Имал носивост од 46.328 бруто-регистарски тони, должина од 269,1м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.
    За време на првото патување, Титаник удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14. април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15. април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.



    Титаник не потонал како што е прикажано во филмот на Џејмс Камерон. Новите истражувања, поновите анализи и откривањето на некои податоци кои немаат никаква врска со поморството, денес покажуваат друга слика на оваа случка и го отвараат прашањето: Дали потонувањето на Титаник е несреќен случај или е намерна саботажа?

    [​IMG]

    Зошто толку големо внимание на медиумите е посветено на овој бродолом, кога имало и поголеми поморски катастрофи?

    Стварно мене ова не ми е јасно.....За мене поверојатно е дека не е несреќен случај.
     
    На The_countess му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Имав гледано еден документарец на не знам која телевизија, ти зборам пред година две.Се збореше дека во бродот имало некој магнат кој држел најголем дел од нафтените полиња во америка.На некој тоа му пречело нели и со добро сценарио по извесно време успеал да се отараси од богаташот, и успат да испоцркаат уште 1000 и кусур луѓе.

    Ама ова е само теорија.

    Интересен е и фактот што на Титаник немало дурбин.
     
    На Aaliyah и Marick14 им се допаѓа ова.
  3. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    По нетов читав дека имало и македонец на бродот
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    И јас негде читав дека имало македонец на бродот. Но сигурно умрел и тој.

    А последниот преживеан (жена) од Титаник почина пред 3-4 години. Даваа и на вести мислам.
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490
    Што и да е вистинската приказна, искрено сега после толку време за мене е небитно.
    Пред се потонувањето на титаник е искористен настан за добар филм. Некој направил убави пари.
    И имам некаде низ темите напишано мислење во врска со титаник - филмот е романтичен и убав, не оспорувам ама никогаш нема да ми надојдат солзи во очите затоа што не сфатливо ми е како би можела да заплачам за типот кој умира а во позадина умираат уште илјадници други деца, мајки, семејства... и тие луѓе се на некого нешто, и тие имаат живот, и љубов и сепак умираат а јас да плачам за Ди Каприо... некако тапа : ) Попрво би плачела за илјадниците други кои премрзнале.
    Според мене може да е несреќен случај и толку галама е кренато баш околу неговото потонување зошто при неговата изградба творителите рака во оган ставале дека нема шанса да потоне, дека е со највисоки стандарди за тогашно време и бла бла... и на крај си потонал :)
     
    На WomanInRed, parvati, Selma и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    За среќа нашиот Стојко преживеал :)
    http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C9A75FE67857894CB5DC21D143D4BC84
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Епа тогаш погрешно сум се информирал. Супер што преживеал. Да имаме и ние некој таков. :biggrin Можам да го замислам кои драми ги преживувал.

    И пак ми мириса на некоја намештаљка. Али и да е така, никогаш нема да се разоткрие.
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Епа ете се видело колку е со највисоки стандарди. Да било така немаше да потоне.
     
    На Марија му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Чудно ми е како до сега не му напраиле споменик на човекот :p
    Бтв и јас мислам дека е намештаљка
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    И тоа кој друг, ако не американците.
     
    На Aaliyah му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: