Последен гледан филм со рецензија

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Јас немав никакво очекување од филмов, а кога го изгледав мислењето за филмот ми беше тапа. Ама тоа е само моето мислење. :)
Јас па го гледав после неколку прочитани мислења дека е катастрофален (вклучувајќи го и твоето на форумов), и баш ми беше чудно после зошто толку негативни критики има.
Секако, Knife, секој со своето мислење. :)

Он-топик... нема он-топик, не се ни сеќавам кој филм последно сум го гледала од што немам време. (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас, од друга страна, баш го препорачувам, мене ми беше доста интересен, а ми се чини дека многу луѓе очекувале некој тежок хорор од филмов, па затоа и се разочарани. Ама секој со својот вкус, па така дури не го видат дечкиве сами нема да знаат дали е добар или лош. :)

И јас се согласувам со тебе, и мене ми беше доста интересен. Филмов повеќе е трилер и ми се допаѓа што случките беа реални, не те тераат ко на типичен хорор да речеш "е да бе, како да не, ова само на филм". И всушност, тешко е да се направи интересен филм на 2 метра дестинација, зошто како што се гледа на сликата, речиси целиот филм се одвива на жичарата.

Он топик: The Sure Thing

The Sure Thing.jpg

Филмов го имам гледано многу одамна на некоја од нашиве телевизии, но пред некој ден го гледав со дечко ми зошто е совршено летно филмче, поточно романтична комедија. :sram Филмот е од 1985 г. и главните улоги ги играат John Cusack и Daphne Zuniga (не ја знам баш глумицава, за разлика од Џон). Отткако најдобриот другар на Волтер кој се наоѓа во Калифорнија, ќе му вети дека ќе му намести една девојка и дека ситуацијата е sure thing, тој ќе се реши од спротивниот брег на Америка, да пропатува до Калифорнија само за да ја запознае таа девојка. Но, за планираното патување, заглавува со девојката од неговата група на факултет, со која не се поднесуваат еден со друг и имаат сосема различни карактери. Таа е мирна и премногу организирана, тој е темпераментен и спонтан. Таа иде во Калифорнија за да се види со дечко и, тој иде за да се запознае со девојката која другар му му ја намести. По пат им се случуваат разни дешавки и пополека, се запонаваат подобро. Го препорачувам филмчево, доста интересно е, а особено ако сте љубители на филмови како Say Anything..., Sixteen Candles, Better Off Dead..., и сл.

 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
И кратка рецензија,срц.Ако сакаме да видиме слика,гугл е тука.Треба да кажиш два три збора за да не заинтересираш да го гледаме филмот :)

Frozen
Ниско буџетен филм, ништо посебно.Се заглавија на жичарата, измрзнаа после беа изедени од волците и така...:rolleyes:

The last stand
Кога цела полиција од ЛА не е во можност да го запре бегството на најголемиот нарко бос, овде е локалниот шериф и неговата екипа да го стори тоа.Инересен филм.
Last_Stand_2013_R0_Custom-front-www.getdvdcovers.com_.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Fast and the Furious

TFATF.jpg

Вчера го фатив на тв и беше супер за потсетување. Ко копиљ ми беше еден од омилените филмови (заедно со двојката), не ми се верува дека излезе пред 12 години. :eek За тие што не го гледале, а сакаат акција и брзи коли, ова е правиот филм. Станува збор за еден цајкан кој ќе биде на тајна мисија и ќе се преправа дека се трка со коли само за да влезе во екипата на најдобри рејсери во Лос Анџелес и да собере доволно информации за нивната нелегална работа и потоа, да ги уапси. Но, отткако ќе ја запознае нивната страна на ситуацијата и ќе се спријатели со нив, ќе почне да се двоуми во неговата првична мисија и на чија страна да застане.

 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
images

Опис: Џек како мал многу се интересирал за џиновите,татко му му читал приказна за џинови,додека на кралството девојче по име Изабела,мајка и и раскажува за џиновите...При една прилика тие двајца се сретнуваат на некоја престава...По 10 години,Џек има 18години,го продал коњот на некој калуѓер,бидејќи калуѓерот нема пари му дава некои гравчиња,и го предупредува во никој случај да не ги намокри....тој секако не верува во тоа.....кога се наведни едно гравче,излезе некое големо дрво.....тој се качува на дрвото да ја спас..Изабела,и тамо ќе ги види чиновите..и така понатаму...
инаку филмот го гледав во кино..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Viktor k

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Chasing Mavericks

Chasing Mavericks.jpg

Филмчево е базирано на вистинска приказна. Нема преувеличување, ниту извртување на приказната. Станува збор за великиот Jay Moriarity (го глуми Jonny Weston) кога на 15 години открива дека митот за постоење на огромните бранови Mavericks е всушност реалност. Во истиот момент ќе си постави за цел да издржи 12 недели тренинг и да го даде најдоброто од себе за да го "јава" легендарниот бран. Еден локален ветеран сурфер Frosty Hessen (го глуми Gerard Butler) се нафаќа да го посвети своето слободно време и да го истренира младиот амбициозен сурфер. Во обид да ги издржи тие напорни 12 недели, Jay се труди да го подобри односот со својата самохрана мајка и да ја освои девојката во која е вљубен цел живот. Интересна приказна за легендарен потфат, но за жал животот на овој сурфер завршува после само 7 години, кога Jay се удавил на Малдивите, ден пред да наполни 23 години.

 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Brass Teapot
Филмов има добра поента ама малку е предвидлив. Главните ликови по една собраќајка ќе украдат еден чајник кој воопштно не е обичен туку волшебен. Тој со секоја болка кај нив создава пари. Ова делува се супер додека на врата не се појават двајца луѓе барајќи го назад. Од друга страна има уште еден човек кој предупредува за неговото проклетство.
Се на се ок филмче за тепање на време и не е ништо посебно 6/10.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
A Haunted House

A Haunted House.jpg

Пародија на Paranormal Activity. Има по некоја смешна дешавка, типичен Marlon Wayans хумор со црнечки заебанции. Последните 30/40 минути ми беа особено тапа. Океј за тепање време, али ништо посебно, очекував многу повеќе.

 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
21 and Over
Добро секој американски тинејџерски филм е поентата ако не се начукаш и издрогираш па не си бил на забавата или не си во шемата воопшто. Приказната веќе видена и предвидлива ко да им снемало идеи патетичен филм кој нема ни К од комедија!
Двајца другари одат во посета на нивниот другар кој му е роденден сите не се виделе долго време , па решаваат да го прослават роденденот така што ќе ги посетат сите барови. Како ќе се пијанчат ќе навлезат во разни неволји.
Режисерот е истиот од мамурлук така што приказната многу наликува на таа со мали измени. Искрено не ми се допадна не вреди да се гледа.
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Remember, remember, the 5th of November... :svirka (се уште ми се врти во глава)

V for Vendetta
Филм кој зборува за одмаздата, за идејата за подобро утре, за обединувањето, за борба против неправилности, борба против владата.
Дејството се случува во Лондон, за време на граѓанската војна во Америка.
Јунакот V е човек кој изгубил се', живее само за одмазда и со терористички напади се обидува да ја подигне свеста на народот и да ги натера сите да се ослободат од стравот и да се борат за слободата која ја заслужуваат. Сака преку хаос да ја доведе власта до пропаст.
Моќно сценарио, прекрасно оформени ликови, феноменален филм.
Само Портман не ми се допадна во цел филм, премногу е лигава за оваа улога.
Одамна немав гледано толку добар филм. Оцена: 9/10