Последен гледан филм со рецензија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
По индиректна препорака од DarkPassenger го глеав „The art of passing by". Главниот лик живее на линија на помал отпор, каде оберучке го има прифатено животот таков каков што е, без притоа да се обиде да промени нешто околу тоа. Иако клише приказна, сепак е опишана на некој едноставен но и уникатен начин. Далеку од оноа што би се рекло класик тинејџ муви, ова повеќе би го ставил као mood boost филмче. Од мене има една 8ца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Еве уште една тинејџерска драма за која вреди да се издвојат два часа: The Perks of being a Wallflower. (базирана на истоимената новела)
Оригинална приказна во која се работи за еден срамежлив тип со необично минато, кој пробувајќи да се вклопи во новата средношколска средина ги освојува симпатиите на Патрик и неговата полусестра Сем (Emma Watson). При влез во нивното друштво се запознава со несекојдневни личности со различни карактери. Другарувањето со нив ќе му помогне да го погледне животот од друга, светла страна и да се ослободи од траумите и товарот на сеќавањата од детството.
Оцена: 8/10.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Pitch Perfect - група девојки од колеџот се трудат да станат успешни во тој правец на пеење и изведба, но некако тешко им оди, затоа секој пат се појавува некоја нова личност во улога на спасител. Мјузикал и комедија, ок филм ама ништо посебно.
pitch-perfect-dvd.jpg
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Loosies

Според трајлерот очекував добар крими филм ама ова искочи драма и романса. Боб е џепчија кој работи за да го оплати стариот коцкарски долг на татко му. Се ќе се промени кога еден ден ќе украде актовка од еден плицаец со негвата значка , а една девојка по име Луси ќе му соопшти дека е бремена од него. Потоа филмот тргнува во друга драматично љубовна насока. Добар е за тепање време но не е ништо посебно. Од мене има 5/10
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
La senda - трилер, мистерија малку како хорор. Све се случува кога едно семејство заминува неколку дена на одмор каде треба да го прослават Божик, но за жал нема да се вратат назад. Малку не го разбрав филмот, ама ќе си го разјаснам накнадно.
La_senda-126493267-large.jpg
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
И кратка рецензија,срц.Ако сакаме да видиме слика,гугл е тука.Треба да кажиш два три збора за да не заинтересираш да го гледаме филмот :)
Ја ти давам друже негативна критика за филмов. Еден од најглупите филмови што сум ги гледал у живот. Го гледав пред 2, 3 години кога излезе. Приказната нешто беше како група на пријатели одат на скијање и се качуваат на жичара и одеднаш жичарата се стопира, мислам петок навечер беше и до недела нема никој. Пријателите прават обиди да избегаат од жичарата. Погледни си трејлер или некоја рецензија на англиски, па тогаш види дали ќе го гледаш филмов. Ја не го препорачувам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Badgirl

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ја ти давам друже негативна критика за филмов. Еден од најглупите филмови што сум ги гледал у живот. Го гледав пред 2, 3 години кога излезе. Приказната нешто беше како група на пријатели одат на скијање и се качуваат на жичара и одеднаш жичарата се стопира, мислам петок навечер беше и до недела нема никој. Пријателите прават обиди да избегаат од жичарата. Погледни си трејлер или некоја рецензија на англиски, па тогаш види дали ќе го гледаш филмов. Ја не го препорачувам. :)
Јас, од друга страна, баш го препорачувам, мене ми беше доста интересен, а ми се чини дека многу луѓе очекувале некој тежок хорор од филмов, па затоа и се разочарани. Ама секој со својот вкус, па така дури не го видат дечкиве сами нема да знаат дали е добар или лош. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Јас, од друга страна, баш го препорачувам, мене ми беше доста интересен, а ми се чини дека многу луѓе очекувале некој тежок хорор од филмов, па затоа и се разочарани. Ама секој со својот вкус, па така дури не го видат дечкиве сами нема да знаат дали е добар или лош. :)
Јас немав никакво очекување од филмов, а кога го изгледав мислењето за филмот ми беше тапа. Ама тоа е само моето мислење. :)